Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Согласно последните мерења и континуираните мерења на јавното мислење повеќе од 75 проценти мислат дека Македонија оваа влада ја движи во погрешен правец и дека оваа влада треба да си замине, порача лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Кавадарци. -Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се фати во костец со решавање на проблемите и ќе ги решава проблемите согласно можностите кои што ги има. Но, важно е дека очекуваме мотивирани, храбри луѓе, луѓе кои што знаат како да дојдат онаму каде што им е местото во владата и во институциите и да го олеснат животот на граѓаните исто онака…
Премиерот Димитар Ковачевски и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак на Економскиот форум Делфи во Грција се согласија дека војната во Украина предизвикува негативни последици за стабилноста на Европа и посебно за Западен Балкан. Соодветна реакција на овие последици е забрзувањето на процесот за интеграција на земјите од регионот и итни преговори со Северна Македонија како приоритет. Во фокус на средбата беше актуелната кризна состојба во Европа предизвикана од руската воена агресија врз Украина која што Северна Македонија ја осуди како брутално кршење на меѓународното право и го дава својот придонес во организирање ефикасна помош за украинските бегалци и во…
Штрајкот никогаш не оди во прилог на образовниот процес и на учениците кои се и мора да останат наш фокус и приоритет. Сите предизвици со СОНК досега сме ги решавале заеднички, на маса и низ конструктивен дијалог. Така ќе биде и овој пат. Иако се услови на криза, здравствена, воена и економска, ние дебатираме со Синдикатот за да најдеме решение од кое ќе нема незадоволни страни. Верувам дека тоа ќе се случи скоро, по што ќе ја информираме јавноста, вели во интервју за МИА министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Во пресрет на најавениот генерален штрајк на СОНК в…
Фирми од Србија ги пренесоа своите иновативни идеи на компании од Македонија во рамки на иницијативата Отворен Балкан. Револуционерен уред за мерење на срцевиот ритам (ЕКГ), развиен од спрската компанија „Свездрав решења“ им е достапен на граѓаните на Северна Македонија преку соработката со домашната компанија „Гордиан Системс“. Се работи за мини уред, кој може да се користи во домашни услови, каде пациентите преку мобилна апликација, можат да го контролираат своето здравје и истовремено да бидат во постојана врска со избраниот лекар специјалист кој го добива резултатот од мерењето и кажува дали пациентот треба да дојде на дополнителни испитувања. „Овој уред…
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.285 тестови, а регистрирани се 202 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 35 реинфекции. Регистрирани сe 201 оздравен пациент. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица, од Скопје (79г) и од Охрид (90г), двете лица се починати во болнички услови. И двајцата починати имале коморбидитети. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.344, бројот на оздравени пациенти е 296.574, на починати е 9.236, а бројот на активни случаи изнесува 1.534
Србија ќе ја тргне забраната за извоз на пченица. Српската влада денес во 13 часот на седница ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка и масло со што ќе се реaлизираaт договорените транши кон Северна Македонија, рече министерот за земоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. „Македонската влада порача 50.000 тони пченица, но до српската Стопанска комора стигнале побарувања од македонски фирми за 100.000 тони, така што во целост ќе биде исполнето ова побарување“, рече Николовски. Николовски вели дека Бугарија сама се понудила да даде пченица за Македонија бидејќи тамошните власти ќе набавуваат поголеми контингенти на пченица. Властите во…
Регионален форум „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокус“. „Кога граѓаните чувствуваат дека не можат да успеат во нивниот систем заради корумпирани административци или коруптивни пркатики, тоа ја нагризува суштината на општеството“, истакна Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во РС Македонија на денешниот регионален форум „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокусот“. Наведе дека корупцијата ја нагризува вербата во институциите, сите основи на демократијата, а антидемократските сили ја користат корупцијата за да ја поткопаат деморкатијата во слободните нации. Амбасадорката Брнз го истакна напредокот во Северна Македонија и во другите земји во регионот, посочувајќи дека нашата земја имаше напредок од…
Премиерот Димитар Ковачевски појасни дека светот и државата се во најголема економска криза после Втората светска војна. „Таа криза влијае на енергенсите, храната. Стапките на инфлација низ светот се идентитични како кај нас. Како одговорна влада ги презедовме сите мерки, најдобри мерки во регионот, во однос на финансиските трансфери на најранливите граѓани, редовна исплата од Буџетот. Ги замолив сите синдикати минималната плата да не биде причина за почнување на протести. Приватниот сектор ги плаќа платите на сите во јавниот сектор, благодарение на придонесите и даноците. Велам дека сите плати треба да се зголемат, но не може да биде одеднаш. Зборуваме…
Предупредувачкиот протест ќе трае денеска и утре од 10 до 12 часот. Вработените во Агенцијата за катастар, ФЗО, Фонд на ПИОМ, локалната самоуправи, министерствата, судовите, правосудните органи, обвинителствата, но и други јавни институции го почнаа најавениот двочасовен протест. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски од пред Агенцијата за катастар алармираше дека голем број вработени во во државните институции ниту овој емсец не добиле зголемување на минимлната плата согласно Законот. „Не бараме многу. Линеарно зголемување на платите од 2806 денари, исплата на минимална плата по закон, а потоа корекција на сите други што треба да добијат плата над минималната“, рече Деаноски. Деаноски…
СОНК ја информирал Европската конфедерација на синдикатите за образование за претстојниот штрајк. Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков денеска имал работна средба со Сузан Флокен, претседателка на Европската конфедерација на синдикатите за образование, на која ја информиал за причините и подготовката за организирање на штрајкот во градинките, основното и средното образование најавен за понеделник. „Г-ѓа Флокен дава силна поддршка на СОНК и верува во издржаните барања до конечен успех. Подвлече дека будно ќе ги следат случувањата и извештаите од штрајкот на СОНК особено ако има обиди за попречување на правото на штрајк, што е…
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.249 тестови, а регистрирани се 195 нови случаи на Ковид-19. 29 се реинфекции. Регистрирани сe 207 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71г и 85г), двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83г), починато во болнички услови. Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на…
Комисијата за заразни болести даде препорака за укинување на мерката за задолжително носење на заштитни маски, потврди претседателот на Комисијата, Александар Петличковски. Тој вели дека од оваа мерка изземени ќе бидат здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз, вклучително и такси возилата, каде заштитните маски ќе останат задолжителни. За нив останува задолжителното носење на маските. За сите останати затворени простории носењето на маска ќе биде избор, а не обврска. “Втората мерка која ја донесовме е тоа дека се укинува епидемиолошкото следење на контактите од потврдени случаи на Ковид-19 и последователната препорака за изолација на контактите“, рече Петличковски.…