Author: Biljana

Денеска беше одбележен 17 Март – Денот на крводарителството и 77 години од постоењето на Црвен крст на РСМ. Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиологија во текот на изминатата 2021 година организирале 683 крводарителски акции, преку кои биле обезбедени вкупно 53.133 единици крв. Од Црвениот крст aпелираат дека едно дарување крв може да спаси дури три животи. Министерот за здравство Беким Сали истакна дека на годишно ниво Министерството изготвува посебна програма за организирање и унапредување на крводарителството во државата, а за оваа година буџетот на програмата за крводарителството изнесува 45 милиони денари. „Токму Црвениот крст е наш постојан…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени биле 2.275 тестови, а регистрирани се 281 нов случај на Ковид-19. 48 се реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Битола (63г), Охрид (85г) и Крива Паланка (76г). Сите се починати во болнички услови и кај сите биле регистрирани коморбидитети, информираат од МЗ. Регистрирани сe 285 оздравени пациенти. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери не одговори кога точно ќе биде закажана седницата на Комисијата за избори и именувања, на која пратениците треба да предложат имиња за четворица нови уставни судии. На новинарско прашање, дали има најава кога ќе биде закажана седницата, Џафери само кусо одговори оти најава не може да има бидејќи за термините одлучувале претседателите на Комисиите. Работата на Комисијата за избори и именувања долго време беше блокирана. Последниот состанок на ова работно тело се одржал во јули со една точка на дневен ред и тоа токму изборот на нови судии за Уставен. Поради несогласувања, тогаш пратениците ја…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.720 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 59 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје на 66-годишна возраст. Пациентот починал во болнички услови и имал коморбидитет, информираат од Здравство. Регистрирани сe 258 оздравени пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188, а бројот на активни случаи изнесува 1.973.

Read More

Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници денеска ќе биде испратен во Собрание.  Со предлог измените на Законот треба да се постигне еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, како и да се обезбеди континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво. Toj денеска треба да биде испратен до Собранието, откако вчера на седница беше усвоен од Владата. „Се прават технички усогласувања и во текот на денот законското решение треба да биде испратено до Собранието, бидејќи следната станица на овој Предлог-закон е законодавниот…

Read More

Северна Македонија не е на рутата на бегалци од Украина. Од почетокот на руско-украинскиот конфликт, според информациите на Министерството за внатрешни работи, во земјава влегле 1.924 украински државјани, а на излез од државата се регистрирани 1.365, потврди владиниот портпарол Душко Арсовски. Како што посочи Арсовски нема лица кои побарале статус на бегалец и сите кои доаѓаат се сместуваат кај роднини или пријатели. „Северна Македонија не е на рутата на бегалци од војната во Украина на начин каков што гледавме претходните години во однос на бегалската криза од војната во Сирија. Независно од тоа Владата презема конкретни чекори и беа задолжени…

Read More

Јавната администрација и вработените во државните институции во среда  излегуваат на протест. Од Конфедерацијата на слободни синдикати велат дека на ваков чекор се одлучиле поради големото незадоволство на членството од незголемување на платите во јавниот сектор од една страна, а од друга поради, како што велат игнорантскиот однос на надлежните институции. „Минималната плата стапи на сила од 1 март, а она што беше барање за скалесто покачување на платите не доби поддршка од економско-социјалниот Совет и не стигна до Собрание. Минималната плата требаше да се покачи, ние дадовме цврста поддршка на ССМ, но не можеме да толерираме понатамошно манипулирање со…

Read More

10.000 легла за украински бегалци биле понудени до Владата само од стопанствениците во охридско-струшкиот регион.  Полски тур оператори ги откажале аранжманите за летување во Македонија, а холандски туристи го одложиле доаѓањето во земајва за еден месец, открива за НоваТВ, претседателот на Здружението на хотелиерски и угостителски бизниси ХОТАМ, Крсте Блажески. Тој вели дека споредбено со годините пред пандемијата, за најмалку 50 отсто се намалени посетите на странски гости во Охридско-струшкиот регион. Блажески очекува уште една тешка година за македонскиот туризам. „Странските гости нема да ги имаме во толкав број само поради ситуацијата во Украина. Веќе имаме намалување на бројот на…

Read More

Бесплатниот јавен превоз за повозрасните граѓани почнува во петок. Ќе се однесува на категоријата лица – жени над 62 години и мажи над 64 години и ќе важи во вторник, петок, сабота и недела. Со ова олеснување на трошоците на граѓаните ќе бидат опфатени околу 80.000 корисници на јавниот превоз во Скопје кои ќе имаат право да го користат превозот бесплатно, четири дена во неделата. „Воведувањето на бесплатниот превоз за возрасни лица е во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје за дотации или давање на субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие и средствата за оваа намена се обезбедени од…

Read More

Сојузот на стопански комори на Македонија се приклучи кон невладината организација „Зелен навигатор на Западен Балкан“. Оваа НВО делува во насока на намалувањето на влијанието на климатските промени врз регионалната економија и општеството. Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски, кој стана член на Управниот одбор на невладината организација, вели дека со заедничка соработка на економските оператори и институциите од земјите на Западен Балкан, може да се воспостави рамнотежа помеѓу економскиот раст и намалувањето на емисиите на СО2 и да се постигне климатска неутралност. „Акцијата против климатските промени на крајот ќе го поттикне економскиот раст преку влез…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 2.609 тестови, а регистрирани 310 нови случаи. Детектирани биле и 49 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице од Скопје ( 77г), кое починало во болница. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Богданци (87г) и Кочани (45г). Пријавените лица се починати во период од 17.03. до 19.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови. Кај сите починати биле регистрирани коморбидитети. ИЈЗ регистрирал и 284…

Read More