Author: Ана Василевска

Владина делегација составена од Филип Николоски заменик министер за финансии, Роберт Алаѓозовски национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Беким Реџепи заменик-министер за транспорт и врски, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод одбележувањето на 23-ти Октомври – Ден на македонската револуционерна борба. „Република Северна Македонија денеска го чествува „23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“ во знак на сеќавање на денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација која ја понесе борбата за остварување на вековниот идеал на македонскиот народ, за…

Read More

Коалициските владејачки партии, Српската напредна странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) денес одржуваат состаноци на претседателствата на своите партии на кои ќе се одредат имињата за министри во новата српска влада на мандатарката Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград. По состанокот на претседателството на СПС, оваа партија го прифати договорот со кој лидерот на партијата Ивица Дачиќ го постигна со претседателот на СНС Александар Вучиќ за состав на новата влада. Според одлуките, во идната српска влада СПС ќе има 5 министерски места и тоа, старо нов министер за образование ќе биде Бранко Ружиќ, Ивица Дачиќ ќе…

Read More

Денеска во Црна Гора се одржуваат локални избори, а освен граѓаните на Подгорица, локалната власт ќе ја изберат и граѓаните на Бијело Поље, Бар, Будва, Даниловград, Жабљак, Зета, Колашин, Пљевља, Плав, Плужине, Рожај, Тиват и Шавник. Право на глас имаат околу 345.000 гласачи, што е околу 64 отсто од вкупното избирачко тело во државата, учествуваат околу 100 изборни листи, а се избираат 481 советник. Локалните избори се одржуваат во време кога Уставниот суд е блокиран, владата е со технички мандат, а во процедура е и иницијативата за разрешување на Мило Ѓукановиќ од функцијата претседател на Црна Гора. Изборите во Подгорица и уште 13 општини ќе бидат…

Read More

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Пример за тоа како функционира руската пропаганда е веста дека „руската армија уништила баталјон од украински војници кој бил опремен со македонски и словенечки тенкови“. Веста, целосно и без неопходната проверка, ја пренесоа голем број македонски медиуми.

Read More

„Северна Македонија е умерено подготвена во областа на образованието и културата. Културното наследство во земјава не е доволно заштитено, ниту унапредено. Постои недостаток на меѓуниституционална соработка во врска со заштитата на културното наследство, како и спречување на дивоградби“, се нотира во Извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата држава. Во документот исто така се нагласува дека препораките од минатогодишниот извештај беа само делумно усвоени. Продолжува несоодветната заштита на културните наследства заштитени со Закон, како што се Охрид и Старата скопска чаршија. „Предлогот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство е повлечен од собраниска процедура, а дополнително,…

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден, се наведува во честитката од Пендаровски, се потсетуваме на храбрите млади луѓе кои, не можејќи да се помират со тешката состојба на обесправениот македонски народ, во 1893-та година ја формираа Македонската револуционерна организација. Инспирирани од оваа идеја, генерации родољуби се вклучија во долгата борба за слободна македонска република, втемелена врз идеалите на правда, слобода и достоинствен живот во која ќе има место за секој маж и жена, независно од народност, јазик и вера. Таа храбра визија што ги…

Read More

Зелена читанка“ е нова публикација на ЦИВИЛ, чија цел е, на лесно разбирлив начин да се придонесе кон подобрување на нивото на знаење и зајакнување на јавната свест за зелените прашања и зелените вредности. Публикацијата произлезе од истоимениот проект кој го спроведува организациската единица Зелен Цивил, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел. Насловна страница на „Зелена читанка“ на македонски Главните цели на проектот „Зелена читанка“ беше развој на ресурсите и граѓанска едукација засновани на факти за зелените прашања и зелените вредности. И проектот и самата публикација се придонес кон развојот на зелените политики и практики. Читанката е наменета за широк спектар на…

Read More

Христијан Мицкоски денес излезе со дијаметрално спротивен став од тој што го презентираше пред само три месеци во врска со обврската која ја има земјава да изврши уставни измени и да внесе други народи во Преамбулата. Изминатите три месеци, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со остро противење на уставните измени креираа дополнителни поделби во македонското општество, за денес опозицискиот лидер да излезе со став дека бараат гаранции од ЕУ дека нема да има ново вето за да ги поддржат уставните измени. Тој дури и ги натера неговите пратеници да потпишат изјави на нотар дека нема да гласаат за уставните измени и дури…

Read More

Орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот. Списокот со имињата на кои Зеленски им додели Орден „Јарослав Мудриот“ може да се прочита на службената страница на украинското претседателство. Џафери во април 2022 година ја посети Украина, со цел да ја потврди општата определба на државата да ја поддржи Украина и украинскиот народ, при што напомена дека физичкото присуство во оваа држава значи и лична, но и институционална поддршка на напорите на ункраинските институции да го врати мирот и контролата врз…

Read More

Повеќе од еден и пол милион корисници на компаниите за дистрибуција на електрична енергија во Украина се без струја по руските напади врз инфраструктурата на земјата, соопшти денеска Кирило Тимошенко, заменик-шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски. „Во овој момент, 672.000 претплатници се без струја во регионот Хмелницки, 188.400 – во регионот на Миколаев, 102.000 – во регионот Волин, 242.000 – во Черкасискиот регион, 174.790 – во регионот Ривне, регионот О, 3, регионот – 610, 5,000 и 6109. “, прецизира Тимошенко во објава на социјалните мрежи. Тоа значи дека вкупно над 1,4 милиони корисници се без струја по уште една…

Read More

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска беше со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров. Како што информираат од СДСМ, на пазарот во Ѓорче, Ковачевски директно им се заблагодари на пазарџиите и македонските земјоделци кои секојдневно работат неуморно за граѓаните да имаат свежи и убаво домашно овошје и зеленчук. „Годинава голем фокус ставаме на зголемувањето на домашното производство на храна. Нашите јаболки се највкусни, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар, убавата и вкусна македонска храна е наше богатство. Нашата татковина има сонце, вода, плодна почва, ги има сите потребни ресурси, а ние, даваме целосна поддршка на земјоделците за…

Read More

Руските сепаратистички власти денеска наредија итна евакуација на градот Херсон поради напредокот на украинската контраофанзива. Во објава на Телеграм, регионалните власти ги повикаа цивилите да се евакуираат со брод преку реката Дњепар. На тој начин тие би се повлекле подлабоко на територијата што ја контролира Русија бидејќи, како што се наведува, ситуацијата на фронтот е напната. Администрацијата во Херсон, блиска до Кремљ, исто така објави дека се очекуваат бомбашки напади и „терористички напади“ од Киев. Херсон е под руска контрола речиси од почетокот на инвазијата. Тоа е еден од регионите што минатиот месец беше припоен кон Русија со нелегитимен референдум.

Read More