Author: Biljana

Градоначалникот на Чернихив изјави дека овој северен украински град е уништен од страна на руските војници, јави ДПА. – Градот е целосно уништен, рече денеска Владислав Атрошенко, додавајќи дека во изминатите неколку недели убиени се над 200 цивили. Градот, кој се наоѓа во близина на границата на Украина со Русија и Белорусија, сега има само половина од вообичаените 285.000 жители, рече тој. Атрошенко ги опиша моменталните услови во градот како катастрофални. Чернихив беше без струја, рече тој, и беше невозможно да се воспостават коридори за бегство бидејќи руските сили го уништија мостот што води кон Киев. Сепак, градот нема да…

Read More

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт даде свое видување за елиминацијата на Италија од баражот за Светското првенство. Италија пред два дена загуби од Македонија со 0:1 во Палермо. – Елиминацијата на Италија е големо изненадување. Очигледно, репрезентациите имаат свои циклуси. Или на Италијанците им дојде крајот на циклусот, или тоа се последиците од Европското првенство 2020, финалето, емоциите итн. Нашите играчи завршија одлична работа со тоа. Да се ​​опоравиш од емоциите по финалето, а потоа да настапиш како што настапивме е фантастично. Ми се чини дека настапите на квалификациските турнири секогаш се потценети, изјави Саутгејт за „Sky Sports“. Англија во…

Read More

За време на посетата на Брисел, полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека расте бројот на членки на НАТО кои поддржуваат распоредување на мировна мисија предводена од НАТО во Украина, јави Укринформ, пренесува Фена. – Од медиумите веќе знаеме од претходните денови дека имаше позитивна реакција од Данска и Литванија. Денеска можам да кажам дека и други земји членки го изразија своето одобрување, но очекуваат и поддршка и заеднички глас од НАТО – посочи тој. Морјавецки тврди дека во Европскиот совет имало претставници на земји кои се скептични за можноста за воведување мировни сили во Украина. Тој ги советуваше да замислат…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа починале три лица од ковид-19, а во периодот од 14 до 23 март починале уште тројца заболени. Направени се 2.787 тестови, а регистрирани се 232 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 139, Битола – 19, Кавадарци – 14, Охрид – 10, Прилеп – 8, Кичево – 5, Гостивар и Неготино – по 4, Куманово, Тетово и Кочани – по 3, Велес, Струмица, Штип, Струга, Радовиш, Делчево и Дебар – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Валандово, Виница и Дојран – по 1. Од вкупниот број на позитивни (232), регистрирани се 38…

Read More

Скопската полиција заедно со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во текот на изминатата недела преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“. Лишени од слобода биле Џ.Ш.(20), С.Р.(20), Е.М.(32) и Ф.С.(20), сите од Скопје, и М.А.(46) од Охрид. Џ.Ш., С.Р., Е.М. и М.А. кои биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на крстосници и булевари на подрачјето на Скопје. Со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик. Ф.С. била затекната при питачење на крстосница…

Read More

Илјадници луѓе на Филипините денеска мораа да ги напуштат своите домови поради ерупција на вулкан кој исфрли пепел и пареа на височина од неколку стотини метри. Ерупцијата на вулканот Тал, кој се наоѓа во среде езерото Тал јужно од Манила, започна во 7.22 часот по локално време, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија. Институтот предупреди дека се можни дополнителни ерупции и дека вулканот освен пепел и пареа може да испушта опасен гас, а можно е и цунами. Се препорачува евакуација на населението во близина на езерото, каде има пет села во кои живеат околу 12.000 жители. Вулканот Тал е…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден за време на разговорот со полскиот претседател Анджеј Дуда потенцираше дека мирот во Европа е директно поврзан со стабилноста во САД. – Способноста на Америка да ја исполни својата улога во другите делови на светот почива на обединета, безбедна Европа. Учевме од тажното искуство од двете светски војни, кога не бевме вклучени во стабилноста во Европа. Тоа секогаш се враќа и не прогонува нас – САД, истакна Бајден. Значи, веќе долго време зборувам, и како сенатор кој бил овде во посета, како член на Комитетот за надворешни работи, како потпретседател осум години, сега како претседател, дека…

Read More

Државниот завод за статистика информира дека во 2021 година звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1.976 граѓани на Македонија, од кои 1.727 или 87,4% се магистри и 249 или 12,6% се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2020 годинa, е зголемен за 12,4%. Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки во 2021 година е 59,6%. Во 2021 година најголем број од магистерските трудови, 558 или 32,3%, се од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 22,2% се од областа на општествените науки, новинарството и информирањето, следуваат инженерството,…

Read More

Генерал-полковник на руската армија Јаков Резанцев е убиен во напад во близина на јужниот град Херсон, соопшти украинското Министерство за одбрана, пренесува Би-Би-Си. Резанцев беше командант на руската 49-та комбинирана армија. Според западни медиуми, тој е седмиот генерал на руската армија кој загинал во Украина, а втор генерал-полковник. Се верува дека руските високи офицери дошле блиску до линијата на фронтот поради нискиот морал на руските војници. Според расположливите информации, Русија распоредила 20 генерали за инвазијата во Украина, од кои седуммина загинале, а еден е разрешен. Станува збор за: Генерал-мајор Андреј Мордвич- загинал во акција; генерал-мајор Олег Митјаев-загинал во акција; генерал полковник…

Read More

Во тек е подготовка на правни решенија со кои ќе се променат надоместоците за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, кое се спроведува од страна на Управата за имотно правни работи (УИПР). Како што соопштија денеска од Министерството за финансии, станува збор за приватизација на државно земјиште само во услови каде е стекнато корисничко право. Со ревидирањето на цените согласно Уредба, ќе се изврши прилагодување и поставување на соодветни цени преку кои УИПР ќе го спроведува процесот на приватизација. -Постапките по овој закон самостојно ги спроведува Управата за имотно правни работи. Приватизацијата на градежно земјиште во државна сопственост се…

Read More

 Србија ја тргна забраната и за извоз на сончоглед во Северна Македонија и со тоа се решава проблемот со недостаток на суровина за неколку месеци.  Претседателот на Одборот на директори на „Витаминка“ Симон Наумоски при денешната посета со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на фабриката за масло за јадење „Брилијант“-Штип истакна дека особено ги радува тоа што Србија ја отсранува забраната за извоз на нерафинирано растително масло, кое го користат како суровина. -Со увозот од Србија ќе имаат суровини за два и пол до три месеци. „Брилијант“ покрива 60 отсто од домашниот пазар на масло за јадење, вели Наумоски и додава дека…

Read More

Во Варшава денеска почнаа разговорите меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот полски колега, Анджеј Дуда, за зајакнување на источното крило на НАТО и предизвикот пред светот по рускиот напад врз Украина, како главна билатерална точка од дводневната посета на американскиот претседател на Полска. Официјална Варшава очекува посетата на американскиот  претседател, инаку вонредно договорена како манифестација на сојузничкото единство и поддршка за Украина, да може да даде поттик за зајакнување на американското воено присуство во Полска и сегашните околу 10.000 војници, кои ротациски престојуваат во земјата, да можат да останат постојано во неа. -Ние сме во состојба да примиме десетици…

Read More