Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанско движење ги победи големите партии и го освои Загреб

0
By Biljana on May 31, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 31, 2021 12:52

Еко активистот и актуелен пратеник од редовите на политичката партија „Можеме“ е новиот градоначалник на Загреб кој со над 65 отсто од изборните гласовите го порази противкандидатот, музичарот и ТВ водител Мирослав Шкоро од партијата „Татковинско движење“.

Во првото интервју по изборите, тој вели дека очекува цивилизиран пренос на власта во хрватската престолнина, која речиси 20 години беше во рацете на досегашниот градоначалник Милан Бандиќ. Најави реформи во градската управа и казни за сите што ќе се огрешат пред законот.

„Од сега нема веќе недопирливи. Ако јас лично погрешно го паркирам автомобилот, очекувам да ме казнат комуналните редари. Истото ќе важи и за мојата сопруга и моите најблиски соработници. Жителите на Загреб веднаш ќе ги почувствуваат промените“, рече Томашевиќ во интервју за хрвстски „Индекс“.

Најави оти ќе бидат отворени за консензус со сите политички чинители во градската самоуправа за да можат планираните проекти непрекинато да течат и после неговиот мандат, без разлика кој ќе биде на власт.  Се пожали на „валкана“ политичка кампања во пресрет на вториот изборен круг и најави тужби за клевета против Шкоро.

Победата на Томашевиќ ги зовре социјалните мрежи. Како што пишуваат хрватските медиуми, приврзаниците на десницата, Загреб го нарекуваат новиот Титоград.

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, пак не е изненаден од изборните резултати. Тој одговарајќи на новинарски прашања, посочи дека во политиката „никој не е вечен“.

„Изборните резултати се предупредување за сите оние кои мислат дека позицијата во политиката е вечна. Ништо не трае вечно, уште помалку во политиката“, рече Милановиќ.

Инаку, Томашевиќ е активист уште од 16-годишна возраст, кога се приклучил на еколошката организација „Зелена акција“. Во 2003 година, станал потпретседател на Хрватската младинска мрежа, а во 2005 година член на Младинскиот совет во Владата на Република Хрватска.

Познат е и како промотер на големи еколошки проекти финансирани од фондовите на ЕУ, но и по својот активизам и борба против корупцијатa.

Томашевиќ е основач на зелената лево ориентирана партија „Загреб е наш!“ која беше најгласен критичар на политиките на градоначаникот Милан Бандиќ. Дел е и од политичката платформа и партија „Можеме“, основана во 2019 година, чии клучните вредности вклучуваат економска, социјална и родова еднаквост, намалување на зависноста од енергија и храна, независност на медиумите и поттикнување на иновациите, намалување на сивата економија, економска демократија, зајакнување на синдикалството и работничките права. Тој стана пратеник во 2020 година.

Ова е втор обид на Томашевиќ да седне на фотељата во градската самоуправа. На локалните избори во 2017 година освои едвај 3,94% од гласовите, но влезе во Собранието на Загреб, као еден од четворицата претставници на „Загреб е наш!“.

Уште едно изненадување на локалните избори во Хрватска е победата на научникот Ивица Пуљак, кандидат на партијата „Центар“ кој функцијата  градоначалник на Сплит  ја доби со близу 60 отсто од гласовите, наспроти неговиот противкандидат од владејачката партија ХТЗ, кој освои  40 проценти од изборните гласови.

„Центар“ е либерална партија, позната и како „Паметно“ која била основана во 2015 година како иницијатива „За паметни луѓе и паметен град“ чија основна цел била да се залага за одговорно и транспарентно управување со јавните ресурси и заштита на животната средина.

Билјана Божиновска

Загреб локални избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.