Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пост ковид аларм: Секој втор пациент развива тахикардија по прележан Ковид -19

0
By Biljana on June 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 13, 2021 08:54

Најмалку петмина пациенти на возраст од 20 до 30 години, во изминатите неколку месеци, имале кардиолошка интервенција во ГОБ „8 Септември“ по добиен инфаркт како последица од Ковид 19. Доктори интернисти раскажуваат дека младите луѓе кои побарале медицинска помош поради компликации со срцето, пред да го прележат вирусот биле физички здрави и без сериозни здравствени проблеми. Кардиологот Владимир Ристовски, за НОВА ТВ открива дека бројот на прегледи со корона пандемијата се зголемил двојно, а како најчести компликации на кои се жалат пациентите биле тахикардија и варијации во крвниот притисок.

„Секој втор пациент се жали на срцебиење и на промени во крвниот притисок. Бројот на пациенти во сала за елективни процедури е значително зголемен. Ако пред пандемијата на пример работевме по седум пациенти дневно, од нив четворица беа со нормален уреден наод, а еден беше патолошки променет, сега дури шест пациенти завршуваат со стентирање, а еден има уреден наод“, вели за НОВА ТВ, доктор Владимир Ристовски, интернист – кардиолог од ГОБ „8 Септември“.

Најчеста пост ковид компликација е белодробна тромб емболија, вели доктор Ристовски и додава дека не ретко пациентите на болничко лекување доаѓаат со  акутен инфаркт на срцето и акутна тромбоза на артериите на горните и на долните екстремитети.

„Во поретки случаи се јавува воспаление на срцевиот мускул (миокардит). Значителен е и порастот и на акутни исхемични мозочни удари по прележан ковид, предизвикани од откачен тромб“, додава каргиологот Ристовски.

Одделите за пулмологија, кардиологија и неврологија во ГОБ „8 Септември“ имаат полни раце работа со пост ковид симптоматологии, бидејќи голем дел од пациентите се жалат токму на невролошки симптоми. Зголемен обем на приеми имале и докторите невролози, бидејќи кај дел од пациентите, по прележан корона вирус се јавувало акутно воспаление на нервите.

„Сега работиме со две кардиолошки амбуланти, но наскоро ќе се отвори и трета, бидејќи обемот на работа е значително зголемен. Дневно се прават и по 40-тина прегледи по амбуланта или вкупно 80 кардиолошки прегледи секој ден. Компликациите кои овие неколку месеци ги третираме се уште од првиот, оригиналниот корона сој, од пролетта минатата година“, вели доктор Владимир Ристовски.

 

Германија отвори специјализирани центри за лекување на пост ковид компликации

Германија, земја со еден од најразвиените здравствени системи во Европа, веќе отвори пост ковид амбуланти во речиси сите поголеми универзитетски болници во земјата. Доктор Горан Трајковски, интернист од Македонија, кој долги години живее и работи во германскиот град Нирнберг, вели дека интердисциплинарен тим од кардиолози, пулмолози, ревматолози, невролози и физиотерапевски работат со лациенти кои имаат пост ковид синдром. За да се дојде до лекување во еден од овие германски центри потребен бил упат од матичен лекар. Доктор Трајковски вели дека околу 20 проценти од пациентите развиваат пост ковид симптоми четири недели откако ќе го прележат вирусот, а 10 отсто со здравствени проблеми се соочуваат дури после шест месеци.

„Ковид 19 не е болест ограничена на еден органски систем, туку преку оштетување на крвните садови или индиректно преку цитотоксини може да нападне било кој систем во организмот. Најчести симптоми, кои ги има кај околу 30 проценти од пациентите се хроничен замор и тешкотии со дишењето. Овие симптоми се најизразени кај повозрасната популација, на над 50 –годишна возраст и почесто кај жените. Ризик фактори се обезноста (дебелината), покачениот крвен притисок и симптоматскиот тек на Сарс Ков 2 инфекцијата“, вели за НОВА ТВ доктор Трајковски.

Не ретко корона инфекцијата сериозно го напаѓа мозочниот систем, па голем е и бројот на пациенти кои подоцна страдаат од проблеми со концентрацијата, страв, анксиозност, депресија и проблеми со сонот, вели доктор Трајковски.

Професор доктор Кнегиња Рихтер, раководител на Одделот за заболувања на спиењето на Универзитетската клиника за психијатрија во Нирнберг, алармира дека пост ковид состојбата кај пациентите најчесто се јавува од 2 до 6 месеци по прележување на вирусната инфекција. Според тамошните сознанија, најчесто пациентите, во дури 63 проценти, се жалат на хронична исцрпеност, а 20-тина проценти страдаат од анкционзост и намалена физичка кондиција.  Најризична група да развијат психички проблем по прележан корона вирус се жените на помлада возраст со претходна историја на психички проблеми, вели за НОВА ТВ, доктор Рихтер.

„Втора ризик група се лицата кои пред нандемијата биле социјално изолирани или пак страдале од депресија и зголемена анксиозност. Кај нив, карантинот доведе до влошување на самотијата, пореметување на дневниот ритам (дење спијат, ноќе се будни), како и засилена анксиозност што се манифестира со зачестени панични напади. Но, мене најмногу ме загрижуваат оние кои и пред пандемијата имале недоверба во другите луѓе. Тие се склони да ги обвинуваат другите луѓе за она што ним им се случува и токму овие лица се под зголемен ризик да развијат параноидна симптоматологија доколку секојдневно читаат и слушаат невистинити информации и лажни вести како на пример дека ‘пандемијата се користи од некои моќни луѓе за користење на личните податоци’. Доколку не се дистанцираат навреме од влијанието на ваквите информации има опсаност да развијат една сериозна патолошка параноидна симптоматологија“, вели доктор Кнегиња Рихтер.

На крај доктор Рихтер заклучува дека лицата со стабилно ментално здравје полесно ќе ја пребродат корона пандемијата.

Во Македонија, пациентите кои подолго време биле хоспитализирани со компликации од Ковид 19, пост ковид се рехабилитираат на Институтот за рехабилитација во Козле. Таму и сега има пациенти кои закрепнуваат од последиците кои им ги предивикал вирусот. Радакцијата на НОВА ТВ веќе од понеделник ќе го посети Институтот за рехабилитација и од прва рака ќе дознаеме како тече лекувањето на пациентите со пост ковид компликации во оваа здравствена установа.

Биљана Божиновска

ГОБ „8 септември“ Ковид пост ковид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.