Во Украина има војна, дрон се урна среде град, само уште ваква работа ни требаше, ако се утврди дека се работи за лажна дојава, очекуваме полицијата да ја фати таа будала која игра со нервите на граѓаните на Загреб и да ја казни, изјави градоначалникот Томислав Томашевиќ.

Полицијата, како што објавивме претходно, добила дојава за подметната бомба во Арена Центар во Загреб.

Вечерњи лист, повикувајќи се на неофицијални извори, пренесе дека полицијата добила дојава за две експлозивни направи, а специјалната единица на МВР со кучиња трагачи го проверуваат трговскиот центар Арена.