Author: Biljana

Повеќе од 60 земји во посебен документ испратен до Светската трговска организација (СТО) побараа откажување од заштита на интелектуалната сопственост за вакцините против Ковид-19 и други медицински инструменти, додека беснее пандемијата, пренесе Бгнес. Податоците за документот ги презентирала добротворната организација Доктори без граници и невладината организација Knowledge Ecology International (КЕИ). Светската трговска организација не ја потврди веднаш автентичноста на документот, но дипломат близок до дискусиите потврди дека тој е оригинален и бил дистрибуиран до сите членки на СТО. Во текстот се наведува дека откажувањето мора да ги опфати сите медицински алатки за „превенција, третман и содржина“ потребни за борба против…

Read More

„Крајно време е за одлучен исчекор кон заедничка европска иднина и обновување на европската визија во регионот, имајќи предвид дека се соочуваме со знаци на бледнеење на европската идеја. Тоа на Балканот може да резултира со актуелизирање на одредени идеи кои се сѐ само не европски. Испорачувањето на ЕУ кон Северна Македонија ќе претставува потврда на посветеноста на европската перспектива на регионот, но и почитување на сопствените одлуки и афирмирање на европските вредности“. Ова го истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров кој денеска се сретна со министрите за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, на Чешка, Јакуб Кулханек…

Read More

Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг денеска во Скопје изјави дека го поддржува предлогот на Португалија кој беше даден за да се одблокираат македонските евроинтеграции. Шаленберг денска имаше средба со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, заедно со министрите за надворешни работи на Словенија и Чешка, Анже Логар и Јакуб Кулханек. Шаленберг рече дека смета оти билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на пристапување, но дека „мора да се справуваме со прашањата и затоа целосно ги поддржуваме напорите на португалското претседателство, заедно со министрите овде и во Софија“. „Ова е сега клучно време, клучен момент ве…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање вели дека по три силни брана вирусот конечно стивнува и дека сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот – вакцината. „Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ние ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата“, рече министерот Венко Филипче. Министерот вели дека вакцинацијата е единствениот начин да го вратиме животот онаков каков што го знаеме, да ги вратиме дружбите,прославите и забавите. „Колку побрзо и повеќе граѓаните се вакцинираат толку побрзо ќе ги прославуваме поводите за радост, родендените на саканите и свадбите на блиските. Вакцинацијата ни…

Read More

10.221 граѓани вчера примиле вакцина на вакциналните пунктови ширум земјата. Од нив, со прва доза се вакцинирале 9.974 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани или вкупно 216.453 граѓани биле вакцинирани на вакциналните пунктови. Со последните бројки 45,7 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 38,8 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 395.776 граѓани, информираат од Министерството за здравство. Вакцинацијата…

Read More

Во отсуство на суштинска аргументација не треба да има предвремени парламентарни избори и по две децении ред е да одиме на редовни во 2024 година со цел да се даде шанса економијата да живее, да функционира општеството и граѓаните да си го планираат својот живот и својата работа, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Коха“. Заев посочува дека извесен период Парламентот беше блокиран поради пратеници болни од Ковид-19, но тоа, како што вели, веќе нема да може да се злоупотребува како аргумент бидејќи е во тек ревакцинацијата на пратениците. Нереално е, вели тој, во отсуство на квалитетни концепти…

Read More

Раст на индустриското производство од 7,6 отсто во март годинава во однос на истиот период лани, што е еден од показателите дека економијата бележи нагорен тренд. Раст од над 27,1 отсто има и индексот на прометот во индустријата. Надворешната трговска размена во првиот квартал од 2021 година бележи раст од 15,8 проценти, а извозот во истиот период е зголемен за 18,1 отсто. Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесувала 28.217,00 денари, што е за 6,8 отсто повисока од истиот месец во 2020 година. Последиците од коронакризата се надминуваат и во оваа 2021 година предвидено е македонската економија…

Read More

Зголемената телесна тежина беше главен ризик фактор за смрност кај помладите пациенти кои ја загубија битката со Ковид 19, истакна пулмологот Дејан Докиќ во интервју за Сител. Според него, смртноста кај било кој од пациентите, зависи од нивниот имунолошки одговор и нивниот имунолошки систем. „ Од 24-ти октомври до 24-ти април, 80 проценти од вкупното население, од сите позитивни случаи, се токму во овој период, што говори за силината и јачината на вториот бран. 70 проценти од сите смртни случаи од корона, од 24-ти април, исто така се должат на вториот бран“, вели Докиќ, додавајќи дека со британскиот сој, шансите…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговарал со претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас за обезбедување на мерките за прекинот на огнот што стапи во сила помеѓу Палестинците и Израел, соопшти Стејт депертментот. Блинкен истакна дека САД се посветени на соработката со Палестинската управа и со Обединети нации за пружање на брза хуманитарна помош и мобилизација на меѓународната поддршка за обнова на Појасот Газа. Во конфликтот помеѓу Израел и палестински Хамас убиени се стотици, раселени илјадници луѓе од своите домови и разурната е клучна инфраструктура. Според палестинското Министерство за здравство во израелските воздушни напади што почнаа на 10 мај врз…

Read More

Португалското претседателство очекува Бугарија да ја одобри преговарачката рамка за Северна Македонија до 22 јуни, кога треба да се одржи и Советот за општи работи на ЕУ,  изјави претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „360 степени“ на Алсат М, посочувајќи дека португалското претседателство понудило иницијален сет на идеи во кој се уфрлени неколку работи од спорните точки меѓу Северна Македонија и Бугарија. „Никој не очекува дека ќе се решат спорните прашања за недела или две, дури ни португалското претседателство кое се приближува кон крајот на нивното претседавање. Министерот Силва денеска рече дека во Софија ги слушнал нивните загрижености и доаѓа…

Read More

Привремениот премиер на Бугарија Стефан Јанев во интервју за емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија, го коментираше прашањето со позицијата на Софија кон Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев повтори дека бугарската позиција е оформена со декларација на Парламентот и останува непроменета, но оти се подготвени за дијалог за изнаоѓање решение за проблемот. – Ние сме подготвени за неформални разговори и да започнеме практична работа на теми што можат да станат дел од патоказот за излез од ситуацијата, бидејќи Бугарија ја поддржува европската иднина на Република Северна Македонија и Албанија во пакет, истакна Јанев.

Read More

„ЕУ покажува дека останува доследна на принципот дека на идентитетските прашања не им е местото во преговарачката рамка и во процесот на преговори, а тоа е принцип што треба да не радува“. Ова го истакна министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска во гостување на „Само интервју“ на Канал 5. Според неа, предлогот на министерот за надворешни работи на Поругалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување Оловер Вархеји покажува дека ЕУ презема засилен, видлив и конкретен ангажман за деблокирање на евроинтергацијата на Република Северна Македонија. „Позитивно е што работите се придвижуваат, затоа што би било лошо да има статус кво и…

Read More