Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Времето на Вили Брант е поминато, Радев ни појасни кој е Ванчо Михајлов, реагира професорот Десковски

0
By Biljana on April 22, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 22, 2022 19:07

Му благодариме на бугарскиот претседател Радев за појаснувањето дека всушност Бугарија цврсто стои зад нацистичкиот квислинг (во обид) Ванчо Михајлов. Сега барем немаме дилема дека бугарскиот премиер Петков знаел точно каде оди и чиј лик ќе слави, пишува професорот Тони Десковски на Фејсбук.

– Времето на Вили Брант е очигледно одамна поминато. Очигледно е дека од Бугарија во скоро време нема да дојде висок претставник кој ќе клекне пред спомен обележјето на убиените младинци во Ваташа, кој ќе им оддаде почит на народните херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Искрено се надевам дека нашата дипломатија ќе знае да ја искористи оваа грешка на бугарското раководство и упорно ќе притиска во болната за нив точка. Подобар епилог на оваа сага за нас не можеше да има, вели Десковски.

Според него реакцијата на претседателот Пендаровски е добар старт, кој мора да биде проследен со упорна и континуирана дипломатска активност.
-Секако, се надевам дека со овој чин се става крај на еден не многу интелигентен обид, преку ретуширање на НОБ, да се добие префрлање на бугарското вето за во фазата откако ќе почнат преговорите за пристапување во ЕУ, односно за по неколку години. Нам ни е јасно дека е скоро сигурно дека бугарското вето нема да падне во јуни, но барем да расчистиме некои работи за фашистичката окупација на Македонија во Втората светска војна и за НОБ, пишува професорот.
Знаеме, додава тој дека Бугарија може да ни го прави истото она што веќе дозволивме да ни го направи Грција. Ама знаеме и дека НОБ е црвената линија која не може да се премине. А лесно е да се одбрани НОБ дури и пред сојузниците, затоа што е антифашистичка, коментира Десковски.
-Нашите предци, партизаните, кои со пушка во рака и со крв ја создадоа оваа држава, беа на вистинската страна на историјата и ни го оставија антифашизмот во аманет. Што и да се прифати од бугарските барања, не може да биде поврзано со НОБ. А секако ќе го прифатиме искреното извинување на Бугарија сторени од нејзините претставници за време на окупацијата во Втората светска војна. За малку ќе изумев. Сето погоре напишано нема да важи ако не биде затворен клубот Ванчо Михајлов, и ако никој кај нас не сноси одговорност, порачува професорот Десковски.
Ванчо Михајлов Радев Тони Десковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.