Author: Ана Василевска

Владејачката партија Фидес, која има апсолутно мнозинство во парламентот, ја бојкотираше седницата во понеделникот и можноста да се гласа за апликацијата на нордиската нација. Откако турскиот парламент гласаше за одобрување на приемот на Шведска во јануари, Унгарија стана последната од 31 членка на воената алијанса која не го стори тоа, што ги натера нејзините сојузници да ја притиснат националистичката влада да одржи гласање без одлагање. Пратениците од партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан ја бојкотираа вонредната седница на парламентот во понеделникот, на која требаше да се гласа за да се стави кандидатурата на Шведска за пристап во НАТО на законодавната…

Read More

Сергеј Лебедев е руски писател и новинар кој живее и твори во егзил во Берлин. Далеку од Русија, вели дека неговиот дом секогаш ќе биде неговиот јазик – тоа е нешто што останува со вас, кога ќе изгубите се друго. Критичарот на политиката на Путин сонува за нов систем, нова безбедносна конструкција каде нуклеарните сили како Русија нема да можат никого да злоупотребуваат. Неговата проза ги истражува темните дамки на советското минато во кое генерации негови претци се жртви на режимот. Делата на Лебедев се селектирани во најтесниот избор за многу руски и европски книжевни награди. На покана на „Kонтрапункт“…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Саудиска Арабија, првата дестинација на неговата блискоисточна турнеја. Блинкен се очекува во Ријад да се сретне со саудискиот престолонаследник и владетел на судското кралство Мохамед бин Салман, како и со саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд. Задачата на Блинкен е да се обиде да ги унапреди напорите на официјален Вашингтон да преговара за нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел, како и да поттикне напредок во преговорите за управувањето со Појасот Газа по војната. Петтата посета на американскиот државен секретар на овој регион доаѓа во чувствителен…

Read More

Сите ученички и студентски стипендии се исплатени. Исплатата се однесува на сите постојни корисници за учебната, односно академска 2023-2024 година. Стипендиите се исплатени заклучно со месец јануари, информираат од Владата. – Исплатата за новите корисници ќе се реализира во текот на неделата, со што сите средства кои им следуваат на сите категории ученици и студенти ќе им бидат целосно исплатени. Апелираме до сите засегнати субјекти да ги црпат информациите од надлежните институции кои располагаат со детални и точни информации, со цел навремено, прецизно и точно информирање на јавноста и секако на учениците и студентите, се вели во соопштението од владината…

Read More

Околу половина милион луѓе демонстрираа против десничарскиот екстремизам низ цела Германија во текот на изминатиот викенд, покажуваат прелиминарните податоци на тамошното Министерство за внатрешни работи. Според портпаролот на германското МВР, против екстремната десница протестирале 457.000 луѓе на 128 настани. Поради недостиг на бројки од покраините Хамбург, Мекленбург-Западна Померанија и Сар, ова е привремена бројка, нагласи портпаролот, пренесува ДПА. Според полицијата, повеќе од 150.000 луѓе се собрале во саботата пред зградата на Рајхстагот во Берлин, во која се наоѓа Долниот дом на германскиот парламент, за да демонстрираат за демократија и толеранција. Организаторот информираше за 300.000 учесници. Министерството за внатрешни работи редовно…

Read More

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека загрижува информацијата за пронајден куршум во дворот на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и посочи дека доколку е точна, МВР треба да интервенира и во овој случај, исто како што интервенираше во врска со вчерашниот напад на директор на владина институција. -Секако дека ме загрижува ова. Се информирав дека МВР веќе има интервенирано во делот на тепачката која што се има случено вчера во Тетово, каде што е нападнат директор на владина институција од страна на лице кое што е идентификувано со име и презиме. Сметам дека МВР тоа треба да…

Read More

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис категорично ги демантираше натписите во медиумите дека Грција планира во Украина да испрати противвоздушни ракетни системи С-300, јави дописничката на МИА од Атина. На денешниот редовен брифинг со новинарите, Маринакис ги карактеризираше како лажни вести објавите во медиумите и рече дека нема да ја стават во опасност одбраната на Грција. -Треба да постои граница во однос на лажните вести, особено кога се поврзани со одбраната на земјата, со надворешната политика и интересите на земјата во странство, со нашата меѓународна слика. Вакво нешто не е точно. Категорично демантирам и во никој случај грчката Влада воопшто…

Read More

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите одржа консултативна средба, каде се изврши основање и промовирање на Интерпартиска парламентарна група (ИППГ) за правата на еднородителските семејства и самохрани родители, информираат попладнево од собраниската прес-служба. – Ова тело во Собранието ќе се ангажира и заложува кон унапредување на статусот на еднородителските семејства, самохрани родители, девојки и жени од маргинализираните групи. Приоритети во работата ќе бидат обезбедување ефикасни и ефективни правни и институционални механизми за заштита од дискриминација, насилство и говор на омраза врз основа на семејна конструкција, подобрување на образовните политики и програми, унапредување на правата на оваа група луѓе…

Read More

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Со бесмислена егоистичка одлука Арбен Таравари си ја подели партијата и изгуби купишта гласови непосредно пред двојните избори. Таравари ја „продаде кучата“, Села поведе „имотно-правна постапка“, беше првата моја реакција кога слушнав за превирањата во Алијансата за Албанците. Од позиција на власт, криејќи се позади вечито популистичката реторика „народот бара“ излегува Таравари со објава на Фејсбук и вели: „Верувајќи непоколебливо во моите сопартијци и во нашата заедничка визија, ја барам нивната доверба да Алијансата за Албанците влезе во изборна трка со албанската опозиција и заедно да продолжиме да го правиме најдоброто за оваа земја“. Види бога ти?! Да…

Read More

Министерството за здравство во Газа соопшти дека 127 тела биле донесени во болниците во последните 24 часа, со што вкупниот број на загинати достигна 27.365. Најмалку седум лица загинаа, а 15 други се повредени кога напад погоди куќа во градот, според новинарите во областа. Тие беа меѓу 15 загинати и најмалку 45 ранети во нападите во неделата. Израел продолжи со воздушното бомбардирање на Газа додека се спротивставува на меѓународните повици за прекин на огнот. Министерството за здравство во Газа соопшти дека 127 тела биле донесени во болниците во последните 24 часа, со што вкупниот број на загинати достигна 27.365. Министерството…

Read More

Проф. д-р Ана Чупеска во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА зборува за Стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија изразувајќи задоволство за начинот на подготовка, во чиј процес, учествуваше како дел од експертската заедница.  „Јас сум задоволна и од првиот и од вториот турнус на изработка на Стратегијата. Се разбира, може и подобро, но тие се во ваков формат затоа што еден од принципите во изработка на Стратегијата беше да не се занесуваме со преамбициозни цели кои никогаш нема да бидат реализирани, туку подобро да се прават мали, но долгорочно ефективни чекори, изјави Чупеска. Професорката додаде дека има простор за надополнувања, но е задоволна од начинот…

Read More

Одлуката на Арбен Таравари да оди со етничко албанската опозиција е во најмала рака чудна, бидејќи оваа политичка партија е владејачка партија, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски, коментирајќи ги последните збиднувања во Алијанасата за Албанците. – Тоа што долго време се шпекулираше, веќе стана јасно и за пошироката јавност. Алијансата на Албанците се дели внатрешно на половина, со приврзаници меѓу актуелениот лидер Арбен Таравари и поранешниот лидер Зијадин Села. Одлуката на Таравари да оди со етничко албанската опозиција е во најмала рака чудна, бидејќи оваа политичка партија е владејачка партија, изјави Атанасоски за Фронтлајн. Од друга страна, додава тој, по…

Read More