Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Консултации со Венецијанската комисија за Предлог законот за родова еднаквост

0
By Biljana on May 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 31, 2021 17:29

„Еднаквост во општеството, еднаков пристап до ресурси на мажите и жените, еднакви шанси за напредок, рамноправност за сите претставува заедничка обврска и приоритет на Владата на Република Северна Македонија и како таква, таа е дел од Програмата на Владата 2020-2024 година“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешниот состанок со претставници на Венецијанската Комисија, на кој беше разгледуваше новиот предлог Закон за родова еднаквост.

Целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родовата еднаквост и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет.

Во своето обраќање до претставниците на Венецијанската комисија, министерката Шахпаска информираше дека со Предлог-законот за родова еднаквост се воведуваат новитети, односно Законот предвидува три нови механизми.

„Тоа е Секретаријатот за родова еднаквост, кој како највисоко тело ќе ја координира и следи работата на институциите и локалната самоуправа при имплементација на законот. Ресурсен центар, кој е предвиден како тренинг центар за обуки на државните службеници во областа на родово одговорно креирање на политики и буџетирање. Третиот нов механизам е Национално координативно тело со кое што ќе претседава министерот за труд и социјална политика, со што се подигнува и нивото на влијание и значење“, појасни министерката Шахпаска.

Министерството за труд и социјална политика побара мислење од Венецијанската Комисија, како советодавно тело на Советот на Европа, составено од независни експерти од областа на уставното право, уште во додека законското решение е во нацрт верзија со цел да биде изготвено квалитетно и целосно применливо решение кое ќе овозможи унапредување на еднаквоста на сите полиња.

родова еднаквост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.