Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реномираниот бугарски писател Георги Господинов во Скопје

0
By Ана Василевска on December 1, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Нова книга на Георги Господинов
Нова книга на Георги Господинов
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 1, 2022 10:04

По фантастичниот меѓународен успех со романот „Засолниште во времето“ како и по многуте гостувања и промоции ширум Европа, реномираниот бугарски писател, поет и драматург Георги Господинов доаѓа во Скопје.

Настанот кој е во организација на ЈУ Младински културен центар во соработка со издавчката куќа “Или – Или”  ќе се одржи вечерва, 1 декември во кино Фросина во 21 часот.

Романот, кој излезе од печат кон крајот на минатата година, претставува двестота, јубилејна книга во популарната едиција „ПРОаЗА“ на „ИЛИ-ИЛИ“. Преводот од бугарски на македонски јазик е на Душко Крстевски, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата е дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Како еден од најчитаните автори од преводната литература, романите на Господинов „Физика на тагата“, „Природен роман“ како и збирките раскази „И се’ стана месечина“ и „Сите наши тела“ се меѓу најкоментираните и најомилените меѓу домашната читателска публика.

“Непрекинато произведуваме минато. Ние сме фабрики за минато. Живи машини за минато, што друго. Јадеме и произведуваме минато. Дури и смртта не е решение. Човекот си отишол, а минатото му останало.Каде оди после сето тоа лично минато? Го купува ли некој, го собира ли, го исфрла ли? Или ќе се тркала како стар весник, потфрлан од ветрот по улицата. Каде одат сите оние започнати и недовршени приказни што уште крвават, сите оставени љубовници, „оставени“ – зборот не е случаен, касапски збор” – вели Господинов во “Засолниште во времето”.

Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: „Природен роман“(Темплум, Или-Или), „И други приказни“ (Темплум), збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), како и неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“ (Или-Или, 2015) , и збирките раскази „И сè стана месечина“ (Или-Или, 2017) , „Сите наши тела“ (Или-Или, 2019).

Дискусијата со авторот ќе ја модерира Дарин Ангеловски, додека официјални промотоерки на романот вечерта се Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска.По промоцијата следи неформална дружба со Господинов во фоајето на МКЦ.

Георги Господинов Нова книга Промоција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.