Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне зборуваше за трансферите на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ и на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, а потоа и во Манчестер јунајтед. -Сите загубивме од заминувањето на Меси и Роналдо од лигата. Го дадоа својот максимум 100 проценти многу години, играјќи за своите тимови во шпанското првенство. Лигата мора да расте и да се развива без нив. Мислам дека темпото на шпанскиот фудбал опадна, го цитира Симеоне„ Ел Паис“. По осум кола од шпанското првенство, Барселона е на 9. место со 12 бода, Реал Мадрид со 17 бода е во водство во…
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека постојат „непобитни докази“ дека „паралелна структура“ во Министерството за внатрешни работи (МВР) сакала да го искористи случајот Јовањица и сопственикот на фармата каде беа пронајдени тони марихуана Предраг Колувија, за уривање на претседателот Александар Вучиќ. Таа оцени дека странските безбедносни служби се „очигледно“ вклучени во аферата Јовањица, но и „дел од политичката опозиција“, на која, според неа, им било било овозможено во секое време да го коментираат случајот и да презентираат наводни докази. -Страшно е што постоеше паралелна структура во МВР, која имаше таква моќ да уценува човек со неговата слобода за…
Денеска се регистрирани 316 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 194.891, соопшти Министерството за здравство. Оздравени се 240 пациенти а во изминативе 24 часа починале 10 пациенти со Ковид-19. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 140, Куманово – 38, Велес и Штип – по 19, Кавадарци – 16, Прилеп и Охрид – по 12, Струмица – 11, Битола – 8, Пробиштип – 6, Тетово и…
Во пресрет на утрешното одбележување на 60-годишнината на Движењето на неврзаните земји во Белград, каде се очекуваат делегации од 105 земји од целиот свет, неколку претеседатели и премиери и 44 министри за надворешни работи со 550 учесници, претседателот на Србија Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил, изразувајќи гостопримство напиша и дека е дојдено време за обнова на идејата за политичка независност. – Дождлив ден во Белград, но ден за гордоста на Србија. Пред 60 години, Неврзаните се собраа во Белград, денес е време да се обноват идеите за политичка независност и заедничко дејствување на слободните земји во светот. Среќен сум…
Блокови стопена лава со големина на трикатна зграда се движат денеска по падината на вулканот на шпанскиот остров Ла Палма Ова следеше по серијата земјотреси што ја потресоа земјата, три недели по ерупцијата на вулканот, објави шпанскиот Национален геолошки институт (ИНГ). Во соопштението се наведува дека во текот на денот биле регистрирани 21 сеизмички движења, а најголемото имало јачина од 3,8 степени, а засегнати се селата Мазо, Фуенкалиенте и Ел Пасо. „Блокови од вжештена магма се движат по падината на вулканот Кумбра Виеха, а вулканот почна да ги еруптира по колапсот на северниот дел од вулканскиот конус. Колапсот на северниот…
Премиерот на Албанија Еди Рама смета дека тензиите меѓу Косово и Србија се дел од процесот на дијалогот што се води со цел да се постигне конечен договор и дека не може да се очекува дека процесот на помирување ќе продолжи мирно и без тензии, пренесува денеска РТК. Во интервју за шпанската телевизија РТВЕ, Рама посочи дека српското признавање на независноста на Косово е последното поглавје во распадот на Југославија. – Тензиите се дел од овој процес. Не можеме да очекуваме мировниот процес да тече непречено и без тензии. Добрата вест овде е дека тензиите се јавуваат, но и исчезнуваат,…
Институтот за општествени и хуманистички науки, заедно со научници и јавни интелектуалци од Бугарија, Грција, Чешка, Унгарија, Словачка и Полска, отпочнува научно-истражувачки и застапувачки проект кој настојува да пронајде решение за културниот судир меѓу македонската и бугарската држава, како и нивните општества, кој резултираше со блокада на следниот чекор на пристапување на Македонија кон Европската унија. „Ваквиот потег ја засегна европската иднина и на остатокот од регионот кој настојува да и пристапи на Унијата. Решението кое настојуваме да го најдеме е двојно: нов епистемолошки приод кон прашањето кое е од мултидисциплинарна природа, значи – академско решение, како и решение во…
Северниот дел на грчкиот остров Евија, по катастрофалните пожари пред два месеци, сега се соочува со поплави предизвикани од невремето и силниот дожд, но и како последица од пожарите, а материјална штета претрпеа домови, дворови, продавници, плажи и патната мрежа. Невремето „Атина“ зафати повеќе делови на Грција, а најпогодена е северна Евија, каде што според грчките медиуми поплавени се стотина домови. Заменик- префектот Јоргос Келаидитис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека во четири села сè е поплавено, две општини претрпеле голема материјална штета, а во прекин е сообраќајот на неколку локални патишта.
Иран произведе повеќе од 120 килограми ураниум, збогатен 20 отсто, изјави шефот на иранската организација за атомска енергија, Мохамед Еслами. Тој во интервју за државната телевизија рече дека, според нуклеарниот договор што го имаат со светските сили од 2015 година, другите потписници требало да му обезбедат на Иран 20 отсто збогатен ураниум, што е потребен за неговиот истражувачки реактор. – Но, тоа не беше испорачано. Ако не го произведовме сами, ова ќе се претвореше во еден од нашите проблеми, рече Еслами. Според условите на нуклеарниот договор на Иран му беше забрането да збогатува ураниум над границата од 3,67 проценти, освен…
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска во рамки на 52. седница ги одби приговорите кои на 5 октомври до неа ги поднеле политичката партија Левица преку застапник по закон проф.д-р Димитар Апасиев и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ преку подносител Бранко Георгиевски. На седницата ДКСК одлучи постапката по изнесените наводи да ја запре. Членот на ДКСК, Нури Бајрами, кој го образложи првиот приговор, рече дека наводите од приговорот на „Левица“ за финансирањето на политичкото рекламирање на кандидатката Данела Арсовска, не се потврдени и правно неиздржани и затоа ДКСК не е во можност да предлага мерки…
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги кажа своите очекувања за утрешниот дуел со Германија. Него му е јасно дека Германците се големи фаворити, но најави борба и по можност ново изненадување, како она во Дуисбург кога Македонците победија со 2:1. – Мора да бидеме на врвно ниво на тактички план. Го респектираме противникот кој е составен од врвни играчи, но за многу нешта ќе се прашува и Македонија. И ние имаме многу работи на кои треба да бидеме горди. Ние не би биле спортисти ако не се надеваме на успех и на позитивен резултат, без разлика на противникот. Веруваме…
Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска на владина седница на која присуствуваше германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека светот не може да биде неутрален во однос на Иран. „Иранската нуклеарна програма напредуваше повеќе од било кога. Светот чека, Иранците купуваат време и центрифугите се вртат”, рече Бенет, предупредувајќи дека изгледите Иран да се вооружи со нуклеарно оружје не е само стратешки, туку и егзистенцијален предизвик за Израел. Меркел доцна синоќа пристигна во проштална посета на Израел и рече дека има среќа да има клучна улога во зајакнувањето на односите меѓу двете земји по ужасите на холокаустот во Втората светска војна, во…