Author: Biljana

Нов протест на матичните лекари. И утре ординациите ќе работат само за итните случаи. Две недели по првиот протест, матичните доктори и докторите специјалисти од секундарното здравство, утре мирно ќе протестираат во своите амбуланти и нема да работат со пациенти закажани преку „Мој термин“. од Здружението на приватни лекари велат дека нема да излезат на протест, туку ќе седат во своите ординации и ќе работат само со итни пациенти, но и оние кои треба да ја примат ампуларната терапија. Протестот велат доаѓа во знак на револт, откако не се исполнило она што беше праговарано со здравствените власти. „Од министерот за…

Read More

Собранието на денешната седница го разреши пратеникот Фадил Зендели од местото член на Комисијата за избори и именувања.  По тридневна расправа, со 61 глас „за“, Собранието го разреши членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Фадил Зендели. За разрешувањето на пратеникот од Беса, Фадил Зендели, гласаа само пратениците од мнозинството, бидејќи оние од опозицијата по паузата не се вратија во пленарната сала. Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, побара од собранискиот спикер, Талат Џафери писмено да му одговори што се случи со 400 амандмани кои опозицијата ги поднесе, а кои не беа ставени на расправа. За…

Read More

Град Скопје ќе издвои седум милиони денари помош за Украина.  Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, поднесе предлог до Советот, Градот Скопје да помогне со хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари. Оваа одлука за хуманитарна помош е израз на солидарност за граѓаните на Украина зафатени со воениот конфликт. „Живееме во турбулентни времиња соочени со големи предизвици. Никој не сака конфликти и страдања, да се обидеме да помогнеме колку што можеме. Скопје е град на солидарноста и ние скопјани најдобро знаеме колку значи кога ќе пристигне хуманитарна помош кога е најпотребна, особено за лицата кои кои…

Read More

Извршниот одбор на вчерашната седница, го назначи Дарко Каевски за нов портпарол на СДСМ по изборот на Костадин Костадинов за градоначалник на општина Струмица. Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост, а во тек се неговите докторски студии. Дарко Каевски е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Каевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт, претходно работел во приватниот сектор. Во периодот 2018 – 2020 беше претседател на Социјалдемократската младина СДММ. Водејќи се од начелата за одговорно комуницирање, отеченост и транспарентност, портпаролите на СДСМ, Дарко Каевски и Богданка…

Read More

Обновени се летовите на редовната авионска линија Софија-Скопје-Софија. Првиот лет на бугарската авиокомпанија „ГуливЕр“ ќе биде на 26 март 2022 година. Авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник. „Обновувањето на летовите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важен чекор за подобрување на транспортната поврзаност меѓу двете земји. Оваа заложба беше преземена од бугарската влада и веќе е реализирана благодарение на нашето добро партнерство со мојот македонски колега Благој Бочварски“, коментира министерот Николај Шабев, цитиран од неговиот прес-центар. Шабев нагласи дека се работи и на тоа што поскоро да се изгради железничка врска меѓу…

Read More

Најмалку 34 лица загинале, а 285 се повредени, од кои 10 деца, во нападот врз украинскиот град Харков, објави на официјалната Фејсбук страница Главната дирекција на Државната служба за итни случаи на Украина. „Во текот на изминатиот ден непријателот продолжи да гранатира станбени населби при што настрадаа цивили. Цел на гранатирање и артилериски напади покрај Харков, беа и околните села Јакивливка и округот Хорошев“, пишуваат од украинската Државна служба за итни случаи, додавајќи дека спасувачите интервенирале во гасење на 30-тина пожари во станбени згради и приватни објекти предизвикани од гранатирањето. Оттаму велат дека утрово околу 8 часот по локално време,…

Read More

Северна Македонија e подготвена да прифати бегалци од Украина. Ова е еден од заклучоците на денешната седница на Владата.  На предлог на Министерството за надворешни работи Владата денеска на седница ја усвоила Информацијата за состојбата со граѓаните на Северна Македонија во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава. „Согласно одлкуката на Владата, највисоки ресорни институции се задолжуваат во најскоро време да достават информација за расположливите државни сместувачки капацитети со цел подготвеност за евентуална бегалска криза“, појасни на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. Дополнително, додаде тој, на украинските државјани…

Read More

Комисијата за заразни болести ќе препорача укинување на ковид сертификатите за влез во моловите.  Ова го потврди претседателот на Комисијата, др Александар Петличковски кој рече дека укинувањето на ковид сертификатите за влез во моловите е чекор во насока на олеснување на рестриктивните мерки. „Ова е еден чекор во насока на олеснување на рестриктивните мерки, но ќе бидеме многу внималелни во следниот период бидејќи не сакаме да постигнеме негативен ефект. Размислуваме и разговараме како полесно да стигнеме до целосно олеснување на рестриктивните мерки“, рече Петличковски. Мерката нема да важи за влез во угостителските објекти, велат од Комисијата, додавајќи дека мерките ќе…

Read More

Нова методологија на ТИРЗ за поттикнување на инвестиции. Кризата во Украина веќе се чувствува во автомобилската индустрија, а најпознатите автомобилски брендови веќе најавија затворање на своите капацитети на најмалку две недели, рече претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо. Тој вели оти последиците ќе се почувствуваат и во други сектори. „Но, мора да земете во предвид кои се другите индиректни влијанија, цената на енергенсите се зголемува, инфлацијата сакале или не, ќе трае подолго отколку што беше планирано и целата онаа неизвесност околу сентиментот за купување на возила во Западна Европа ќе е ист“, рече Мизо…

Read More

Комисијата за заразни болести ја разгледува можноста за укинување на ковид сертификатите за влез во моловите.  Комисијата за заразни болести ја разгледува можноста за укинување на сертификатите за влез во моловите, која беше донесена во август минатата година. Како што дознава НоваТВ од извори во Комисијата, на денешниот состанок се водела бурна дебата околу оваа тема. Како што дознаваме, членовите на Комисијата, која од неодамна работи во проширен состав, ги разгледувале аргументите „за“ и „против“ ваквата одлука. Конечниот заклучок бил дека најверојатно, Комисијата наскоро ќе достави ваква препорака до Министерството за здравство, Кризниот штаб и Владата. Граѓански здруженија и група…

Read More

Авиокомпанијата „Виз Ер“ обезбеди 100.000 бесплатни авионски карти за украинските бегалци кои преку соседните земји Полска, Словачка, Унгарија или Романија сакаат да стигнат до било која европска дестинација. За таа намена, компанијата веќе обезбедила поголеми авиони и дополнителни летови кон европските земји со цел да го поддржи и да го помогне движењето на бегалците, велат од комапнијата. „Посветени сме да им помогнеме на што е можно повеќе украински бегалци да стигнат до безбедно место, поради што ќе им понудиме 100.000 бесплатни места од пограничните земји и специјални цени за спасување на сите други летови. Веќе видовме големи хуманитарни напори на…

Read More

Тренчевска денеска се сретна со претставници на Синдикатот на УПОЗ. „Јавната администрација ја има нашата поддршка, бидејќи само професионална и задоволна јавна администрација е продуктивна“, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. На средбата со Синдикатот, се разговарало за покачување на платите на административните работници, исплата на регресот за годишен одмор за 2020 година, за бенефициран стаж на давателите на услуги во центрите за социјална работа, и изнаоѓање на начин за репрезентативноста на Синдикатите во колективното договарање. „Социјалниот дијалог и социјалното партнерство мора да постојат, затоа прашањето за покачување на платите во администрацијата, ќе го отвориме заедно. Ние…

Read More