Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше презентација на Насоките за конфискација и одземање на имот, документ кој беше подготвен со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во соработка со надлежните институции, соопшти владината прес-служба. -Овој документ е наменет за јавни обвинители и истражителите од МВР, Царинската управа и Финансиската управа, а еден сегмент се однесува и на управување со одземениот имот и меѓународната соработка. Насоките ќе им обезбедат на истражителите и обвинителите преглед на чекорите што треба да ги преземат во најраната можна фаза од текот на…
Американските воени авиони извршија напади во источна Сирија врз објекти поврзани со милитантни групи поддржани од Иран за кои се верува дека се одговорни за повеќе од десетина ракетни и беспилотни напади врз американски војници во Ирак и Сирија, во кои беа повредени 21 припадник на војската, соопшти војската во четвртокот навечер. . „Денеска, по наредба на претседателот Бајден, американските воени сили изведоа самоодбранбени напади врз два објекти во источна Сирија што ги користат Корпусот на гардата на Исламската револуција (ИРГЦ) и придружните групи на Иран“, рече министерот за одбрана Лојд Остин во изјавата што ја пренесува повеќе светски медиуми,…
Во текот на вчерашниот ден Советот на ЕУ покажа единство и се надевам дека таков став ќе манифестира и на денешното продолжение кога треба да разговараме за многу важни теми од економијата и од надворешната политика, како за поддршката на Украина и за состојбите на Западниот Балкан и регионот на Сахел, но и за претстојниот Самит за климата и за миграцијата, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел пред почетокот на вториот ден на Самитот на ЕУ во Брисел. – Ќе го одржиме и Евро самитот, кој е од фундаментална важност за сите нас за да ја осигуриме европската…
Тројца мигранти рано утринава загинале, а еден е ранет во меѓусебна престрелка во напуштените објекти на поранешниот земјоделски имот „Бачка“ кај населеното место Хоргош, односно во пограничниот појас на Србија со Унгарија, потврдија во Полициската управа во Кикинда, јави дописникот на МИА од Белград. Престрелката се случила надвор од населениот град Хоргош, но граѓаните на таа населба се вознемирени и од рано утрово на социјалните мрежи пријавуваат за долготрајната пукотница која се слуша од пограничната зона. Пукотниците се слушале и во блискиот град Суботица. Според жителите на Суботица, пукањето траело околу 25 минути, а звуците станувале се погласни, како вооружените…
Влезете во светот на шест актери кои го чекаат својот повик. Чекајќи го повикот, секој од нив добива шанса да се соочи и да ја раскаже својата бура. Во рамките на овогодинешното 17. то издание на СКУПИ Фестивалот се одржа 6 дневна работилница под водство на режисерката Теа Беговска. Се работеше на перформансот со наслов БУРА И ПРОДОР чиј продуцент е СКУПИ Фестивал. „Како инспирација за овој перформанс тргнавме од познатото германско движење STURM UND DRANG, во превод Бура Продор, движење во уметноста кое донело нови форми кои силно продреле во делата на големите автори. Во оваа работилница се потрудивме…
Не е исклучена можноста политички ентитет, кој произлегува од Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти, да влезе во изборната трка на претстојните парламентарни избори во Северна Македонија. Како што дознава „Фронтлајн“, веќе се започнале активностите за формирање на правно лице кое произлегува од движењето во Косово, кое ќе се регистрира во Северна Македонија. Се очекува да го предводи Беким Ќоку, советникот за односи со Северна Македонија на косовскиот премиер Албин Курти, како и поранешниот дипломат и поранешен кандидат за претседател на Северна Македонија, Блерим Река. „Фронтлајн“ дознава и дека изборот на луѓе кои ќе го претставуваат центарот на Движењето „Самоопределување“ се…
Нема да побарам разрешување на министерот Спасовски поради перформансите на МВР и врвното професионално ниво на Министерството и на министерот, рече премиерот Димитар Ковачевски на собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи му на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки – дали ќе го разреши министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што рече, доказ за перформансите и професионалната работа на МВР се справувањето со криминалот, спречување илегална миграција, инвестиции во објекти и опрема во МВР, опремување на припадниците на Министерството, обуките, зголемување на примањата на припадниците на Министерството за внатрешни работи. -Тие се на највисоко ниво. Сите бројки кои се јавно…
Илјадници руски војници користат дрога, и во подзадината и во рововите на првите борбените линии во Украина. Според соговорниците на независниот руски весник „Верстка“ меѓу воениот персонал, во борбената зона приближно секој десетти пуши марихуана, а многумина користат посилни супстанции. Предозирање, испраќање во казнени групи на оние кои се фатени како ги користат, пакети со супстанции од волонтери и цените на лековите кои се зголемија неколку пати – сето тоа е вообичаено за многу руски војници на фронтот. Според „Верстка“, руските војници добиваат тешки дроги до нивните ровови во Украина. Употребата на дрога е честа кај руските војници во Украина. Според извештајот,…
Разговараше: Ана ВАСИЛЕВСКА Долгоочекуваниот дебитантски долгометражен филм на режисерот Игор Алексов „Лена и Владимир“, снимен по сценарио на Александар Русјаков, по скопската премиера го започна својот кино живот во неколку града. Оваа своевидна реинтерпретација на бајката за убавицата и ѕверот, е филмско остварување кое создадено со малку средства, а многу труд, посветеност и љубов од страна на целата екипа- токму така, како што и не е лесно да се раскаже анти-бајка, особено кога е плод на имагинација низ перспектива на возрасните. „Лена и Владимир“, во неполни два часа успешно го вовлекуваат гледачот во интимниот свет на болката на две човечки…
Светската здравствена организација објави список на медицински материјали за кои вели дека се подготвени и чекаат преку границата од Газа во Египет. Тие вклучуваат хируршка опрема за 3.700 трауматолошки пациенти, основни и неопходни здравствени услуги за 110.000 луѓе и медицинска опрема за 20.000 пациенти кои страдаат од хронични заболувања. СЗО повикува на „непосреден и непречен пристап до и преку Газа“. Десетици камиони со помош беа пуштени во Газа на граничниот премин Рафа во последните денови, но агенциите велат дека се потребни најмалку 100 дневно.
Со помалку од месец дена до претстојната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 14 ноември во големата сала на Националната опера и балет во Скопје, настанот ветува ден исполнет со клучни говори, панел дискусии и неформални разговори за интеграцијата на вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во областа на е-трговијата. Учесниците ќе имаат ексклузивната можност да научат од интернационалните и домашните индустриски пионери и лидери кои ефективно ја искористиле вештачката интелигенција за да ја забрзаат својата успешност во онлајн трговијата. Конференцијата ќе истражува како вештачката интелигенција ја менува реалноста на е-трговијата, навлегувајќи во клучни теми како што се искористувањето…
Руските пропагандисти лажирале потерница со јазични грешки. Медиумите блиски до Кремљ и Z-Телеграм каналите споделуваат фотографија од маж кого наводно го бара украинската полиција. Според пропагандистите, украинските безбедносни сили трагаат по полски државјанин кој наводно служел во вооружените сили на Украина, избегал од воена единица во регионот Полтава и извршил убиство. Ова е лажна вест. Таквото лице не е на списокот на барани лица што е достапен на официјалната веб-страница на Националниот полициски оддел во регионот Полтава, каде што се објавени сите податоци за злосторствата во регионот. Текстот на потерницата „се бара“ содржи фрази типични за рускиот јазик и грешки.…