Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
“Делириум во Сплит,” “Еуфорија во Шибеник,” “НЏО и Рамбо го разбудија Вис,” “Вис веќе нема да биде ист по настапот на НЏО И Рамбо Амадеус”, „Јавни нереди “ за време на концертот на Националниот Џез Оркестар и Рамбо Амадеус во Шибеник“, се само дел од насловите кои ги објавија медиумите во Хрватска за време на турнејата на Националниот џез оркестар, кој го нарекоа и “најлудиот оркестар на Балканот.“ Рекордно продадени концерти, изблици на еуфорија, громогласни аплаузи како и бројни осврти и написи во хрватските медиуми, ја означија првата официјална интернационална турнеја на Националниот џез оркестар кој настапи со Рамбо Амадеус…
Тој ветува дека ќе допре до Западот и ќе го олесни спроведувањето на законот за задолжителна шамија во земјата по годините санкции и протести кои ја притиснаа Исламската Република. Пребројувањето на гласовите понудено од властите го покажа Пезешкијан како победник со 16,3 милиони гласови наспроти 13,5 милиони на Џалили на изборите во петокот. Тој ќе биде првиот претседател од западен Иран. Реформистичкиот кандидат Масуд Пезешкијан победи на вториот круг од претседателските избори во Иран во саботата, победувајќи го тврдокорниот Саид Џалили. Тој ветува дека ќе допре до Западот и ќе го олесни спроведувањето на законот за задолжителна шамија во земјата…
61-годишниот адвокат кој стана лабуристички политичар ја донесе партијата до победа во Вестминстер. Лабуристичката партија официјално победи на општите избори во Велика Британија, надминувајќи го бројот од 326 места од 650 за да освои мнозинство. Но, кој е Кир Стармер, лидерот на лабуристите кој ќе го замени Риши Сунак како премиер на ОК? Роден во 1962 година во Лондон, Стармер беше адвокат за човекови права пред да стане директор на јавното обвинителство од 2008 до 2013 година. За време на предизборната кампања тој сакаше да зборува за своето потекло од работничката класа – постојано спомнувајќи за време на телевизиските дебати…
Поттик да се создаваат иновативни продукт решенија кои ќе бидат наши, функционални, еколошки и пазарно издржани. „Недела на дизајн во Скопје” – фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн и дизајнот на производ, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Јавна соба, Мала Станица и Литература – Дајмонд мол, но претходно следат и низа активности, работилници и предавања. Оваа година темата на “Неделата на дизајн во Скопје” е „Чиста мобилност”, а се најавува изложбен дел за компании, викенд „pop up market”, панел дискусии, работилници, стручни дизајн предавања, работилници за деца, како и програма во живо каде…
Унгарските власти за Еуроњус изјавија дека политиката на владата во Украина е дека „двете страни“ треба да преговараат за крај на конфликтот и дека „нема воено решение“. Само неколку дена по преземањето на ротирачкото претседателство со Европскиот совет и унгарскиот премиер Виктор Орбан го навлече гневот на Брисел поради неговата непланирана посета на Владимир Путин во Москва. Тоа уследи по ненадејната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот во Кијив, каде што беше кажано дека двајцата имале релативно срдечна средба; земајќи го во предвид паушалното одбивање на Орбан да обезбеди политичка или воена поддршка за воена Украина. Штом се…
Филмот на Брзозович, за композиторот Станислав Сиревич не е само приказна за кариерата на еден извонреден уметник туку е и приказна за тешките времиња низ кои минувал главниот протагонист од овој филм и наспроти тешките околности да успее да твори. Во рамките на програмата на фестивалот Скопје Синема Сити, вечерва со почеток од 20.15 часот ќе бидат прикажани два музички документарни филмови од полскиот музички новинар и режисер Грегор Брзозович. Оваа програма е дел целината „Земја во фокус“ и е реализирана во соработката со амбасадата на Полска. Авторот Брзозович е гостин на фестивалот и по проекциите, публиката ќе има можност…
„Жал ми е што не сум во Скопје, но имам 69 години и натаму интензивно имам работни обрски. Искрено се заблагодарувам на фестивалот Скопје Синема Сити за ова признание за мојата работа и се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката заедно со публиката, бидејќо не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас “, рече Прајснер. Во киното „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ, синоќа беше отворна филмската програма на 10. издание на фестивалот посветен на музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити. Публиката имаше можност да го проследи видео обраќањето…
„Принципите на заедништво, взаемна почит и отворена комуникација ќе го красат СДСМ Изборот за претседател на СДСМ и победата на вантрепартиските избори за мене претставува огромна одговорност кон членовите, кон сите граѓани и кон нашата држава“. Ова го истакна д-р Венко Филипче во својот говор по објавувањето на резултатите од претседателската трка во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во која тој беше прогласен за победник. „Вечерва во СДСМ победи професионализмот, емпатијата, грижата за луѓето како мои основни вредности по кои ќе работи и функционира СДСМ. Моја цел е да ги ‘вбризгам’ во СДСМ принципите кои ме водат во мојот личен и…
Со филмот „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, вечерва во 21 часот во киното „Мирно лето“ во Кинотеката, ќе биде означен почетокот на филмската програма на јубилејносто 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Документарниот филм на Руди Валдез, „Карлос“, претставува портрет на Сантана и како јавна и приватна личност, од дете во Мексико па се до најголемите стадиони на светот. Карлос Сантана е легендарна личност во светот на музиката. Познат по својот спој на латино рок и блуз, кои за прв пат ја пленела публиката кај Филмор во Сан Франциско а потоа…
Познатиот српски актер Никола Ѓуричко, заедно со својот бенд „Џони миднајт трио“, ќе одржи концерт на 3 јули (среда) во „Јавна соба“ во Скопје. Овој неодамна формиран рок бенд е како да гледаме стaри ноти на песни на легендарни екс ЈУ бендови, но со многу силен личен печат. Обработените песни, кои ги слават авторите кои ги почитуваат како Џони Штулиќ, ЕКВ, Шарло акробата и други, се отсвирени многу поинаку. Нивната песна „Лептир” личи како да е створена во раната фаза на новиот бран, под големо влијание на британската сцена. Никола Ѓуричко важи за еден од најдобрите балкански актери со холивудска…
Фестивалот ќе биде отворен вечерва во 21 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје со изложбата на фотографии „The Vlatko Stefanovski Experience“ Големиот филмскиот композитор Збигњев Прајснер е добитник на наградата за животно дело на 10. издание на Фестивалот на музики документарни филмови „Скопје синема сити“. Фестивалот ќе биде отворен вечерва во 21 часот во Мултимедијалнио центар „Мала станица“ во Скопје со зложбата на фотографии „The Vlatko Stefanovski Experience“. Филмската програма ќе се одржи од 1 до 4 јули во Кинотека на Македонија. Земја во фокус на фестивалот е Полска, каде ќе бидат прикажани два филма на Грегор Брзозович,…
Mрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на „Британскиот совет“ распиша повик за мобилност на млади таленти. Ова е втор повик што мрежата го распишува, по успешниот повик за филмски работилници на кој се пријавија 40-ина млади од сите шест земји од Западен Балкан. Млади на возраст од 15 до 25 години, граѓани на една од земјите на Западен Балкан, може да учествуваат на едукативни и креативни работилници што се организираат во рамките на филмски фестивали од регионот, со цел да ги подобрат…