Author: Biljana

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се јави со реакција на социјалната мрежа Фејсбук, за пораките кои денеска му ги упати министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски од граѓанската трибина во Гостивар. „Министерот кој потпиша македонски пасоши на балкански нарко босови, а нема за македонските граѓани, нема регистарски таблички, осуденици му бегаа од затвори, се прислушкуваа обвинители и судии, шверцуваа цигари градоначалници, шверцуваа дрога и мигранти полициски началници и што ли уште не, зборува за реформи! Ова е нашата реалност што ја нудат овие луѓе. Криминал, корупција, срам и порази. Јас нема да зборувам на нивото…

Read More

ВМРО ДПМНЕ која е синоним за поделби во државата не може да биде партија на сите граѓани како што сега сакаат да се претстават, порача Венко Филипче министер за здравство и потпретседател на СДСМ, денеска на граѓанската трибина во Гостивар. „Изминатиов период слушаме дека ќе се ребрендирале, ВМРО ДПМНЕ ќе била партија за сите граѓани. Уште една голема лага, не може ВМРО ДПМНЕ да е партија за сите граѓани кога се тие синоним на поделба. Ги делат лекарите на наши и ваши. Ги делат граѓаните на патриоти и предавници. Не почитувани граѓани, волкот го менува влакното ама карактерот не го…

Read More

Минатата година беше специфична за сите земји во светот, не снајде пандемија за која ниту еден здравствен систем, ниту една земја не се спремала ниту очекувала и покажавме што значи добар менаџмент на здравствена криза, покажавме што значи тимска работа, покажавме што значи пожртвувана работа, рече министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче на граѓанска трибина во Гостивар. „Покажавме дека граѓаните може да се чувствуваат сигурни, покажавме што значи одговорност. Што правеше политичкиот опонент ВМРО-ДПМНЕ, лажеше, креираше лажни вести, клеветеше, се закануваше, како некој да им се плаши од заканите. Знаеме дека нивните закани се закани на страв…

Read More

Повторно убави вести од дневниот билтен на Министерството за здравство. Во последното деноноќие нема починати пациенти од Ковид 19, а регистрирани се 8 нови случаи. Тројца ново заразени има во Скопје, во Струмица двајца, Куманово, Велес и Кичево по еден. Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања. Регистрирани се 72 оздравени пациенти од: Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар – по 1. Не се регистрирани нови починати лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата…

Read More

„ВМРО-ДПМНЕ ја лажат јавноста дека се смениле дека ќе нуделе концепт за сите луѓе. Не е тоа концепт за сите луѓе, тоа е концепт за сите криминалци, затоа што нема криминалец што ВМРО-ДПМНЕ не го бранат и не го поддржуваат. Тоа знаат тие, да работат против правдата, да бидат на браникот на криминалот, на браникот на криминалците во нивните редови. И затоа Мицкоски не може да понуди ништо ново, тој не може да донесе реформа ниту во својата партија, а не пак да носи промени во општините или државата“ рече потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски…

Read More

Во рамки на редовните теренски активности на ВМРО-ДПМНЕ, денеска потпретседателот на партијата Александар Николовски, имаше средба со Општинскиот комитет во Гази Баба и посета на Општина Гази Баба. Николовски најави дека нивната партија очекува убедлива победа на претстојните локални избори. -После локалните избори очекуваме победа за градоначалник и Општина Гази Баба да ја води градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ кој ќе ја реализира програмата која заедно со граѓаните веќе ја спремаме и треба да даде одговори на клучните прашања за живеењето во Гази Баба и да стави крај и стоп на криминалните политики кои ги води актуелниот градоначалник пред се во делот…

Read More

Петмина градежни работници загинаа, а деветмина се повредени при уривањето на училишна зграда во реконструкција во Антверпен, Белгија. Истрагата за причините за несреќата е во тек. Петмина повредени работници се хоспитализирани, тројца се на интензивна нега и еден е пуштен на домашно лекување, објави локалната противпожарна служба на Твитер. Белгискиот крал Филип и премиерот Александар де Кро го посетија местото на несреќата. Меѓу работниците имало државјани на Португалија, Романија и Украина, објавија белгиските медиуми.

Read More

Полицискиот час е укинат во Франција оваа недела, 245 дена по неговото влегување во сила. Насекаде на територијата, сега е можно слободно движење по 23 часот. И индикаторите се зелени во земјата, каде во последните 24 часа има 2.624 нови пациенти и 22 смртни случаи, јави дописникот на МИА. Помеѓу крајот на носењето на маската надвор и укинувањето на полицискиот час скоро насекаде во Франција, неделата е обележана со значително намалување на здравствените мерки. Имено здравствената состојба значително се подобрува секој ден, а податоците од болниците го докажуваат тоа уште еднаш: притисокот врз болничките служби продолжува да опаѓа, со 1.703…

Read More

Народниот правобранител по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, кога целата меѓународната јавност своето внимание го насочува кон состојбите на присилно раселените лица, се приклучува кон апелот на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации за потребата од поголема инклузивност на оваа категорија лица, особено во областите здравство, образование и спорт. Имено, Народниот правобранител, соопштија од неговата канцеларија, како национална институција за човекови права постојано го следи постапувањето со мигрантите и бегалците на територијата на Република Северна Македонија и во повеќе наврати укажува на предизвиците со кои се соочуваат овие лица во пристапот до здравствените услуги и…

Read More

Регулаторната комисија треба да ја одредува и цената на водата, затоа што ќе го релаксираме и притисокот на политиката врз работењето на овие јавни комунални претпријатија, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. „Ние немаме никаков притисок, а членови на Советот се од различни политички партии и мнозинството секогаш се труди да донесе условно кажано популарна одлука. Но знаете дека во изминатиот период има доста општини каде што има прекин во водоснабдувањето. Во тој период секое домаќинство сигурно ќе си купи флаша вода од продавница. Едно шише вода не е под…

Read More

Автор: Аделина Марку Велат, недоразбирањата и караниците не би траеле долго ако вината е само на едната страна. Наративот на нашето поднебје честопати е по потрага на виновникот, притоа губејќи ја таа линија на авангардизам која умее да структурира синергија и потенцијал за соработка! Надминувањето, скокот или „надсебепоставеноста“, зависи од културата! Општа теза, нели! Но, дозволете ми да споделам неколку точки, за да потврдам дека просторот за културната дипломатија и регионалната соработка е големиот предизвик на земјите од Западниот Балкан. И оваа не е само клише или политичка констатација, туку е нешто сосема поголемо! Дотолку повеќе заради фактот што досега…

Read More

Две недели по силните експлозии во фабриката за наменска индустрија „Слобода“ во српскиот град Чачак, синоќа повторно се случнаа детонации од истото место. Тројца работници се полесно повредени, а еден е задржан на одделение за интензивна нега на лекување, јави Бета. Евакуирани се околу 350 лица кои живеат во близина на фабриката. Во текот на ноќта беше изгаснат пожарот, по што дел од евакуираните се вратија во своите домови. Според првите податоци, синоќешната детонација предизвикала пожар надвор од фабричкиот круг на две места. Детонацијата ги искрши прозорците во еден погон на фабриката, при што тројца работници се здобиле со исеченици.…

Read More