Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Денот на предавање на мандатот на партијата победник на изборите за формирање на новата бугарска Влада ќе биде познат кога партиите ќе гарантираат дека постигнале резултат во преговорите, искоментира бугарскиот претседател Румен Радев при неговата посета на Велико Трново, јави дописникот на МИА од Софија. Според него, партиите мора да дадат јасни гаранции дека нема да отстапат од овој правец и дека и ќе создадат таква влада, која ќе биде обединета со приоритети и цели што се во интерес на бугарските граѓани. Мотивите на привремените бугарски министри за внатрешни работи и за правда да побараат смена на главниот обвинител Иван…
Над 160.000 лица демонстрираа во Франција против новите здравстени мерки, од кои околу 11. 000 во Париз. Полицијата вечерва успеа да ја врати контролата кај Елисејските полиња, додека демонстрантите им викаа: „ова го правиме за вашите деца“; „Направете државен удар, момци!“, јави дописникот на МИА. Според процените на Министерството за внатрешни работи денеска демонстрираа 161. 000 демонстранти во Франција, наспроти 114. 000 минатата недела. Од друга страна, тие биле помалубројни во Париз 11. 000, наспроти 18. 000 на 17 јули. Инаку, најважните собири се одржаа во Париз, но исто така и на југот на Франција, во Марсеј, Ница и Монпелје.…
Од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини против Ковид-19, 96 биле позитивни на коринавирусот по примена втора доза вакцина. Тоа значи дека само 0,02 отсто се заразиле со Ковид-19 што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, соопшти Министерството за здравство. Од 96-те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со Ковид биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни, иако еден од нив е со тешко хронично заболување. „Нема ниту еден починат пациент со Ковид, а кој има примено…
Владата на Северна Македонија со исклучително внимание ги разгледува сите наоди и аспекти од извештајот на Стејт департментот на САД, после што забелешките ќе бидат адресирани до засегнатите чинители со цел уште повеќе да ги зајакнеме антикорупциските политики и да ја подобриме инвестициската клима во земјава. Владата е одлучна и сериозно посветена на решавање на наталожените и децениски проблеми, а справувањето со високата корупција и организиран криминал е на врвот на приоритетните национални реформи кои веќе испорачуваат резултати. Прочистувањето на правосудството, постојаното зголемување на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите со која се отстранува…
Бугарија од понеделник, 26 јули, се затвора за патниците-странци кои ќе пристигнуваат од Холандија, Малта, Андора и Грузија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на бугарските државјани кои пристигнуваат од овие земји, како и на лицата со постојано жителство во нив и членовите на нивните семејства, дозволен ќе им биде влез во земјата само со негативен тест за Ковид-19, без разлика дали биле вакцинирани или не, се предвидува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство. Во Црвената зона од минатата недела се и Велика Британија, Шпанија, Кипар и Кувајт. Влегувањето во црвената зона значи дека Бугарија не…
Во рамки на проектот „МКарта“, денеска е остварена видео средба со истакнати претставници на дијаспората, избрани да бидат носители на првите МКарти. Проектот, кој произлегува од надлежностите на Министерството за надворешни работи поврзан со дијаспората, беше претставен во мај оваа година од страна на министерот Бујар Османи. Како што информира МНР, денешната видео-средба следува по приемот организиран во просториите на Министерството за надворешни работи за припадниците на дијаспората, но и како продолжение на многубројните проекти кои Министерството ги развива, а кои директно се поврзани со дијаспората. На предлог на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија вкупно 68 истакнати членови на…
Лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова, по разговорите со партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, оцени дека тоа што денеска се случи е прв добар чекор кон разговори и дијалог за договор за воспоставување на идната бугарска Влада. Меѓутоа, според дописникот на МИА од Софија, меѓу двете партии остануваат некои разлики. Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија утре ќе разговара за преговорите и, доколку добие мандат, разговорите ќе продолжат. Нинова коментира дека меѓу нив има повеќе заеднички работи отколку разлики. Лидерката на БСП коментираше дека тие се против приватизацијата на Бугарската државна банка за развој…
По првата национална мобилизација на 17 јули, денеска во Париз и во многу други француски градовим се одржуваат нови демонстрации против продолжување на здравствениот пасош и задолжителна вакцинација против Ковид-19 за одредени професии, јави дописникот на МИА. Според проценки на властите, низ цела земја се очекуваат речиси 110.000 демонстранти. Овие демонстрации доаѓаат во моментот кога мнозинството Французи (76 отсто) ја одобруваат одлуката на претседателот Макрон да ја направи вакцинацијата задолжителна за негувателите, медицинскиот персонал и другите професии во контакт со луѓе, предвидувајќи казни за оние кои нема да ги почитуваат мерките. Текстот на законот за проширување на употребата на здравствениот…
Граѓаните се светост и само тие определуваат кој треба да биде избран за градоначалник и затоа ние ги селектираме најдобрите можни кандидати, истакна премиерот Зоран Заев и прв човек на партијата на власт СДСМ, а во врска со амбиентот пред престојните локални избори. Заев нагласи дека СДСМ е фаворит во сите градови затоа што тоа го потврдуваат и анкетите. „Драго ми е што довербата кај граѓаните за сите наши потенцијални кандидати е голема и затоа сакаат да се кандидираат добри кандидати, звучни имиња, одговорни луѓе, докажани во професијата и тоа е една голема предност која што не прави фаворити на…
Американскиот Стејт Департмент објави извештај за Македонија. Документот со наслов „Инвестициската клима во 2021 година“ опфаќа повеќе сфери, а меѓу нив и корупцијата, каде што владата е критикувана за селективна борба против овој проблем. „Спроведувањето на законите за борба против корупцијата на моменти беше слабо и селективно насочено кон владините критичари и престапници од низок ранг. Има кредибилни обвинувања за корупција во полицијата, обвинителството, судството и многу други сектори“ Американската администрација ја фали активната улога на Државната комисија за спречување корупција и нивниот напор да истражуваат коруптивно однесување кај високи политички претставници. Во извештајот нотирана е и улогата на сега…
Премиерот Зоран Заев во придружба на шефот на Делегација на ЕУ во нашата земја Дејвид Гир, министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалничката Наташа Петровска денеска во Битола го промовираа реконструраниот Римски пат кој од градот води кон античкиот локалитет Хераклеја Линкестис. Според премиерот Заев, со реализација на прекуграничниот проект поддржан од програмите на ЕУ, бројни посетители и туристи од земјава и светот ќе имаат соодветен пристап до споменичните вредности на Хераклеја Линкестис. „Општина Битола како водечки партнер во проектот изврши реконструкција на стариот Римски пат до локалитетот, а од албанска страна се реконструираше постоечката стара училишна зграда во селото…
Меѓународната заедница треба да преземе чекори за да го запре прогонот на христијаните на Блискиот Исток и Северна Африка, изјави Сергеј Лавров за телевизијата Русија-24. Руското Министерство за надворешни работи и Руската православна црква, додава Лавров, имаат многу заеднички проекти, а еден од нив е најактуелен – преземање специјални чекори за заштита на христијаните, особено на Блискиот Исток и Северна Африка, пренесе Тасс. На маргините на средбата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХРЦ) се оддржа специјален форум за поддршка на христијаните, на која учествуваше и Одделот за надворешни…