Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грковска: Надлежните органи добиваат конкретни насоки за успешна конфискација на имот, неопходна е подобра меѓуинституционална координација

0
By Ана Василевска on October 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Славица Грковска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 27, 2023 12:17

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше презентација на Насоките за конфискација и одземање на имот, документ кој беше подготвен со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во соработка со надлежните институции, соопшти владината прес-служба.

-Овој документ е наменет за јавни обвинители и истражителите од МВР, Царинската управа и Финансиската управа, а еден сегмент се однесува и на управување со одземениот имот и меѓународната соработка. Насоките ќе им обезбедат на истражителите и обвинителите преглед на чекорите што треба да ги преземат во најраната можна фаза од текот на истрагата при собирањето докази за имотот и обезбедувањето на имотот, со цел да се изврши успешна конфискација“, нагласи вицепремиерката Грковска.

Таа додаде дека оваа активност е дел од Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење на финансиска истрага и конфискација на имот со Акциски план 2021-2023 година, чија имплементација ја координира Кабинетот за политики за добро владеење, преку Националната комисија задолжена за следење на имплементацијата на Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење на финансиска истрага и конфискација на имот со Акциски план 2021-2023 година.

-За да се стигне до тоа ниво на успешна конфискација, криминалистичките и финансиските истраги менторирани од јавен обвинител немаат простор за грешки. И затоа, неопходно е  истражните органи да воспостават ефективен систем за размена на финансиски и други информации во текот на целиот циклус на детектирање и одземање на имотот. Тој проток на информации мора да биде координиран и во согласност со постоечките домашни закони, политики и процедури, рече Грковска.

Најави дека во наредниот период ќе се зајакне механизмот за конфискација на нелегално стекнат имот и преку законското решение за конфискација на имот во граѓанска постапка.

-Нацртот е веќе даден на мислење во Европската комисија, затоа што сакаме да биде целосно усогласен со европските стандарди, а потоа ќе биде предмет на широка јавна дебата, за да воведеме законско решение кое ќе биде ефикасно применливо во пракса, потенцираше Грковска.

Вицепремиерката се осврна и на неопходноста од зајакнување на меѓуинституционалната соработка, која во наредниот период ќе се одвива преку Меѓуресорското координативно тело за институциите надлежни за справување на корупцијата.

Во подготовката на Насоките за конфискација и одземање на имот учествуваа претставници од Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиско разузнавање, Финансиската полиција, Царинската управа и Агенцијата за управување со одземен имот. Документот е изработен во рамки на проектот „Од нелегални финансиски текови до поврат на имот, кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, а е финансиски поддржан од  Владата на Обединетото Кралство.

конфискација на имот Славица Грковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.