Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Платформа на која може да се поврзат украинските бегалци и граѓани кои би сакале да им обезбедат засолниште од воениот конфликт. Воениот конфликт во Украина и милионите бегaлци кои бараат засолниште низ европските земји, поттикна четворица ИТ специјалисти да покренат веб страница за да ги повзат бегалците со потенцијални домаќини во Европа. На веб страницата EU4UA.org може да се пријават и украински бегалци на кои им треба сместување, но истовремено и домаќини од било која земја во Европа кои се согласни да згрижат украински бегалци во своите домови. Креаторите на старт ап компанијата, Хуан, Арно, Алексис и Александар, ИТ техничари…
Со скандирање „Правда, правда, социјална правда“ и „Не ни треба цвеќе дајте ни права“, неколку стотини жени, но и преставници на посилниот пол, денеска одржаа мирен марш за да испратат порака за еднаква вклученост на жените во општествениот живот. Во Република Северна Македонија вработени се помалку од половина од жените на работоспособна возраст, а разликата на стапката на вработеност помеѓу мажите и жените е двојно поголема од еворпскиот просек и една од највисоките во Европа, алармираа организаторите Платформа за родова еднаквост. Според нив, јазот во невработеноста помеѓу мажите и жените бил подеднакво висок како и пред 20 години. „Велите мајка…
Министерството за здравство спроведува акција за организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка. За закажување превентивен преглед за рана детекција на рак на грлото на матката од денеска е достапна веб платформата skrining.mk. Со организиран скрининг оваа година се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест. Прегледот во рамки на овој скрининг за оваа возрасна група е бесплатен. Веб платформата skrining.mk е директно поврзана со системот МојТермин и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавени пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е…
Жените на мирен протест, бараат социјална еднаквост. Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство по повод 8 Март, Денот на жената, организира мирен прост од Владата на РСМ до Паркот Жена борец. Целта на протестниот марш е да се испрати порака до јавноста, но пред се до надлежните институции дека жените се еднаква половина од населението во државата, а се уште не уживаат еднаквост во речиси ниту еден аспект од општествениот живот, ниту на работните места или дома, во политиката и социјалниот живот. Годинава, маршот е под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“. „Со почит кон досегашните победи на…
„И во војната мора да има место за пријатни емоции“. Со ваква порака, тимовите на Главната дирекција на Државната служба за итни случаи на Украина во Харковската област им го честитаа Денот на жената 8-март на жените и децата кои се кријат во скривница во градот Харков. „Во мирно време, денешниот ден носи нежност и убавина во светот, бидејќи најскапоценото нешто во нашите животи е среќата, радоста, надежта и љубовта поврзана со жената. Не заборавајте го тоа“, напишаа на официјалната Фејсбук страница, од Државната служба за итни случаи на Харковската област. Жените спасувачи, бабите и мајките со деца, кои се…
12 ноември 2021 година. Вообичаено утро и сообраќаен метеж на главната улица во населбата Шуто Оризари. На автобуската станица врвулица од луѓе, излегуваат од автобусот и влегуваат во локалната сендвичарница. Таму со часови ова утро стоеше едно момче на возраст од околу седум-осум години. Добиваш впечаток дека ги чека родителите да се симнат од автобус и да си замине дома заедно со нив. Ни го привлече вниманието и останавме неколку часа во негова близина. Неговата мајка и татко не се појавија и сфативме дека всушност малото момче чекаше непознати лица и милост од нив. Случајни минувачи, луѓе кои купуваа од…
Тројца македонски спортисти ќе учествуваат на Европскиот зимски младински олимписки фестивал. Тројца македонски претставници во три дисциплини во машка и женска конкуренција ќе настапат на Европскиот зимски младински олимписки фестивал, што од 20 до 25 март ќе се одржи во финскиот зимски центар Вуокати во Финска. Македонскиот тим ќе го сочинуваат Мирко Лазаревски во алпско скијање, Михаела Даноска во крос кантри/биатлон и Јана Куковска во уметничко лизгање, сите тројца стипендисти на Македонскиот олимписки комитет (МОК). „Од Лазаревски и Даноска се очекува висок спортски резултат во Финска, додека Куковска е голем спортски потенцијал во уметничко лизгање од кој се очекува да…
Премиерот Ковачевски на Фејсбук најави дека Владата прави анализи и подготвува нови антикризни мерки како одговор на поскапувањата на енергенсите и цените. „Во тек е подготовка на анализата и можните нови мерки кои треба да се најдат во најскоро време на владина седница. Најголемата економската и енергетска криза во современата историја е во полн ек, но со навремени мерки ќе се погрижиме да го заштитиме животниот стандардот на граѓаните, но и да обезбедиме буџетска поддршка за стопанството и ублажување на ценовните шокови“, пишува Ковачевски. Вечерва со членовите на Економскиот совет разговарале за актуелната економска состојба во време на воената состојба…
Европската Унија треба да прати позитивна визија за регионот. „Визија каде што ќе каже дека сите шест земји може да станат дел од оваа зона на стабилноста, во наредните пет години. И дека ние ќе ги започнеме преговорите со сите шест оваа година’, изјави вечерва Гералд Кнаус, директор на Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ), коментирајќи што треба Унијата да направи за Балканот во оваа ситуација со Украина. Кнаус во интервју за Телма вели дека ако се земе предвид дека целосно членство во наредните пет години е невозможно за овие шест земји, затоа што нема согласност за ова во ЕУ, тогаш…
Во Владата се одржа состанок со членовите на Економскиот совет. На состанокот, со кој претседаваше премиерот Димитар Ковачевски се разговарало за актуелната економска состојба во време на воената состојба во Украина, за сериозните ризици и последици кои таа ги предизвикува и за нејзиното влијание и врз енергетската криза. „На советот беше потврдена заложбата и важноста од носење на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Беа разменети мислења, сугестии, предлози околу потребните мерки што како државна помош треба да бидат земени предвид при креирањето на политиките за ублажување на последиците од најдлабоката криза во современата историја“,…
Рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин денеска бил повикан во МНР, потврдија за НоваТВ од Министерството. Од Министерството за надворешни работи велат дека на амбасадорот Баздникин му била врачена вербална нота поради тоа што Руската Федерација ја стави Северна Македонија на листата на непријателски земји. Владата на Руската Федерација денеска го одобри списокот на странски земји и територии кои, како што се наведува, претставуваат непријателски дејствија против Русија, нејзините компании и граѓани. На списокот покрај Северна Македонија, од регионот се најдоа и Црна Гора и Албанија. Меѓу другите, се и САД, Канада, земјите членки на ЕУ, Обединетото Кралство, Украина…
Резултатите од истражувањето покажале дека само 5% позитивно одговориле дека во Македонија има владеење на правото. „На СДСМ не им сметаа кога и како се објавувани анкетите на кои водеа, ама сега најдоа забелешка на објавувањето на анкетата каде што убедливо губат“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, и додаваат дека анкетата на американскиот институт ИРИ покажува дека само 18% сметаат дека Македонија се движи во позитивна насока. „Анкетата покажува стабилно водство на ВМРО-ДПМНЕ со над 100 илјади гласа разлика и токму поради оваа причина СДСМ бегаат од избори. Опозицијата би била апсолутен победник на таквите избори“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека…