Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судири меѓу полицијата и противниците на здравствениот пасош на Елисејските полиња

0
By Biljana on July 24, 2021 СВЕТ
Фото: АФП
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 24, 2021 21:32

Над 160.000 лица демонстрираа во Франција против новите здравстени мерки, од кои околу 11. 000 во Париз. Полицијата вечерва успеа да ја врати контролата кај Елисејските полиња, додека демонстрантите им викаа: „ова го правиме за вашите деца“; „Направете државен удар, момци!“, јави дописникот на МИА.

Според процените на Министерството за внатрешни работи денеска демонстрираа 161. 000 демонстранти во Франција, наспроти 114. 000 минатата недела. Од друга страна, тие биле помалубројни во Париз 11. 000, наспроти 18. 000 на 17 јули.

Инаку, најважните собири се одржаа во Париз, но исто така и на југот на Франција, во Марсеј, Ница и Монпелје. Вкупно, Министерството за внатрешни работи забележа 168 демонстрации на кои најчесто можеше да се слушнат извиците „За слобода“ и „Против здравствената диктатура, против проширувањето на здравствениот пасош и задолжителното вакцинација против Ковид-19 за одредени професии.

Многу големо мнозинство Французи (76 отсто) сепак ја одобруваат одлуката на претседателот, Емануел Макрон, да ја направи вакцинацијата задолжителна за здравствените работници и другите професии, со казни. Проширувањето на здравствениот пасош (целосна вакцинација или неодамнешен негативен тест) добива мнозинско одобрување, но нивниот процент варира во зависност од засегнатите места.

-Ќе поминевме и без здравствениот пасош ако контекстот беше поинаков, рече министерот за здравство, Оливие Веран, додавајќи дека ќе му стави крај на ова што е можно побрзо.

„Кога 90 или 95 отсто од населението ќе бидат вакцинирани ќе имаме 300 случаи дневно, место сегашните 20. 000. Ќе живееме со Ковид-19 се додека не исчезне самостојно, рече министерот пред Сенатот, во петокот вечерта, објаснувајќи дека моделите „предвидуваат силен бран со кој ќе бидат погодени болниците, што може да биде многу тежок на средина или на крајот на август“.

Во обид да се запре прогресијата на делта варијантата на вирусот, претседателот Емануел Макрон на 12 јули претстави серија мерки, што делумно влегоа во сила во средата. Иако потврдата веќе се бара во културните и забавните простории, мерката треба да се прошири на кафулињата, рестораните и возовите на почетокот на август.

Одредба за новиот текст, моментално разгледувана во Сенатот по усвојувањето на првото читање во Националното собрание, го отвора патот за отпуштање на работници во установи отворени за јавноста кои одбиваат да имаат здравствен пасош-односно целосна вакцинација. Предлог-законот, исто така, предвидува задолжителна вакцинација за негуватели, медицински персонал, пожарникари и професионалци кои работат со стари лица.

антиковид протести протести Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.