Author: Ана Василевска

Почна да функционира без шалтерскиот систем за добивање на документ за неосудуваност. Граѓаните овој документ можат да го добијат со аплицирање преку своите мобилни телефони или компјутери. Министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој денеска присуствува на петтата „Текстилијада“ во Штип вели дека веќе имаат стотици барања низ судовите во државата. -Првите денови процесот тече одлично и тие ќе се издаваат на тој начин. Нов е системот, доколи има некои пречки на самиот почеток. Но, сега за сега и ажурирањето на податоците во Врховен суд, кое се прибира преку АКМИС системот и издавањето на овие потврди оди без проблем, Според информациите…

Read More

Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун, е позитивен на коронавирус. Според прес-службата на НБА-лигата, играчот сега е во карантин и без симптоми на болеста. Браун го пропушти крајот на минатата сезона поради повреда. Тој беше опериран поради скинати лигаментите на левиот зглоб. Се врати на терените во оваа претсезона и учествуваше на натпреварот против Орландо. Џејлен одигра 58 натпревари минатата сезона во НБА-лигата, во просек по натпревар постигнуваше по 24,7 поени и 6,0 скока.

Read More

Гудрун Штајнакер, поранешна германска амбасадорка во Северна Македонија и Црна Гора и поранешен заменик-амбасадор во Бугарија, вели дека Бугарија и Република Северна Македонија прво треба да се разберат дека не се разбираат. Штајнакер, во интервју за БНР, вели дека одлично ги знае аргументите на двете земји, но не сака да процени кој е во право, а кој не. Сепак, според нејзиното мислење, овој проблем сигурно нема да биде решен наскоро. Позициите на Софија и Скопје се многу различни и наведува дека преговорите најверојатно ќе треба да се водат со посредство на трета земја. Според германскиот дипломат, за Бугарија е важно…

Read More

Британската амбасада во Скопје покани пријатели од филмската индустрија, културната дејност и бизнис секторот од Обединетото Кралство и Северна Македонија на премиерата на 25. филм за Џемс Бонд „Не е време да се умре“ (NoTimeToDie), соопштија од британската Амбасада. Брендот Џемс Бонд, наведуваат, е стожер на британската филмска индустрија. „Не е време да се умре“ го држи и рекордот на најдолг филм за Бонд, со времетраење од дури два часа и 43 минути. Филмот има и најголем број прикажувања во кино салите од сите други филмови во историјата на Обединетото Кралство, односно имаше прикажувања во 772 кино сали со повеќе…

Read More

Словенечкиот Врховен суд одлучи дека нема правна основа за изрекување казни за неносење заштитни маски во затворени јавни простори. Што значи оваа одлука за оние кои веќе ја платиле казната? Ништо ако не поднесат тужба против државата. Нема автоматизам во враќањето, објави словенечко Дело. Казните за поединци се движеа од 400 до 4.000 евра. Адвокатот Блаж Ковачич Млинар за Дело вели дека на оние кои веќе ги платиле казните им останува само правен лек и дека можат да ја тужат државата. „Имаат можност да ја тужат државата затоа што немаше правна основа за изрекување парична казна. Тоа е неоправдано збогатување…

Read More

Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс го поддржа повикот на 12 членки на ЕУ да финансира поставување огради и жици на надворешните граници на Унијата со европски средства, иако Словенија не е меѓу потписниците на нивното писмо испратено до Европската комисија. Словенија претседава со Советот и се очекува од претседавачот да не се приклучи на одредени иницијативи за време на неговиот мандат, туку да дејствува во насока на постигнување компромисно решение, јави Хина. Меѓутоа, на состанокот во Луксембург во петокот, словенечкиот министер рече дека Словенија го поддржува писмото. „Словенија го поддржува предлогот на 12 -те потпишани членови“, рече Хојс…

Read More

Исто така, од извршената експертиза од страна на Народната банка е констатирано е дека тие претставуваат примероци во рана фаза од изработката на фалсификувани евро банкноти со апоенска вредност од 50, 100, 200 и 500 евра. Двајцата Камерунци, фалсификатори, кои вчера беа уапсени на „Меѓународен Аеродром“ – Скопје, при влез во државата, имале намера хартиите со банкноти со апоенска вредност од 50, 100, 200 и 500 евра кои биле пронајдени кај нив да ги внесат на територијата на нашата држава за да се искористат за правење на лажни пари во вкупна вредност од 902.150 евра. Од МВР соопштија дека Одделот…

Read More

Во општина Центар ќе формираме Иновативен парк за млади – ќе обезбедиме простор за ваков модерен концепт, прв во Република Македонија, соопштува Наташа Котлар-Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција. „ Зградата ќе биде монтажна, со модуларна инфраструктура. Овозможуваме иновативни и старт-ап компании кои работат на апликативни решенија од сите области: технологии, дизајн, продукција, агро бизнис и сл. Во првите 3 години, компаниите ќе бидат ослободени од давачки. Целта е размена на креативни идеи, вмрежување, работа на заеднички проекти и привлекување на инвестиции. Паркот ќе се поврзе со факултетите и институтите, со цел спојување…

Read More

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата вчера заедно со потпретседателката на СДСМ Мила Царовска и министерка за образование и наука одржа средба со граѓаните од Буњаковец. Герасимовски зборуваше за заложбите на партијата и важноста од квалитетното образование како и за идните мерки на општината кои се поврзани со подобрување на образованиот процес. „ Во ООУ „Кочо Рацин“ и во ООУ „Кирил и Методиј“ следува реконструкција на покривот, фасадата и фасадната столарија со што сите училишта во Центар ќе бидат целосно надворешно заштитени и енергетски ефикасни. Во ООУ „Кочо Рацин“ ќе го реконструираме и потпорниот…

Read More

Компаниите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обидоа да скријат исплати од повеќе милиони долари од странски влади кон неговиот непрофитен хотел во центарот на Вашингтон, заклучи Комитетот за надзор и реформи на Претставничкиот дом. Одборот за надзор и реформи, контролиран од демократите, истакна дека деловните книги на хотелот укажуваат на „загрижувачки“ прашања за хотелот „Трамп Интернешнл“, сместен во историска зграда изнајмена од Организацијата Трамп од федералната влада. Хотелот беше популарно место за собирање на поддржувачите на Трамп и странските претставници за време на претседателскиот мандат на Трамп. Според тој комитет, Трамп објави дека хотелот заработил повеќе од 150…

Read More

Екологијата и одржливиот развој остануваат висок приоритет на Владата предводена од СДСМ и локалните самоуправи, бидејќи чистиот воздух, водите и здравата животна средина се реална потреба на жителите на секоја современа општина која тежнее да биде модерно, удобно и европско место за живеење, стои во соопштението на СДСМ. „Силната посветеност на реализација на зелената агенда континуирано ја покажуваме на дело. Од сонцето правиме струја. Од ветерот правиме струја. Од отпадот правиме струја. На македонските полиња ќе никнат стотици ветерници и фотоволтаици. Изминатите четири години бележиме значително намалување на загадувањето на воздуот. Тоа е резултат на успешните политики на Владата предводена…

Read More

Полицијата во Берлин соопшти дека е покрената истрага откако вработени во американската Амбасада пријавиле симптоми на таканаречениот „Хавана синдром“. Истрагата за „наводниот напад со звучно оружје врз вработените во американската амбасада“ почна во август, а од 2016 година, повеќе од 200 американски службеници пријавиле дека страдаат од ова нарушување, јави Би -Би -Си. Некои американски службеници кои пријавиле симптоми имале ненадејно чувство на притисок во главата, како и дека слушнале чудни звуци, додека други се жалеле на вртоглавица, гадење и замор. Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера вети дека „причините за нарушувањето и одговорните за синдромот Хавана ќе бидат откриени“. Изјавата…

Read More