Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Грижата за заштита на културното наследство е несоодветна, да се спречат дивоградбите во Охрид и Старата скопска чаршија

0
By Ана Василевска on October 23, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Охрид
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 23, 2022 11:07

„Северна Македонија е умерено подготвена во областа на образованието и културата. Културното наследство во земјава не е доволно заштитено, ниту унапредено. Постои недостаток на меѓуниституционална соработка во врска со заштитата на културното наследство, како и спречување на дивоградби“, се нотира во Извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата држава.

Во документот исто така се нагласува дека препораките од минатогодишниот извештај беа само делумно усвоени. Продолжува несоодветната заштита на културните наследства заштитени со Закон, како што се Охрид и Старата скопска чаршија.

„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство е повлечен од собраниска процедура, а дополнително, одложена е и ревизија на националната Стратегијата за заштита на културното наследство“, се потенцира во извештајот на ЕК.

Исто така, како што се наведува во документот на ЕК, државата не издвојува доволно средства од буџетот за Националната стратегија за развој на културата 2018-2022 година, а културните работници се незадоволни во врска со исплатата на средства од годишната програма за проекти, поради недостиг на транспарентност во одобрување на грантовите.

Европската комисија нотира дека се потребни реформи во Министерството за култура, кои ќе се прилагодат на новите културни практики, на растот на културните и креативните индустрии, но и на влијанието на дигиталните технологии.

Од друга страна пак, во Извештајот се нотира дека е задоволителна бројката на корисници на програмата „Креативна Европа“, која брои вкупно 24 проекти од периодот 2020-2021 година.

Во однос на развојот на младински политики, во Извештајот се потенцира дека Агенцијата за млади и спорт одржува регистар на младински организации во кој се регистрирани 80 организации.

Агенцијата исто така има донесно Правилник за стандардизација на младите, и го поддржува отворањето на четири младински центри, кои обезбедуваат технички помош и опрема.

Европска комисија Завод за заштита на културно наследство Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.