Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саем на книгата: Најнови изданија од 60 книгоиздателства, попусти до 70 отсто

0
By Ана Василевска on September 7, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 7, 2021 11:39

Од утре до 14 септември ќе се одржи Саемот за книга кој е биде поставен на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски), и ќе се одвива согласно сите здравствени протоколи за заштита на јавното здравје (носење маска, држење дистанца од 2 метри и дезинфекција), со тоа што при влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан КОВИД-19 за сите лица над 18 години.

Во рамките на Саемот на книга 2021, покрај изложбено-продажниот дел се организираат и промотивни активности, при што ќе се одржат вкупно 33 промоции на нови дела и автори.

Промотивниот центар во рамките на Саемот на книга ќе биде резервиран за промоции на нови изданија од страна на учесниците на саемот: Државниот Архив на РСМ, Книгохоличари, Бата Прес, Арс Ламина, Топер, Полица, Едука Мак, Издавачки центар ТРИ, Деа Балкански, Паблишер, Библиски Центар Божил Издавачки Центар Јени Балкан.

Во рамките на работната програма ќе се одржи и традиционалното доделување на награди од страна на Македонската Aсоцијација на Издавачи (МАИ) и доделување на награди од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

На саемот ќе земат учество над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, кои покрај промоциите, најавуваат и големи саемски попусти до 70%.

Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Програмата и распоредот на промоции се објавени на социјалните медиуми и нашата веб страна на следниот линк: https://bit.ly/3DTDPUs

Билети за саемот на книга ќе може да се купат преку on-line електронскиот систем www.karti.com.mk или на билетарите пред саемот. За најбројната публика, млади лица до 18 години билетот чини само 20 денари.

Работното време на саемот во периодот од 8 до 11 септември е од 10.00-21.00 часот, на 12 и 13 септември од 10.00-20.00 часот, а на 14 септември од 10.00-17.00 часот.

книга Саем на Книгата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.