Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.249 тестови, а регистрирани се 195 нови случаи на Ковид-19.

29 се реинфекции.

Регистрирани сe 207 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71г и 85г), двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83г), починато во болнички услови.

Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535.