Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трезорот на САД ќе ни помогне во јавните финансии и отчетот

0
By Biljana on April 22, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 22, 2022 19:34

САД ја поддржува брзата интеграцијата на РС Македонија во ЕУ, при што, како сојузници во НАТО, двете земји ќе работат на заеднички проекти што се од големо значење за унапредување на соработката.

САД, преку Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД (ОТА), ќе понуди техничка помош во зајакнувањето на управувањето со јавните финансии, ефикасноста, транспарентноста, отчетноста на јавните финансии.

Ова беа заклучоците од состанокот на министерот за финансии, Фатмир Бесими со вршителот на должност заменик-помошник секретар за Европа и Евроазија, Брајан Меколи, советникот на секретарот на Трезорот на САД Брент Ниман и Вилијам Лари Мекдоналд заменик помошник на секретарот за техничка поддршка во Трезорот.

Бесими на средбата истакна дека деблокирањето на интегративниот процес позитивно ќе се одрази на севкупната стабилност и на развојот на регионот. Притоа, активниот ангажман на САД по ова прашање би бил од клучно значење.  Воедно се разговараше и за можноста од продлабочување на економската соработка и реализација на нови проекти кои би се реализирале во соработка со УСАИД и со Амбасадата на САД во земјава. 

Двете страни се согласија дека во моментов клучно е решавањето на енергетската криза и одржувањето ценовна стабилност како клучни фактори за обезбедување макроекономска и финансиска стабилност.

Претходно министерот Бесими, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка, оствари средба и со Габриел Ескобар,  заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан.

Бесими САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.