Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Не постои опасност од зафаќање на викенд населбата Елен Камен од пламените јазици од пожарот што попладнево ја зафати шумата над патот кон струшкото село Радожда, информира за МИА командирот на територијалната против пожарна единица – Струга Фети Мазари. Според него, викендиците се на два километра оддалеченост, а ветрот дува во спротивен правец и го носи огнот кон планината. – Моментално на терен е екипа со едно возило и двајца пожарникари. Поради непристапноста на теренот не можеме да интервенираме. Побаравме помош од Дирекција за заштита и спасување уште околу 13 часот и 30 минути, кога беше пријавен пожарот, но се…
Голем пожар попладнево избувнал во шумата над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда. Жителите се плашат пламените јазици да не ги зафатат и куќите. Очевидци на местото на настанот велат дека огнот многу брзо се шири поради силниот ветер. На терен се екипи на противпожарната бригада, но силниот ветер го отежнува гаснењето.
Последната дебата пред неделните парламентарни избори во Словенија помина во жестока атмосфера. До крајот на емисијата на јавниот сервис, целата опозиција го напушти студиото, а лидерот на Словенечката национална партија, Змаго Јелинчиќ, на излегување падна затоа што не ги виде скалите во студиото. „Малку ме боли левата нога, но за среќа ништо не е скршено. Тој што ја смисли сценографијата со високи скали нема поим, сите моравме да скокаме кога тргнавме, но не размислувам за тужба сега, рече Јелинчиќ.
Најмалку 33 лица загинаа, а 43 се повредени во денешниот напад врз џамија и верско училиште во северен Авганистан, при што голем дел од жртвите се ученици, изјави талибански официјален претставник. Заибулах Муџахид, талибански заменик министер за култура и информации, рече дека нападот се случил во градот Имам Сахеб во провинцијата Кундуз и дека талибанците го осудуваат злосторството и изразуваат длабоко сочувство до семејствата на жртвите. Денешниот напад е најнов во серијата смртоносни напади во Авганистан. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но авганистанскиот огранок на терористичката Исламската држава денеска ја презеде одговорноста за серијата бомбашки напади извршени…
Во Украина има војна, дрон се урна среде град, само уште ваква работа ни требаше, ако се утврди дека се работи за лажна дојава, очекуваме полицијата да ја фати таа будала која игра со нервите на граѓаните на Загреб и да ја казни, изјави градоначалникот Томислав Томашевиќ. Полицијата, како што објавивме претходно, добила дојава за подметната бомба во Арена Центар во Загреб. Вечерњи лист, повикувајќи се на неофицијални извори, пренесе дека полицијата добила дојава за две експлозивни направи, а специјалната единица на МВР со кучиња трагачи го проверуваат трговскиот центар Арена.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин следната недела ќе биде домаќин на разговорите за одбраната на Украина со сојузниците во германската воздухопловна база Рамштајн, соопшти Пентагон,пренесува Еуроактив. – Целта е да се соберат заинтересираните страни од целиот свет на серија состаноци за најновите одбранбени потреби на Украина и да се осигура дека трајната безбедност и суверенитет на Украина се почитуваат и се развиваат на долг рок, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби за средбата, закажана за вторник. Според Еуроактив, на состанокот ќе има и прелиминарни дебати за одбранбените потреби на Украина по актуелната војна. – Сметаме дека е време да…
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во вторник ќе ја посети Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Ова ќе биде првпат Гутереш да се сретне лице в лице со Путин од почетокот на инвазијата на Украина кон крајот на февруари, пренесува Скај Њуз. Тој ќе има работна средба и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Портпаролот рече дека Гутереш се надева дека ќе разговара за тоа што може итно да се направи за да се донесе мир во Украина, бидејќи војната со Русија продолжува веќе осма недела. Исто така, постои можност Гутереш да се…
САД ја поддржува брзата интеграцијата на РС Македонија во ЕУ, при што, како сојузници во НАТО, двете земји ќе работат на заеднички проекти што се од големо значење за унапредување на соработката. САД, преку Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД (ОТА), ќе понуди техничка помош во зајакнувањето на управувањето со јавните финансии, ефикасноста, транспарентноста, отчетноста на јавните финансии. Ова беа заклучоците од состанокот на министерот за финансии, Фатмир Бесими со вршителот на должност заменик-помошник секретар за Европа и Евроазија, Брајан Меколи, советникот на секретарот на Трезорот на САД Брент Ниман и Вилијам Лари Мекдоналд заменик помошник на секретарот…
Му благодариме на бугарскиот претседател Радев за појаснувањето дека всушност Бугарија цврсто стои зад нацистичкиот квислинг (во обид) Ванчо Михајлов. Сега барем немаме дилема дека бугарскиот премиер Петков знаел точно каде оди и чиј лик ќе слави, пишува професорот Тони Десковски на Фејсбук. – Времето на Вили Брант е очигледно одамна поминато. Очигледно е дека од Бугарија во скоро време нема да дојде висок претставник кој ќе клекне пред спомен обележјето на убиените младинци во Ваташа, кој ќе им оддаде почит на народните херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Искрено се надевам дека нашата дипломатија ќе знае да ја искористи…
Главниот руски преговарач соопшти дека денеска се одржале „неколку долги разговори“ со шефот на делегацијата на Украина. Владимир Медински не даде детали за овие долги разговори, за кои се смета дека се водат во обид да се преговара за прекин на огнот по неколку недели војна, јави Скај Њуз. Досега се одржани неколку рунди мировни преговори меѓу Москва и Киев, но двете страни допрва треба да ги договорат условите за прекин на огнот. Во меѓувреме, се огласи и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој рече дека преговорите „тапкаат во место“. – Тапкаат во место бидејќи сè уште нема одговор…
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во интервју за бугарска телевизија вели дека не гледа причини во оваа фаза да биде укинато ветото за почеток на преговорите со ЕУ за Северна Македонија, пренесуваат бугарските медиуми. Зборувајќи за билатералниот спор меѓу двете земји, Јотова изјавила и дека Бугарија одамна ги поставила условите, кои, ако се исполнат, ќе биде укинато и ветото. – Бугарија има пет услови за Северна Македонија, кои се поставени одамна. Дури и кога стана јасно дека ништо не е сменето од потпишувањето на Договорот за добрососедство. Ниту после 18 состаноци на Мешовитата историска комисија, ниту еден ред не е…
Нема докази дека вакцината против ковид-19 предизвикала сарком, од кој починала девојка, објави агенцијата Мета. – Саркомот е карцином во сврзното ткиво, не се знае што го предизвикува. Има ризик фактори, но меѓу нив не се споменува вакцинацијата. Вакцините против ковид се испитани и нема линк меѓу нив и зголемена стапка на канцер. мРНК вакцините не ја менуваат нашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак, пишува на официјалната страница за вакцинација во Р. Северна Македонија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Тврдењето дека карциномот и вакцинацијата се поврзани е комплетна импровизација, вели Вистиномер. Последните пет недели…