Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
По фантастичниот меѓународен успех со романот „Засолниште во времето“ како и по многуте гостувања и промоции ширум Европа, реномираниот бугарски писател, поет и драматург Георги Господинов доаѓа во Скопје. Настанот кој е во организација на ЈУ Младински културен центар во соработка со издавчката куќа “Или – Или” ќе се одржи вечерва, 1 декември во кино Фросина во 21 часот. Романот, кој излезе од печат кон крајот на минатата година, претставува двестота, јубилејна книга во популарната едиција „ПРОаЗА“ на „ИЛИ-ИЛИ“. Преводот од бугарски на македонски јазик е на Душко Крстевски, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата…
Ана Василевска Кој ќе одлучува за употреба на спорни имиња на Здруженијата на граѓани како оние „Ванчо Михајлов“, „Цар Борис Трети“ и натаму е неизвесно, иако изминува еден месец откако беа донесени одлуките за нова регулатива на Законот. Воедно, додека не биде оформена Комисијата не може да се очекува ниту предлог за промена на имињата на некои од постоечките здруженија. Според законските измени оваа Комисија треба да даде предлог за преименување до здруженијата за кои ќе констатира дека имаат несоодветни имиња. Здруженијата на кои ќе им биде доставена оваа одлука, ќе имаат рок од три месеци да се преименуваат во…
По низата контроверзи во политичката сфера, Австралија денеска усвои закон за создавање национална организација со широки овластувања за следење на чесноста на членовите на Парламентот. „Овој долгоочекуван ден е победа на интегритетот, одговорноста и чесноста“, изјави премиерот Ентони Албанесе, кој на легислативата гледа како средство за враќање на довербата на јавноста. Искреноста на политичарите беше главна тема во кампањата за изборите во мај, по серијата скандали поврзани со трошењето државни пари, случаите на кинеско политичко мешање и влијанието на бизнисот со видео-игри. Парламентот вчера му изгласа недоверба на поранешниот премиер Скот Морисон, кој тајно се назначи за раководител на голем…
Европска комисија денеска објави дека предложила план за конфискација на руски средства што се замрзнати за да се казни Москва за нејзината инвазија врз Украина. „Блокиравме 300 милијарди евра, резерви на руската Централна банка и замрзнавме 19 милијарди евра пари на руските олигарси, изјави претседателката на ЕК“, Урсула фон дер Лајен. Според неа, ЕУ и нејзините партнери би можеле краткорочно да управуваат со овие средства и да ги инвестираат. Приходите ќе одат во Украина за да се компензира штетата предизвикана од војната. „Ќе работиме на постигнување меѓународен договор со нашите партнери за да се овозможи тоа. Заедно можеме да најдеме…
Владата одлучи најтранспарентно да одлучува за производството и набавката на електрична енергија и ги повикувам сите чинители внимателно да ги следат податоците, рече премиерот Димитар Ковачевски при посетата на Кавадарци. Тој воедно кажа дека е обезбедено затоплување за сите жители на Скопје. „Лажна вест е дека Скопје нема да остане без греење, тоа не е точно, бидејќи ЕСМ пред само три дена направи договор со Макпетрол и обезбеди гас за цел декември. Исто така, топланите денеска потпишуваат договор со ЕСМ, па ЕСМ ќе го преземе и затоплувањето во Чаир и Бутел“, рече премиерот. Тој додаде дека ќе се намалува увозот…
Во Србија, во текот на 2021 година, повеќе од 8.000 деца биле изложени на семејно насилство, предупреди денеска мисијата на УНИЦЕФ и оцени дека зголемувањето на бројот на пријавени случаи на врсничко насилство и насилство врз учениците е „добар чекор“ кон решавање на проблемот, пренесе Бета. Во соопштението тие побараа законска забрана за физичко казнување на децата, наведувајќи дека околу 45 отсто од децата во Србија се „насилно дисциплинирани дома“. „Како и со сите други форми на насилство, насилството меѓу врсниците е резултат на модели на однесување кои се научени или поддржани во други средини, пред се во семејството, но…
Со цел да се зачуваат делата на македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица, кој ова година наполни 90 години, поставена е интернет платформа (https://ljubomirbrangjolica.wixsite.com/brangjolica), на која се сместени негови дела во дигитална форма. Идејата на авторот на овој проект, Андреј Блажевски, е евидентирање и трајно зачувување на материјалните партитури во дигитален формат, коешто е направено преку процесот “фото-дигитализација“, со цел тие да бидат трајно зачувани, а со тоа и да се отстрани ризикот од нивното евентуално губење, или само-уништување, што подразбира распаѓање на самиот материјал на кој што се напишани, а тоа е хартијата. „Со изработка на специјалната архива за самиот композитор,…
Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски денеска од 16:30 часот и в петок (2 декември) од 14 часот ќе биде прикажан во меѓународната селекција на 40-тиот филмски фестивал „Tous Courts“ во Екс-ан-Прованс, Франција. Како што соопшти „Сузи Кју продукција“, филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм и досега има освоено шест награди на различни меѓународни фестивали за краткометражни филмови и е во селекција на уште 16 меѓународни фестивали во САД, Канада, Франција, Германија, Албанија, Италија, Парагвај, Турција, Романија и Аргентина. Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски…
Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денеска одобрија укинување на визниот режим за Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година. Како што е најавено во Брисел, амбасадорите на земјите – членки на ЕУ денеска договорија преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз основа на кој претседателот на ЕУ ќе ги започне преговорите со Европскиот парламент. Денеска направивме важен чекор кон безвизно патување за Косово и се надеваме дека брзо ќе постигнеме договор со Европскиот парламент за да го претвориме ова ветување во реалност, се вели во соопштението на Советот на ЕУ. „Либерализацијата на визниот режим беше…
Ако секој ја преземе одговорноста и ако ги оставиме партиските интереси, 2030 е достижна година за членство во ЕУ Пишува: Зоран Бојаровски На 23 ноември оваа година, со 502 гласа „за“, 75 „против“ и со 62 воздржани, Европскиот парламент ја усвои Резозлуцијата за стратегијата за следното проширување на ЕУ , којашто ја презентираше европратеникот Тонино Пицула. Резолуцијата, која доаѓа од извештајот за подготовка на новата стратегија за проширување на ЕУ, ги повикува Европската Комисија и Европскиот Совет „преговорите за пристапување (во членство) да завршат до крајот на 2030 година“, и дека „проширувањето треба да остане отворен проект со прецизен дедлајн“…
Четвртиот циклус на истражување во рамките на програмата Нова писменост покажува дека индексот на медиумска писменост на српските граѓани е највисок во изминатите три години и моментално изнесува 3,97 од идеалните шест, објави Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и „Пропулсион“. Како што јави Бета, индексот на дигитална писменост бележи пад во однос на претходниот циклус на истражување и оти сега изнесува 10,68 од максимални 15. Од сите медиуми, српските граѓаните најмногу време поминуваат на социјалните мрежи, околу 100 минути дневно, 57 минути слушајќи радио и 28 минути дневно посветуваат на печатот, покажуваат резултатите од истражувањето. Истражувањето го спроведе Центарот…
Косовскиот премиер, Албин Курти ќе се соочи денеска со пратениците во републичкото Собрание на интерпелација свикана поради „ургентните мерки на Владата во однос на состојбата во земјата“, јави дописникот на МИА од Приштина. Конкретно, интерпелацијата е побарана од опозицијата по ситуацијата создадена на косовскиот север, населен со мнозинско етничко српско население, поради нелегалните регистерски таблички издадени од Србија. Пленарната седница е закажана за во 11.30 часот. Минатата недела беше постигнат договор меѓу Приштина и Белград, со кој Косово се обврза да не ги казнува граѓаните кои не ги смениле српските со косовски таблички, а Србија да не издава повеќе траблички…