Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МКД во ЕУ во 2030: Реалност или преоптимистично очекување

0
By Ана Василевска on November 30, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 30, 2022 10:40

Ако секој ја преземе одговорноста и ако ги оставиме партиските интереси, 2030 е достижна година за членство во ЕУ

Пишува: Зоран Бојаровски

На 23 ноември оваа година, со 502 гласа „за“, 75 „против“ и со 62 воздржани, Европскиот парламент ја усвои Резозлуцијата за стратегијата за следното проширување на ЕУ , којашто ја презентираше европратеникот Тонино Пицула.

Резолуцијата, која доаѓа од извештајот за подготовка на новата стратегија за проширување на ЕУ, ги повикува Европската Комисија и Европскиот Совет „преговорите за пристапување (во членство) да завршат до крајот на 2030 година“, и дека „проширувањето треба да остане отворен проект со прецизен дедлајн“ доколку ЕУ сака да остане важен геополитички играч на глобалната политичка сцена.

Оваа Резолуција на Европскиот Парламент во голема мерка се совпаѓа со изјавата на премиерот Димитар Ковачевски на почетокот на септември дека е поставена цел „земјата да стане членка на ЕУ до 2030 година“, кога соопшти дека главен преговарач на Северна Македонија за пристапување во Европската Унија ќе биде вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

„Целта ни е да ги завршиме преговорите во 2030 година. Тоа е реално и достижно. Сигурен сум дека во следното проширување на ЕУ ќе биде и Македонија“, рече тогаш Ковачевски.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, веста за резолуцијата на Европскиот Парламент ја доби во авион на релација Скопје-Брисел, на која стана редовен патник за да ги рефереира во институциите на ЕУ усогласните регулативи на нашата земја со оние на унијата, и веднаш ја поздрави на социјалните мрежи оваа значајна одлука на европратениците.

„2030 е реално време за спроведување на демократските реформи, одржлив напредок на земјата и постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ“, напиша по тој повод Маричиќ.

Во изјава за Цивилмедиа за оваа анализа вицепремиерот и главниот преговарач на нашата земја со ЕУ Бојан Маричиќ вели дека е „поставена амбициозна цел, но 2030 е достижна година за наше членство во Европската Унија и тоа значи дека имаме искрена и јасна намера успешно да го завршиме процесот“.

„Усвојувањето на Резолуцијата на Европскиот Парламент за проширување на Унијата, во кој 2030 е земена како година на следно проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, значи дека и за европските институции 2030 е реален датум кога земјите преговарачи со ЕУ може да се приклучат во големото европско семејство“, изјави Маричиќ за Цивилмедиа.

Вицепремиерот одговорен за европски прашања вели дека постојаните пораки кои доаѓаат од високите европски претставници и постојаните посети на Северна Македонија од страна на високи претставници на држави членки, се доволен показател дека поддршката ја имаме и овој моментум мораме мудро да го искористиме, и дека мораме да имаме политички консензус кога се работи за правецот на движење на државата и европската перспектива.

„Секој да се постави одговорно кон оваа државна задача и да ги надминеме партиските разлики. Владата ќе го води процесот инклузивно и транспарентно и очекуваме сите да се на ниво на својата задача. Најповеќе очекувам да покаже проактивност Националниот совет за европски интеграции и да ја преземе својата одговорност особено во реализацијата на реформската законодавна агенда. Сега, кога немаме никакви пречки од надвор, навистина би било нелогично сами да се блокираме“, изјави за Цивилмедиа Маричиќ.

И претседателот на СР Германија Франк-Валтер Штајнмаер на прес конференцијата за новинарите за време на неговата официјална посета на нашата земја потврди дека Северна Македонија го доби „заслуженото место во новиот пакет за проширување на ЕУ“, иако, сосема очекувано за еден шеф на држава, беше воздржан да ја прогнозира 2030 како година за членство. Сепак, порача дека земјата е на добар пат и дека фокусот на политичките елити во регионот треба да биде на иднината, а не на минатото, и не заборави да потсети дека тој пристап даде резултати кои се остварија благодарение на Преспанскиот договор.

Украина го врати проширувањето на ЕУ во преден план

Симонида Кацарска, директорката на Институтот за европска политика, за Цивилмедиа изјави дека „дискусиите за иднината на процесот на проширувањето несомнено се вратија во преден план по руската агресија врз Украина и оваа резолуција на ЕП треба да се гледа во тоа светло“.
Европскиот Парламент, вели Кацарска, отсекогаш бил поддржувач на процесот на проширување и во тој контекст не изненадува нивниот повик да се завршат преговорите за членство до 2030, слично како и целта на нашата Влада.

„Од една страна ако ги погледнеме Црна Гора и Србија и темпото со кое тие се движат, оваа цел може да изгледа недостижна, но ако споредиме со земјите кои пристапија во ЕУ во првата или втората декада на овој век, тогаш целта би требало да биде остварлива. Остварливоста зависи од нашиот внатрешен капацитет да одговориме на предизвиците на преговорите, но и подготвеноста на Комисијата и земјите членки да го движат процесот напред. И двете овие состојки за жал недостасуваа во минатите години“, вели директорката на на Институтот за европска политика Кацарска.

Кацарска нагласува дека дома е „неопходно е да се изгради консензус за пристапниот процес што несомнено е тешко, но без него веројатно целта за 2030-та година е недостижна“.

Во разговорот за Цивилмедиа на темата дали е реална целта 2030 да биде годината кога ќе завршат преговорите со Брисел со членство во ЕУ, поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески истакна дека иако политиката не е сѐ, во ЕУ сѐ, па така треба да се гледа и на ова прашање.

„Променетата геополитика после руската агресија врз Украина го стави во преден план проширувањето на Унијата за јакнење на нејзината безбедност наспроти руската опасност, и оттаму новата политичка состојба во Европа може драстично да ги намали временските интервали неопходни за членство и повторно да ја активира брзата лента за прием“, вели Малески.

На прашањето за тоа кои би биле пораките за Владата и за опозицијата за тоа дали можеме 2030 да ја маркираме како временска одредница за членство во ЕУ, Малески не упати на неговата колумна „Членство на Македонија во ЕУ за 5 години“.

„Не знам за друг пример на земја во која политичките партии не успеале да постигнат некаква согласност околу приемот во ЕУ. Не знам за пример во кој власта без соработка со опозицијата успеала да стаса до членство. Зашто, ова не е одлука за влез во ЕУ туку согласност меѓу партиите за взаемна повеќегодишна соработка до влезот на државата во ЕУ. Се разбира, демократијата е систем кој дава легитимитет на несогласувањето. Но, на политичарите е да знаат до каде ќе одат во таквото несогласување. Има безброј примери во светот на такви кои побргу ќе ја уништат својата земја отколку да попуштат. И споротивно“, напиша Малески, и дополни дека опозицијата е наивна ако верува дека на предвремени избори ќе добие мнозинство пратеници и дека така ќе се избори за поправеден договор со Бугарија и со ЕУ.

Она што е особено интересно во заклучоците на Европскиот парламент, освен препораката пристапните преговори да завршат до крајот на 2030 година, е и насоката за Европската Комисија и Европскиот Совет да се усвои предлогот за гласање со квалификувано мнозинство во областите релевантни за процесот на пристапување со цел да избегнат билатерални спорови како алатка за блокирање.

Извор/ Цивил медиа

влез во ЕУ Европска комисија Европски Совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.