Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Состанок на владиниот Економски совет: Таргетирани мерки за поддршка на стопанството и граѓаните

0
By Biljana on March 7, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 7, 2022 21:38
Во Владата се одржа состанок со членовите на Економскиот совет. 
На состанокот, со кој претседаваше премиерот Димитар Ковачевски се разговарало за актуелната економска состојба во време на воената состојба во Украина, за сериозните ризици и последици кои таа ги предизвикува и за нејзиното влијание и врз енергетската криза.

„На советот беше потврдена заложбата и важноста од носење на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Беа разменети мислења, сугестии, предлози околу потребните мерки што како државна помош треба да бидат земени предвид при креирањето на политиките за ублажување на последиците од најдлабоката криза во современата историја“, информираат од Владата.

Во тек е подготовка на анализата и можните нови мерки кои треба да се најдат во најскоро време на владина седница. На состанокот се разговарало за таргетирани мерки со буџетска поддршка за стопанството со цел задржување на ликвидноста и работните места и за мерки за ранливите категории за ублажување на ценовните шокови.

Владата во изминатиот период донесе низа мерки и обезбеди раст на платите, пензиите како и финансиска поддршка за компаниите. Со преземањето на БЕГ се овозможи континуирано обезбедување топлинска енергија за полесно надминување на предизвиците од економската криза. Ваквите политики дадоа резултат и превенираa посериозни ценовни шокови и со исти политики на одговорно владеење Владата продолжува и понатаму.

Во Економскиот совет учествуваат претставници од академијата, гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, претставници на стопанските комори, одделни претставници на поголемите компании од земјата, на синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор.
Влада РСМ Економски мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.