Author: Biljana

Автор: Зоран Кесиќ Пред да се изложам на јавна осуда од Здружението на стрејтери, пред да ми се накачат на врат Советот на пуританци и Друштвото на душегрижници, пред да ме распнат таблоидите како „дувач и наркоман“, значи пред јавно, да не може појавно, и гласно, да не може погласно, да кажам – да, секако дека сум за легализација на марихуаната, дозволете ми да прозборам по некој збор и за злоупотребата на оваа прекрасна, корисна и лековита билка, верен следбеник на човекот веќе речиси 5000 години. Еве: Јовањица. Во врска со злоупотребата, отприлика тоа би било тоа. Приказната за „откривањето“…

Read More

Нови 11.700 дози од вакцината на производителот „Фајзер” попладнево стигнаа во Македонија, објави на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче. Од нив, 7020 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози се од ЕУ што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“. Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија. Утрово министерот соопшти дека на вакциналните пунктови останати се само 5000 вакцини за вакцинирање со прва доза, додека во сите пунктови тековно се врши и ревакцина согласно добиените термини за ревакцинација. Во текот на оваа недела, најавено е…

Read More

„Преку вложување во регионалниот мир и глобалната стабилност, истовремено вложуваме и во сопствената безбедност“, рече претседателот и врховен командант на вооружените сили на Северна Македонија, Стево Пендаровски на затворањето на меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21“, каде пред високи државни претставници од земјава и странство беа презентирани бојни гаѓања и офанзивна координираност. „Оваа вежба е значајна за зајакнувањето на трансатлантското партнерство и преку тоа за безбедноста на Европа и на Западниот Балкан. Со заедничкото планирање и реализација на една ваква вежба, Северна Македонија и САД го афирмираат стратешкото партнерство кое долги години постои меѓу нас“, рече Пендаровски и додаде дека…

Read More

„ВМРО-ДПМНЕ посакува датум во јуни, но за жал такво нешто најверојатно не е возможно поради тоа што Европската унија гледа до кој степен во нашата земја владеат криминалот и корупцијата, а тоа сигурно не се вредностите кои што ќе и помогнат на Република Македонија на патот кон евроинтеграциите“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ на телевизија Сител. “Зоран Заев изминатите години покажа како не треба да се водат преговорите, поради тоа што во сите процеси кои што беа започнати, единствена страна со претрпена штета е Република Македонија и нејзините граѓани. Националниот идентитет е клекнат на…

Read More

„Еднаквост во општеството, еднаков пристап до ресурси на мажите и жените, еднакви шанси за напредок, рамноправност за сите претставува заедничка обврска и приоритет на Владата на Република Северна Македонија и како таква, таа е дел од Програмата на Владата 2020-2024 година“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешниот состанок со претставници на Венецијанската Комисија, на кој беше разгледуваше новиот предлог Закон за родова еднаквост. Целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родовата еднаквост и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет. Во своето…

Read More

Почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија ќе биде една од главните теми на дискусија за време на словенското претседавање со Советот на Европската унија што започнува на 1 јули, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар. Анализирајќи ги односите со соседните земји, Логар истакна дека од минатиот септември, кога беа одржани последните консултации од таков вид, деловната соработка и развојот на инфраструктурните односи се во прв план, што според него може да помогне во надминување на некои отворени прашања. Словенечкиот претседател Борут Пахор ќе им се обрати на дипломатите денеска, а обраќањето на премиерот Јанез Јанша е…

Read More

Од денеска сите граѓани на Франција, без разлика на возраста или здравствената состојба, ќе можат да се вакцинираат против Ковид-19, во момент кога властите постепено ги ублажуваат рестриктивните мерки воведени поради пандемијата. Според француските власти, проширувањето на кампањата за вакцинација претставува „клучна фаза“ за заштита на населението и „враќање во понормален живот“. Французите ќе мораат да бидат стрпливи во очекување на вакцината, бидејќи закажувањата на термини, достапни од четвртокот, „постепено“ пристигнуваат на специјализираните платформи на Интернет, истакна министерот за здравство, Оливие Веран. Платформата Доктолиб соопшти дека веројатно не би можело веднаш да се одговори на сите барања поради „сè уште…

Read More

„Денес со задоволство може да констатираме дека токму на армискиот полигон Криволак како еден од најдобрите полигони во овој дел од светот се организира вежба во која учествуваа нашите армии заедно со армиите на нашите сојузници и пријатели од САД, Грција и Бугарија“, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Денот на високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“. „Горд сум на нашата Армија, на нашите офицери и војници на нивната желба за усовршување и унапредување. Тие ги исполнуваат сите обврски и очекувања на достоинствен начин и на највисоко ниво рамо до рамо со нашите сојузници не само дома, туку…

Read More

Уписот во средните училишта почнува на 14 јуни. Конкурсот за упис во прва година во учебната 2021/2022 година, кој беше објавен на крајот на март, предвидува во 109 средни училишта вкупно 30 053 слободни места во 913 паралелки. Од нив, 19 602 во стручно образование во 604 паралелки, 9261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко-информатичка гимназија. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок,…

Read More

На компаниите од угостителството и туризмот им недостига 50 проценти од потребниот кадар, пред се келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета што ја спроведе Стопанската комора кај големите ресторански и хотелски капацитети кои се нејзини членки. Официјалната статистика покажува дека е минимално намален бројот на работници во угостителската дејност, односно околу 400 лица, но анкетата покажува дека падот на бројот на вработени е од 50 до 80 отсто во зависност од објект до објект. Во 2020 година, според Комората, овој сектор доживеа целосен крах и во првите месеци од годинава се уште има застој. Угостителството,…

Read More

Еко активистот и актуелен пратеник од редовите на политичката партија „Можеме“ е новиот градоначалник на Загреб кој со над 65 отсто од изборните гласовите го порази противкандидатот, музичарот и ТВ водител Мирослав Шкоро од партијата „Татковинско движење“. Во првото интервју по изборите, тој вели дека очекува цивилизиран пренос на власта во хрватската престолнина, која речиси 20 години беше во рацете на досегашниот градоначалник Милан Бандиќ. Најави реформи во градската управа и казни за сите што ќе се огрешат пред законот. „Од сега нема веќе недопирливи. Ако јас лично погрешно го паркирам автомобилот, очекувам да ме казнат комуналните редари. Истото ќе…

Read More

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, кога плинска боца експлодирала во ресторан за брза храна во центарот на Белград. Инцидентот се случил утрово во 9 часот, јави дописникот на МИА од Белград. Од српското Министерство за внатрешни работи за РТС потврдија дека Експлозијата се случила во ресторан за брза храна за време на поправка на плинска боца. Локалот целосно е уништен, а од силината на експлозијата оштетени се уште два локала и искршени се прозорците во околните згради. На терен се излезена четири противпожарни екипи со 17 пожарникари. Сите повредени се пренесени во Ургентниот центар и медицински се…

Read More