Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Од утре до 14 септември ќе се одржи Саемот за книга кој е биде поставен на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски), и ќе се одвива согласно сите здравствени протоколи за заштита на јавното здравје (носење маска, држење дистанца од 2 метри и дезинфекција), со тоа што при влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан КОВИД-19 за сите лица над 18 години. Во рамките на Саемот на книга 2021, покрај изложбено-продажниот дел се организираат и промотивни активности, при што ќе се одржат вкупно 33 промоции на нови…
„Во 2010 успеавме да го донесеме „Срцето на Сараево“, во 2019 награда на на ИФФ Торонто и Санденс, се надевам дека оваа година ќе успееме да го донесеме „Лавот“ од Венеција.“ – изјави на денешната прес конференција продуцентот Огнен Антов Првиот долгометражен филм на Калтрина Красниќи снимен во копродукција со Македонија ќе ја има својата светска премиера на Интернационалниот фестивал во Венеција на 8 септември, а ќе има вкупно 9 проекции во рамките на фестивалските денови. Филмот е во официјалната селекција на 78. издание на Фестивалот во Венеција во категоријата Хоризонти и третира тема која всушност е една од носечките…
Дел од неговата биографија не е професионалното актерско образование, но како натуршчик во последниве 25 години, оствари впечатливи улоги во филмовите на режисерите како Столе Попов и Емир Кустурица. Играше покрај, Мики Манојловиќ, Моника Белучи, Сергеј Трифуновиќ, Лазар Ристовски но како што вели останал скромен и посветен на семејството. Веста дека е годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Друштвото на филмски работници на Македонија ја доживеал со огромна радост и за него таа претставува македонски „Оскар“. Северџан Бајрам е непосреден човек кој вели дека во животот е најважно да бидеш на страната на вистината и добрината,…