Author: Biljana

„Новиот патриотизам подразбира да се обединиме заедно сите и леви и десни, и христијани и муслимани и атеисти, во идејата за една заедничка иднина“, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се движи со идејата една заедничка Македонија за сите луѓе, каде сите ќе се почитуваат со сите свои желби интереси и потреби. „Во Гостивар се официјални три јазици: македонскиот, турскиот и албанскиот, што е одлична можност да испратиме порака за обединување. Во Македонија е доволно од поделби. Конечно треба граѓаните да се обединат и да застанат…

Read More

Ново зголемување на цените на нафтените деривати. Од полноќ бензините ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, а дизелот останува со непроменета цена во следниот седумдневен период. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи цената на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство да се зголеми за половина денар, а цената на дизелот да остане иста. Согласно новата одлука, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 82,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 84,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по дена од 73,5 денари за литар. Цената…

Read More

Премиерот Ковачевски направи увид во градежните работи на експресниот пат Штип – Кочани.  „Разговорите со Бугарија се водат во духот на европските вредности и задржување на дигнитетот на граѓаните во двете држави“, рече претседателот на Владата, Димитар Ковачевски при денешниот увид во работата на делницата Крупиште – Кочани, од новиот експресен пат кој ќе ги поврзува Штип и Кочани. Прашан околу вчерашната изјава на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, во која бара гаранции од бугарска страна по однос на преговорите помеѓу двете земји, Ковачевски вели дека во Собранието на Северна Македонија веќе е усвоена Резолуција во која се поставени македонските…

Read More

12 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина.  „Можноста за ескалација на состојбата во Украина е се поприсутна. Мапирни се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано. Семејствата на дипломатите се вратени, а дипломатите остануваат таму и обезбедени се услови за функционирање на амбасадата во наредните три месеци“, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, зборувајќи во однос на состојбата во Украина. Османи нагласи дека 12 луѓе веќе ја информирале амбасада дека се вратиле во државата, како и дека минатата недела пуштиле апел да се користат се уште присутните комерцијални летови за да…

Read More

Министерството за култура утре на средба со претставници на Синдикатот.  „Соработката меѓу Министерството за култура и Синдикатот за култура мора да биде на високо ниво, бидејќи сепак мора да функционираме непречено и мораме да ги сослушаме сите“, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која се надева дека на утрешниот состанок со Синдикатот ќе се изнајде најсоодветното решение онаму каде имало пропуст во толкување на тоа што подразбира Законот за недела неработен ден. Таа се надева и дека ќе се постапи најсоодветно за да нема застој во работењето на институциите кои се опфатени со Закон, но сепак, како што рече,…

Read More

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска на панел дебатата за Западен Балкан на Безбедносната конференција во Минхен изјави дека ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат овој регион. Како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, Пахор истакна дека треба да се интензивира процесот на проширување на ЕУ и предупреди на потценување на ситуацијата во регионот. Тој рече дека постојат одредени загрижувачки процеси кои треба брзо да се воочат и да се решат, пренесе агенцијата СТА. Словенечкиот претседател идентификуваше три главни проблематични прашања во моментов – ситуацијата во Босна и Херцеговина, запрениот дијалог Белград-Приштина и блокирањето на…

Read More

САД проценуваат дека Русија има 75 отсто од конвенционалните сили насочени против Украина. Според најновите проценки на американските разузнавачки служби, Русија сега има речиси 75 отсто од своите конвенционални сили насочени против Украина, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник упатен во разузнавачките податоци. Изворот за Си-Ен-Ен изјавил дека концентрацијата на силите на оддалеченост од која може да биде нападната Украина е многу невообичаена и дека тоа е дел од причините поради кои САД веруваат оти Русија е подготвена да изврши напад. Тоа вклучува околу 120 од вкупно проценетите 160 баталјонски тактички групи, кои се наоѓаат во радиус од 60…

Read More

Спасувачките екипи извлекле тело на починат маж од запалениот траект кај Крф.  Припадници на противпожарната служба на Грција попладнево извлекоа безживотно тело на маж од траектот „Euroferry Olympia“, што воедно е и првата жртва од пожарот што избувна во петокот наутро, а продолжува потрагата по останати десет исчезнати патници, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално спасувачките екипи телото го пронашле јагленосано во кабина на камион. Утрово, како што претходно објави МИА, по два дена од избувнувањето на пожарот, по над 50 часа поминати во гаражата на траектот, беше пронајден жив и спасен еден од исчезнати патници, 21-годишен државјанин на…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на францускиот колега Емануел Макрон дека има намера да ги повлече руските трупи од Белорусија штом ќе завршат тековните воени вежби, соопшти денеска кабинетот на Макрон. По телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, француското претседателство соопшти дека изјавата „ќе мора да биде проверена“ бидејќи е спротивна со изјавата на белоруската Влада во која се наведува дека руската војска „ќе ги продолжи вежбите“ по нивниот крај објавен претходно во неделата. Со продолжувањето на маневрите, Москва ќе располага со големи сили во близина на границата со Украина. Макрон и Путин во денешниот телефонски разговор не се согласија…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени биле 3.974 тестови, а регистрирани се 668 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции. Регистрирани сe 887 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Прилеп (80г, 80г и 81г), 2 починати лица од Скопје (78г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (75г) и Струга (60г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително нема…

Read More

Од 1 март Израел ќе дозволи влез за сите странски туристи, без разлика дали се вакцинирани против коронавирусот, соопштија денеска од кабинетот на премиерот Нафтали Бенет. Според соопштението, за влез во Израел сепак ќе бидат потребни два негативни ПЦР теста, едниот направен пред влез во земјата, а другиот по влезот во Израел. Во моментов, само вакцинирани странски државјани смеат да влезат во Израел. „Забележуваме постојано намалување на бројот на заболени од Ковид-19, затоа веќе е време постепено да се отвораат границите кои први во светот ги затворивме“, истакна израелскиот премиер Бенет. Израел првпат ги затвори своите граници за странци во…

Read More

Видео обраќање на премиерот Димитар Ковачевски по учеството на Минхенска безбедносна конференција. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со видео порака го сублимираше и оцени учеството на владината делегација на годинешната Минхенска безбедносна конференција која оваа година по 58 пат собра над 30-тина шефови на држави и влади и највисоки членови на влади и претставници на најугледните меѓународни организации. Ковачевски вели оти на Минхенската безбедносна конференција годинава, Северна Македонија учествувала како рамноправна членка на НАТО и тоа во исклучително турбулентни времиња, а средбите кои ги имал македонскиот државен врв со стратешките партнери биле фокусирани на предизвиците кои…

Read More