Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за финансии најавува промена на надоместокот за приватизација на градежно земјиште

0
By Biljana on March 26, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 26, 2022 14:53

Во тек е подготовка на правни решенија со кои ќе се променат надоместоците за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, кое се спроведува од страна на Управата за имотно правни работи (УИПР).

Како што соопштија денеска од Министерството за финансии, станува збор за приватизација на државно земјиште само во услови каде е стекнато корисничко право.

Со ревидирањето на цените согласно Уредба, ќе се изврши прилагодување и поставување на соодветни цени преку кои УИПР ќе го спроведува процесот на приватизација.

-Постапките по овој закон самостојно ги спроведува Управата за имотно правни работи. Приватизацијата на градежно земјиште во државна сопственост се врши согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, донесен во 2005 година, а висината на надоместокот за приватизацијата е утврдена согласно Уредбата на Владата од 2011 година, се вели во соопштението на Министерството.

Од Министерството појаснуваат дека постапките за продажба на градежно земјиште во државна сопственост се разликуваат од постапките за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, и тие се спроведуваат согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и се водат пред Управата за имотно правни работи, а додека продажбата на градежно државно земјиште, се врши согласно Законот за градежно земјиште во постапки пред Министерството за транспорт и врски или во општините.

-Во Управата за имотно правни работи се решава по барања за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост како и експропријација на приватно земјиште за реализација на објекти од јавен интерес. Согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост се приватизира само земјиште каде е запишано и стекнато корисничко право со правен основ и се врши приватизација само во услови каде е стекнато ова корисничко право, посочија од Министерството.

Во врска со други случаи кои се спомнуваат во јавноста, оттаму појаснуваат дека постапките за престанување на правото на користење на градежно земјиште на физички и правни лица, во корист на Северна Македонија, согласно член 80-б од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, Управата за имотно правни работи носи решение за престанок на правото на користење на физички и правни лица на градежно земјиште, на барање на лица кои изградиле или стекнале во сопственост објект.

-Имено, правото на користење на земјиштето ќе престане доколку физичките и правни лица запишани како корисници на градежното изградено земјиште, немаат во сопственост објект или посебен дел од објект во рамките на градежната парцела за која е поднесено барање за престанок на правото на користење. Против решението, корисникот на кој му е одземено корисничкото право може да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од приемот на решението, соопштија од Министерството.

Инаку, во Министерството за финансии во подготовка се правни решенија кои ќе бидат поднесени идната недела во Влада за усвојување, а се однесуваат на начинот, условите и висината на надоместокот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.

земјиште приватизација финасии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.