Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Венеција патува филмот снимен со македонска копродукција „Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи

0
By Ана Василевска on September 6, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 6, 2021 13:12

„Во 2010 успеавме да го донесеме „Срцето на Сараево“, во 2019 награда на на ИФФ Торонто и Санденс, се надевам дека оваа година ќе успееме да го донесеме „Лавот“ од Венеција.“ – изјави на денешната прес конференција продуцентот Огнен Антов

Првиот долгометражен филм на Калтрина Красниќи снимен во копродукција со Македонија ќе ја има својата светска премиера на Интернационалниот фестивал во Венеција на 8 септември, а ќе има вкупно 9 проекции во рамките на фестивалските денови. Филмот е во официјалната селекција на 78. издание на Фестивалот во Венеција во категоријата Хоризонти и третира тема која всушност е една од носечките елементи на овогодинешното издание на фестивалот.

„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, преведувач на знаковен јазик која по самоубиството на сопругот, реномиран судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.

Во филмот главната улога е Вера, играна од страна на актерката Теута Ајдини – Јегени, Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др. Режисер на филмот е Калтрина Красниќи, сценариото е на Дорутина Баша, кинематограф Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски, композитор е Петрит Чеку, дизајнер на звук Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Дрим Фектори, односно Огнен Антов.

Живеам во една мала чудесна земја, каде невозможното станува возможно. Каде далечината е блиску, каде желбата станува реалност, каде сонот станува јаве. Немојте да престанете да сонувате! Мене ми се оствари желбата да бидам дел од одлично сценарио а и да стапнам на црвениот тепих. – изјави Теута Ајдини-Јегени.

„Во 2010 успеавме да го донесеме „Срцето на Сараево“, во 2019 награда на на ИФФ Торонто и Санденс, се надевам дека оваа година ќе успееме да го донесеме „Лавот“ од Венеција.“ – изјави на денешната прес конференција продуцентот Огнен Антов

„Со ова учество на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција на некој начин ја заокружуваме филмската фестивалска година, која и во вакви турбулентни времиња ќе важи за многу успешна година. Новиот филмски бран, продолжува, а го обележуваат дебитанти, млади автори и што ми е особено драго – сѐ повеќе женски автори. Драго ми е што Агенцијата за филм го препозна овој ко-продукциски проект, прв долгометражен филм на режисерката Калтрина Красниќи со кој се надевам сите ќе се гордееме.“ – изјави директорот на Агенција за филм – Бојан Лазаревски

Интернационалниот филмски фестивал во Венеција се одржува од 1 до 11 септември 2021, а светската премиера на „Вера сонува за морето“ е на 8 септември.

А.В

Венеција Македонски филмови филмски фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.