Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преименувањето на „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ чека на Комисија

0
By Ана Василевска on November 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 30, 2022 14:42
Ана Василевска
Кој ќе одлучува за употреба на спорни имиња на Здруженијата на граѓани како оние „Ванчо Михајлов“, „Цар Борис Трети“ и натаму е неизвесно, иако изминува еден месец откако беа донесени одлуките за нова регулатива на Законот. Воедно, додека не биде оформена Комисијата не може да се очекува ниту предлог за промена на имињата на некои од постоечките здруженија.
Според законските измени оваа Комисија треба да даде предлог за преименување до здруженијата за кои ќе констатира дека имаат несоодветни имиња. Здруженијата на кои ќе им биде доставена оваа одлука, ќе имаат рок од три месеци да се преименуваат во Централниот регистар на РСМ, во спротивно ќе бидат избришани.
Иако, за измените на овој Закон како и итно спроведување на регулативите, имаше кворум меѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владата нема донесено одлука за формирање на Комисијата за употреба на имиња. Институциите-предлагачи не доставиле номинации до Владата.
„Согласно членот 9а од Законот за Здруженија и фондации (се однесува на употребата на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност и според кој согласност за тоа треба да даде министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности), Владата нема донесено одлука за формирање на Комисијата, бидејќи институциите сѐ уште ги немаат доставено номинациите“, одговорија за НоваТВ од Владата.
Комисијата согласно законот треба да има пет члена и тоа: еден член од Министерството за правда, на предлог од министерот за правда, еден член од Министерството за култура, на предлог од министерот за култура, еден член од Институтот за национална историја, и два члена од Македонската Академија на науките и уметностите.

Работната група пак која е формирана од Министерството за правда интензивно работи на новиот Закон за здруженија и фондации. Со предлог-законот ќе се доуредат условите врз основа на кои ќе може да се регистрира здружение. Се работи на подготовка на Законот, а се очекуваше до крајот на октомври да биде објавен на ЕНЕР каде што сите заинтересирани лица ќе можат да дадат свои мислења, забелешки и сугестии. Ќе следува и одржување јавни расправи. Целта на измените на законот е подобрување на правната рамка во делот на одредбите кои се однесуваат на регистрација на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации, како и начинот на нивно финансирање.

Новиот закон освен овие ќе содржи повеќе измени, кои се однесуваат дополнително на делот за именувањето на Здруженијата.

Ова веќе беше соопштено од Министерството за правда на 7 октомври, дента кога беше отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Измените на Законот треба да донесат итно решение со цел да се спречи евентуално отворање нови здруженија со спорни имиња, како што тоа беше случај со здруженијата „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Според нив, затоа се оди со ова решение, преку пратениците по скратена постапка да се донесат измени во актуелниот, односно постојниот закон со кој ќе се превенираат ситуации, какви што имавме неодамна.

Овој Закон важи за еден од оние каде што СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ“ имаат синхронизиран став како „отпор кон фашизмот“.

Инаку, работната група на Министерството за правда е формирана уште во март оваа година.

Според материјалот доставен до Собранието, ВМРО-ДПМНЕ во измените на Законот предлага измена на ставот 2 од членот 4 на актуелниот Закон и тој да гласи:

„Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица“,

Во членот 8 се додава нов став 4 кој гласи: „Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по било кој основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх.“

„Организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ 52/10, 135/11 и 55/16) се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар на РСМ. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ 52/10, 135/11 и 55/16) кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите,во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон“.

Се очекува во наредниот период конечно да се формира собраниската Комисија и законското решение најпосле да биде достапно за јавноста и да превенира натамошни ескалации со „спорните“ имиња.

 

Влада Закон за здруженија и фондации комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.