Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје Синема Сити: Полски музички документарни филмови и разговор со авторот Грегор Брзозович

0
By Ана Василевска on July 3, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 3, 2024 13:14

Филмот на Брзозович, за композиторот Станислав Сиревич не е само приказна за кариерата на еден извонреден уметник туку е и приказна за тешките времиња низ кои минувал главниот протагонист од овој филм и наспроти тешките околности да успее да твори.

 Во рамките на програмата на фестивалот Скопје Синема Сити, вечерва со почеток од 20.15 часот ќе бидат прикажани два музички документарни филмови од полскиот музички новинар и режисер Грегор Брзозович. Оваа програма е дел целината „Земја во фокус“ и е реализирана во соработката со амбасадата на Полска.

Авторот Брзозович е гостин на фестивалот и по проекциите, публиката ќе има можност за  Q&A сесија.

Со почеток од 20:15 часот ќе биде прикажан филмот „Пријатели на 33 вртежи“ кој ја раскажува приказната за необичното пријателство меѓу двајца графички дизајнери Рослав Сајбо и Станислав Загорски кое траело преку 60 години. Почетна точка за овој филм е изложба на повеќе од 50 корици за винили и разговорот на овие двајца уметници за годините поминати на студии на Академијата за фини уметности во Варшава, Полското школо за постери и нивните соработки со уметници како Кшиштов Комеда, Velvet Underground, Cream, The Clash, Пол Сајмон и Арт Гарфанкел.

Од 22.00 часот, ќе биде прикажан филмот за композиторот Станислав Сиревич, кој јa раскажува приказнатa за кариерата на Станислав Сиревич, извонреден филмски композитор чиешто творештво е малку познато во Полска. Роден е во советски логор. На 9-годишна возраст е прогласен за клавирско чудо, но по завршувањето на музичката академија го напушта концертирањето. Започнува студии на отсекот режија на театарската школа во Варшава и го компонира, меѓу другото, и хитот "Śpiewać każdy może". Воениот пуч на 13 декември 1981 годинаго затекнува во Париз. За време на егзилот, соработува со Џо Кокер, Мариен Феитфул, глумицата Дајан Китон и бендот The Rolling Stones. Истовремено компонира музика за преку сто филмови во Франција, Велика Британија и САД. Сиревич соработува и со полски режисери ("Папирна брак", "Тестостерон", серијата "Дом над разлевiskiem"). Во 1994 година Едита Горњак го освојува второто место на Евровизијата таа година со неговата песна "To nie ja!". Една година пред тоа, Сиревич јадобива престижната награда Ace Award. Еден ден после гала вечерта треба да започне преговори за работа во Холивуд. Ноќта, во Лос Анџелес, се случува силен земетрес. Се враќа во Лондон, каде што го започнува најплодниот уметнички период во кариерата. На премиерите на филмовите со неговата музика се гости принцот Чарлс, принцезата Дајана и кралицата Елизабета II. Неговите плочи се издаваат ширум светот, а саундтракот за серијата "The Choir" стигнува до третото место меѓу најпопуларните изданија во Велика Британија.

Филмот на Брзозович не е само приказна за кариерата на извонреден уметник туку е и приказна за тешките времиња низ кои минувал главниот протагонист од овој филм и наспроти тешките околности да успее да твори.

Сите проекции на Скопје Синема Сити се случуваат во Кинотека на Македонија. Помеѓу овие два филма, гостинот Брзозович ќе има разговор со публиката. Главен покровител на оваа вечер е амбасадата на Полска во Македонија.

Да потсетиме дека на отворањето на фестивалот со видео обраќање, публиката ја поздрави годинешниот лауреат, големиот Прајснер.

Полска скопје синема сити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.