Author: Biljana

Вознемирувачки видео снимки објавија денеска грчките медиуми на кои се гледа пустошот што го оставија пожарите кои го зафатија грчкиот остров Евија. Населбите на островот се опкружени со оган, пишува Екатимерини, додавајќи дека ситуацијата на јужниот дел на островот е и понатаму мирна. Пожарникарите веќе седми ден се борат со катастрофалниот пожар кој досега изгоре повеќе од половина милион хектари земјиште и уништи илјадници објекти. Во гаснењето на пожарите помагаат и 200 пожарникари од Украина и Романија. Грчките медиуми видеото го опишаа како приказ на „библиско уништување“. https://youtu.be/tecyCKXwNPw?t=1

Read More

Владата на Република Северна Македонија денеска преку видеоконференциска интернет врска ја одржа 98-та седница на која беше донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за услуги за прелети и за терминални услуги во воздушниот простор на Република Северна Македонија на летовите на воените и полициските воздухоплови на Србија, Црна Гора и Романија. Ослободувањето од плаќање на надоместокот на услугите за прелети и за терминални услуги на воени и полициски воздухоплови на наведените земји е за пружање помош во гасењето на пожарите на отворен простор. Одлуката на барање на Дирекцијата за заштита и спасување е со цел олеснување на процедурите…

Read More

Антивакциналните протести во Лондон ескалираа откако демонстранти се обиделе да упаднат во зградата на „Би Би Си“ во Вајт Сити, објави „Индипендент“. На снимките споделени на социјалната мрежа Твитер, може да се види како група демонстранти се обидува да влезе во зградата, но полициски службеници го обезбедуваат објектот. Демонстрантите првично излегле на протест во лондонски парк. https://twitter.com/i/status/1424707015083974657

Read More

Германската биотехнолошка компанија „БиоНТек“ денеска соопшти дека нејзините приходи се удвоиле во вториот квартал благодарение на продажбата на вакцината против Ковид -19, предвидувајќи дека ќе достигне 15,9 милијарди евра за целата година. Во вториот квартал, приходите на германската компанија која ја разви вакцината во соработка со американски Фајзер се искачи на 5,31 милијарди евра. Во истиот период минатата година, таа изнесуваше 41,7 милиони евра. Нето добивката изнесувала 2,79 милијарди евра во периодот од април до јуни. Вториот квартал минатата година компанијата го заврши со загуба од 88,3 милиони евра. Тие наведуваат дека заедно со Фајзер, до 21 јули оваа година,…

Read More

Министерството за информатичко општество и администрација ги поканува сите невладини организации, новинарски здруженија, припадници на академската заедница и поединци кои работат во областа на медиумите да поднесат писмо за номинација за претставници на Националниот совет за реформи во медиумската сфера. Формирањето на Националниот совет за реформи во медиумската сфера има за цел да придонесе, носењето одлуки во процесот на реформи да биде поткрепен на поширока консултација со јавноста и засегнатите страни. Оваа иницијатива ќе ги обедини сите релевантни медиумски чинители во Република Северна Македонија и ќе овозможи простор отворено да се дискутира за реформите што Владата планира да ги спроведе…

Read More

Механизмот на ЕУ за цивилна заштита е активен уште од самиот почеток на пожарите. Со помошта од Австрија, Словенија и Бугарија и воздухопловот од Романија досега држиме се под контрола, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути, кој заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир денеска го посетија кампот на австриските пожарникари во пехчевско. Максути нагласи дека ветерот одвреме навреме прави потешкотии во справувањето со пожарите, но дека сите припадници кои се на терен, оневозможуваат тој да се проширува на други предели. Како што посочи, утринава временските услови биле поповолни, но околу 12 и два часот напладне дошло до…

Read More

Седум штитеници на пензионерски дом во Белгија починаа откако се заразиле со колумбиска варијанта на коронавирусот, и покрај тоа што биле целосно вакцинирани, рекоа денеска вирусолозите кои го анализирале вирусот. Вирoлогот на Универзитетот во Левен, Марк Ван Ранст рече дека седумтемина починати во пензионерскиот дом во белгискиот град Завентем биле во осумдесеттите или деведесеттите години. Тој додава дека е загрижувачки што починале иако биле целосно вакцинирани. Во Завентем, 21 жител на пензионерски дом и неколку вработени се заразиле. Вработените во домот имале само благи симптоми. „Научниците сеуште не знаат дали колумбиската варијанта се пренесува полесно од другите“, рече тој. Оваа…

Read More

Тони Наварет (35) сенатор од Аризона и член на Демократската партија е уапсен под обвинение за несоодветен сексуален однос со малолетничка, соопшти американсата полиција на Аризона. Наварет беше приведен под обвинение дека во неколку наврати имал несоодветен сексуален однос со малолетничка. Полицијата добила пријава во средата за несоодветен сексуален однос што наводно се случил во 2019 година, објави АП. Портпаролот на локалната полиција одби да даде дополнителни информации за случајот, велејќи дека полицијата не сака да привлекува внимание на случајот „за заштита на жртвата“. Наварет служи втор мандат на Конгресот во Аризона, откако имаше еден мандат во Претставничкиот дом.

Read More

Експлозија во деловна зграда ги вознемири жителите на Истанбул. Турските медиуми пренесуваат дека на местото на експлозијата се испратени голем број противпожарни екипи. Како што пренесуваат турските медиуми, гори големо складиште на логистичка компанија. По експлозијата избил пожар и набрзо црн чад се надвил над зградата. https://twitter.com/i/status/1423676416814575621 https://youtu.be/uoI0evhy-fg?t=2

Read More

Дури 97 проценти од новите случаи на Ковид-19 во Германија биле заразени со делта варијантата, објави германската државна агенција за контрола на болести. Здравствените власти трет ден по ред регистрираат над 3.000 нови инфекции, а во последните 24 часа Институтот Роберт Кох потврдил уште 3.448 нови случаи на коронавирус, најголем дел тинејџери и помлади лица. Во Германија има 29.900 активни случаи на Ковид-19 и покрај големото зголемување на бројот на случаи во последните недели, бројот на хоспитализации и смртни случаи остана релативно низок, во споредба со првиот и вториот бран на пандемијата. 45 милиони луѓе во Германија или 54,1 проценти…

Read More

Окружниот суд во Москва денеска го осуди Олег Навални, братот на опозицискиот лидер Алексеј Навални, на една година затвор условно поради кршење на епидемиолошките мерки со повикување за улични протести. Протестите и други масовни собири беа забранети во Русија за време на пандемијата на коронавирусот. Уште неколку соработници на Навални се соочија со истите обвиненија во контроверзниот кривичен случај започнат од руските власти по масовните протести против апсењето на опозицискиот лидер, кои ја потресоа Русија во јануари. Во вторникот, блиската соработничка на опозицискиот лидер, Љубов Собол беше осудена на една и пол година условно за истите обвиненија. Навални, најгласниот критичар…

Read More

Жител на атинското предградие Ипократио Политиа, каде што пожарот сѐ уште е вон контрола, загина денеска откако се здобил со удари во главата по пад на столб за струја, јави дописничката на МИА од Атина. Мажот, на 38-годишна возраст, со сериозни повреди бил пренесен во болница, од каде што соопштија дека 70 минути траеле обидите да се реанимира, но безуспешно. Пожарите во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и понатаму се активни и не се ставени под контрола и покрај напорите на пожарникарите

Read More