Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Само за три години двојно зголемени платите на лекарите специјалисти

0
By Biljana on June 10, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 10, 2021 21:12

Во вечерашното издание на емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија во која гостуваше министерот за здравство д-р Венко Филипче, истакна дека во текот на кризата со пандемијата здравствените работници ги оправдаа покачувањата на платите кои во изминатиот период беа реализирани, но и паричните средства кои ги добија како награда кон крајот на изминатата 2020 година. Тој истакна дека оваа инвестиција чинеше вкупно 30 милиони евра, почнувајќи од 2017 година па наваму, со што токму оваа инвестиција е влогот во човечкиот капитал и влогот во младите кои треба да ги мотивираме да се едуцираат и развиваат професионално во државата, како и сите други здравствени работници кои се заслужни за справувањето со ковид пандемијата.

„Здравствените работници во нашата земја се единствени здравствени работници посебно лекарите специјалисти коишто имаат дуплирање на плата споредбено со било која друга европска земја. Јас не знам за друга земја во којашто за три години платите на лекарите специјалисти заедно со дежурствата се практично дуплирани. Тоа што беше плата 60.000 до 65.000 денари, сега во некои клиники стигнува и над 120.000 денари и ние така ја започнавме кризата. Првиот месец март, април минатата година беше месец кога беше последното зголемување и огромен број на специјалисти ги добија своите огромен број на плати. Во делот на медицинските сестри беше исто така, платите коишто беа помеѓу 19.000-25.000 денари сега варираат помеѓу 25.000-33.000 денари. Ова е огромно зголемување од околу 30%. Околу Нова година решивме дека сите здравствени работници коишто работат со ковид пациенти беа наградени со сума на пари од 30.000 денари, а сега со зголемување од 5% на примањата на сите здравствени работници почнувајќи од месец мај, кои поради технички причини беа задоцнети меѓутоа на крајот на овој месец ќе се исплатат за март, април, мај и јуни за да во следниот месец сите здравствени работници го добијат тоа зголемување од 5%. Близу 30 милиони евра чини вкупната инвестиција во примањата на здравствените работници и сите други вработени, административци, помошно-технички персонал во здравствениот сектор од 2017 година до сега“, рече министерот Филипче.

Венко Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.