Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Битола промовиран нов Римски пат кој води до Хераклеја Линкестис

0
By Biljana on July 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 24, 2021 15:46

Премиерот Зоран Заев во придружба на шефот на Делегација на ЕУ во нашата земја Дејвид Гир, министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалничката Наташа Петровска денеска во Битола го промовираа реконструраниот Римски пат кој од градот води кон античкиот локалитет Хераклеја Линкестис.

Според премиерот Заев, со реализација на прекуграничниот проект поддржан од програмите на ЕУ, бројни посетители и туристи од земјава и светот ќе имаат соодветен пристап до споменичните вредности на Хераклеја Линкестис.

„Општина Битола како водечки партнер во проектот изврши реконструкција на стариот Римски пат до локалитетот, а од албанска страна се реконструираше постоечката стара училишна зграда во селото Глобочани во Пустец. Овој проект има значаен придонес за прекуграничната соработка во регионот и долгорочно има за цел да го зголеми квалитетот на туристичката понуда во поширокиот регионален опфат почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча. Радува фактот дека прекуграничната соработка продолжува и понатаму и за таа цел развиени се уште пет туристички пакети за регионот Пелагонија-Корча кои се во фаза на подготовка за промоција. Сите тие и други слични проекти се значаен придонес за заживување на овој регион кој има многу скриени убавини и кои туристите се уште не ги откриле“, рече Заев.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир нагласи дека овој проект се смета како дел од европското културно наследство.

„Нашата поддршка е знак дека овој локалитет освен што го сметаме за културно наследство на земјата, туку и како дел од европското културно наследство, односно општото човечко културно наследство. Благодарение на нашата поддршка веруваме дека повеќе луѓе ќе уживаат во локалитетот и дека лекциите што ни ги покажува во однос на нашата поврзаност, културата и идентитетот и понатаму ќе ни помагаат да ја обликуваме заедничката иднина“, посочи амбасадорот Гир.

Во проектот SmartCulture вложени се над 704.000 евра, информира градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, додавајќи дека е дел од мозаикот проекти кои локалната самоуправа ги реализира во тој град.

„Општина Битола прв пат во прекугранична соработка е лидер на проект SmartCulture кој е во висина од над 704.000 евра со кои направивме големи инфраструктурни зафати во делот на пристапот до Хераклеја реконструкција на Римскиот пат, архаично адаптиран, а променето и осветлувањето и други интевенции во локалитетот Хераклеја. Со овој проект отвораме перспективи за развој на регионот со посебен акцент на туризмот како привлечна атракција за туристите“, истакна Петровска и потсети на други проекти од сферата на културата кои општината ги завршила како што се Офицерскиот дом, киното Манаки, Старата чаршија во Битола и друга поддршка на Музејот во овој град.

За време на посетата во Хераклеја Линкестис гостите имаа прилика да ги погледнат и другите знаменитости на античкиот локалитет.

Битола Хераклеа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.