Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски во Ѓорче Петров: Обезбедивме храна, струја и енергенси, ги помагаме ранливите во време на криза

0
By Ана Василевска on October 22, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 22, 2022 17:27
Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска беше со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров.
Како што информираат од СДСМ, на пазарот во Ѓорче, Ковачевски директно им се заблагодари на пазарџиите и македонските земјоделци кои секојдневно работат неуморно за граѓаните да имаат свежи и убаво домашно овошје и зеленчук.
„Годинава голем фокус ставаме на зголемувањето на домашното производство на храна. Нашите јаболки се највкусни, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар, убавата и вкусна македонска храна е наше богатство. Нашата татковина има сонце, вода, плодна почва, ги има сите потребни ресурси, а ние, даваме целосна поддршка на земјоделците за најпрво да им помогнеме работата да им се развива по нагорна линија, но и за да обезбедиме доволно храна за целата држава во оваа голема криза во која живееме“, рече Ковачевски.
„Претседателот Ковачевски рече дека има голема почит за трудот на земјоделците и дека Владата веќе воведе нов модел за финансиска поддршка на земјоделството со кој ги мотивираме да произведуваат повеќе храна.  Од модел на субвенции, капитални инвестиции, советодавни услуги, па се до европски фондови и вложување во човечки ресурси“, стои во соопштението.
Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, додаде дека владата којашто ја предводи навреме презеде соодветни мерки за обезбедување храна, струја и енергенси и за заштита на стандардот на граѓаните, на ранливите и на компаниите.
„Го максимализиравме производството на струја од домашните капацитети, постојано го зголемуваме домашното производство и вклучуваме нови капацитети. Реализираме два пакети антикризни мерки од 700 милиони евра. Струјата за граѓаните ја субвенционира, ја плаќа државата, во висина од 80%, како и за 72.000 компании. Подготвени сме за соочување со сите предизвици никој нема да биде оставен сам, заедно ќе успееме“, рече Ковачевски.
По средбите со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров претседателот на СДСМ ќе одржи и работен состанок со членовите и симпатизерите на СДСМ од оваа населба во локалното седиште на партијата.
Димитар Ковачевски ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ОПШТИНА СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.