Author: Biljana

Масовната вакцинација на македонските државјани продолжи и викендов во Србија, каде нашите државјани бесплатно се вакцинираат без пријавување само со потребните лични документи, јави дописникот на МИА од Белград. Најголем број се упатуваат на вакцинација во Врање, каде на избор им се вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“. Според извештајот на Здравствениот дом во Врање, во саботата, на 12 јуни бројот на вакцинирани граѓани на Северна Македонија е 581, а во неделата имунизиран е 391 Македонец. „Досега 4502 македонци се вакцинирани во Врање“, изјави лекарот Д-р Слаѓан Младеновиќ од Здравствениот дом, кој додаде дека граѓаните на Македонија кои ја примиле првата…

Read More

За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а за еден денар на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според тоа, Еуросупер БС-95 во следните седум дена ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар, а дизелот за 61,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 61 денар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,348 денарри за килограм и сега тој ќе се продава по цена од 35,237 денари за литар. Со оваа…

Read More

„Ова е историски момент, ова е прв самит на НАТО за Северна Македонија како полноправна членка. Тоа е исто така прв Самит за НАТО со 30 членки. Ова е голем успех и за Северна Македонија и за НАТО“, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, пред денешниот Самит на НАТО во Брисел. „Членството во НАТО беше реализација на нашата стратешка цел, но дополнително со нашето членство, Алијансата ја подобри безбедноста и стабилноста на регионот на Западен Балкан. Ние сме посветени на визијата за Балканот во 21 век, како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за…

Read More

60% поефикасни и потранспарентни судски постапки најави министерот за правда Бојан Маричиќ, преку спроведување на проектот за дигитализација во судството. „Дигитализацијата за жал во некои сегменти од општеството наидува на отпор, но отпор кон модернизацијата не треба да има“, вели Маричиќ, според кого на овој начин ќе се намалат и трошоците за граѓаните. За оваа намена министерот сподели дека наскоро ќе се дигитализираат двесте судници, а ќе следуваат и измени во законските решенија. „Министерството за правда со директна помош на САД, ЕУ, ОБСЕ и Норвешка, целосно ќе дигитализира речиси 200 судници и 34 судови низ земјата. Тоа за граѓаните ќе…

Read More

Пред почетокот на денешниот Самит на НАТО, генералниот секретар на Пактот, Јенс Столтенберг се осврна на клучните теми кои ќе бидат на маса на лидерите на земјите членки и повтори дека Западниот Балкан е од голема важност за Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова прв Самит со учество на Северна Македонија како полноправна членка на Алијансата, како и прв за новиот американски претседател, Џо Бајден. Македонската делегација ја предводи премиерот Зоран Заев. Во последните години, две земји од регионот станаа членки на НАТО. – Имаме нови земји членки од тој регион во последните неколку години, со тоа докажавме…

Read More

Република Северна Македонија првпат учествува како горда рамноправна членка на НАТО, заедно со останатите 29 сојузници и пријатели на денешниот Самит на НАТО, напиша на неговиот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев. „Еден за сите, сите за еден, затоа што заедно сме посилни! Денеска се одржува НАТО Самитот, на кој Република Северна Македонија за првпат учествува како горда рамноправна членка на НАТО, заедно со останатите 29 сојузници и пријатели“, стои во објавата на премиерот. Денеска во Брисел, премиерот Заев ја предводи владината делегација составена од министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на НАТО Самитот 2021. Ова…

Read More

Ново олеснување на мерките предложи утрово Комисијата за заразни болести. Стабилната епидемиолошка состојба во земјата и намалениот број на ново заразени со Ковид 19, е причина епидемиолозите да предложат олеснување на рестриктивните мерки. Од Владата информираат дека Главниот кризен штаб ги прифатил препораките на Комисијата, а за нив ќе се одлучува на владина седница. Доколку бидат усвоени ќе стапат на сила на 16 јуни. Комисијата за заразни болести педлага: Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова. Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави. Да се дозволи организација на…

Read More

Запишувањето во прва година средно образование во учебната 2021/2022 година почнува денеска и ќе трае во наредните три дена. Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во јавните средни училишта слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши согласно распореди подготвени од училиштата.  Во јунскиот уписен рок има три пријавувања и запишувања – првото е на 14 јуни од 12 до 19 часот, на 15 и 16 јуни училиштата ќе примаат пријави од 7 до 19 часот и на 17 јуни – од 7 до 15 часот. Ранг-листите со…

Read More

Најмалку петмина пациенти на возраст од 20 до 30 години, во изминатите неколку месеци, имале кардиолошка интервенција во ГОБ „8 Септември“ по добиен инфаркт како последица од Ковид 19. Доктори интернисти раскажуваат дека младите луѓе кои побарале медицинска помош поради компликации со срцето, пред да го прележат вирусот биле физички здрави и без сериозни здравствени проблеми. Кардиологот Владимир Ристовски, за НОВА ТВ открива дека бројот на прегледи со корона пандемијата се зголемил двојно, а како најчести компликации на кои се жалат пациентите биле тахикардија и варијации во крвниот притисок. „Секој втор пациент се жали на срцебиење и на промени во…

Read More

„На трибините од караванот ‘Најдоброто за нашата општина’, ќе го презентираме досега сработеното, но имаме намера да го слушнеме и вашиот глас. Да кажете отворено од што сте задоволни, што сметате дека треба да се промени, што сметате дека во иднина треба да се направи. За нас зборот е збор. Она што вие сметате дека е најдобро за вашата општина, тоа ќе се најде во програмата за локалните избори, тоа и ќе се реализира“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „Најдоборото за нашата општина“ во Скопје. „ Вашиот глас е слушнат и уважен, за тоа…

Read More

Во вечерашното издание на емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија во која гостуваше министерот за здравство д-р Венко Филипче, истакна дека во текот на кризата со пандемијата здравствените работници ги оправдаа покачувањата на платите кои во изминатиот период беа реализирани, но и паричните средства кои ги добија како награда кон крајот на изминатата 2020 година. Тој истакна дека оваа инвестиција чинеше вкупно 30 милиони евра, почнувајќи од 2017 година па наваму, со што токму оваа инвестиција е влогот во човечкиот капитал и влогот во младите кои треба да ги мотивираме да се едуцираат и развиваат професионално во државата, како…

Read More

Силна поддршка за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија изрази францускиот претседател Емануел Макрон на средбата со македонскиот државен врв. „Вашата земја заслужува да ги почне преговорите со ЕУ без одложување. Време е да се конкретизира ова одлука и ние ќе работиме да се најде решение за почеток на преговорите“, истакна Макрон на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев. Премиерот Заев се заблагодари за силната поддршка од Франција и посочи дека претстојниот Самит во јуни е можност да се дојде до решение кое ќе ја отргне блокадата од патот на Северна Македонија кон Унијата. „Денешната средба ги збогатува нашите…

Read More