Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ненадејната посета на Виктор Орбан на Москва предизвика вознемиреност и гнев во Брисел

0
By Ана Василевска on July 5, 2024 ВЕСТИ, ИЗБОР, СВЕТ
Виктор Орбан на состанокот на лидерите на ЕУ фото/ Еуроњус
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 5, 2024 11:24

Унгарските власти за Еуроњус изјавија дека политиката на владата во Украина е дека „двете страни“ треба да преговараат за крај на конфликтот и дека „нема воено решение“.

Само неколку дена по преземањето на ротирачкото претседателство со Европскиот совет и унгарскиот премиер Виктор Орбан го навлече гневот на Брисел поради неговата непланирана посета на Владимир Путин во Москва.

Тоа уследи по ненадејната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот во Кијив, каде што беше кажано дека двајцата имале релативно срдечна средба; земајќи го во предвид паушалното одбивање на Орбан да обезбеди политичка или воена поддршка за воена Украина.

Штом се појавија извештаите за патувањето во Москва, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел го удри Орбан потсетувајќи го дека „нема мандат“ да преговара во име на ЕУ за време на неговиот мандат.

Полскиот претседател Доналд Туск на Твитер напиша: „Гласините за вашата посета на Москва не можат да бидат вистинити , или може?

Финскиот премиер Петери Орпо ја опиша веста за посетата како „вознемирувачка“ велејќи дека посетата на Орбан покажува „непочитување“ на должностите на претседателството и ги „поткопува“ интересите на Европската унија.

Патувањето, исто така, ги засени обидите на Унгарија да ги објави приоритетите на владата во следните шест месеци, вклучително и потврдокорно спроведување на миграциските политики, развој на европската одбранбена стратегија и поддршка за непречена транзиција кон нов Колеџ на комесари по изборите за Европскиот парламент.

Во меѓувреме, унгарски официјални лица изјавија за Euronews дека политиката на владата во Украина е дека „двете страни“ треба да преговараат за крај на конфликтот и дека „нема воено решение“.

Сепак, еден функционер призна дека „наспроти нашите најдобри намери кон војната, таа ќе трае некое време“.

„Ја осудуваме агресијата; многу силно ја чувствуваме Украина“, рекоа тие, „но двете страни треба да го решат проблемот“.

Официјалните лица, исто така, го удвоија одбивањето на Унгарија да обезбеди каква било смртоносна воена опрема за Кијив и покрај големите цивилни жртви и бруталната руска окупација.

„Ние не доставуваме смртоносна опрема; нашата работа во владата е да ја обезбедиме безбедноста на Унгарија и на ниту една друга земја“.

„Нашата улога во ова е да го заштитиме суверенитетот на нашата сопствена земја; ова е она за што сме одговорни“, рекоа тие.

Извор: Еуроњус

Подготви: А. В.

Брисел Виктор Орбан Војна во Украина Москва
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.