Published: Friday, April 22, 2022 21:03
Голем пожар попладнево избувнал во шумата над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда. Жителите се плашат пламените јазици да не ги зафатат и куќите.
Очевидци на местото на настанот велат дека огнот многу брзо се шири поради силниот ветер.
На терен се екипи на противпожарната бригада, но силниот ветер го отежнува гаснењето.




