Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски не прифаќа лидерска средба условена со предвремени избори – приоритет е справување со енергетката и здравствена криза

0
By Biljana on February 21, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 21, 2022 11:39

Премиерот Ковачевски направи увид во градежните работи на експресниот пат Штип – Кочани. 

„Разговорите со Бугарија се водат во духот на европските вредности и задржување на дигнитетот на граѓаните во двете држави“, рече претседателот на Владата, Димитар Ковачевски при денешниот увид во работата на делницата Крупиште – Кочани, од новиот експресен пат кој ќе ги поврзува Штип и Кочани.

Прашан околу вчерашната изјава на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, во која бара гаранции од бугарска страна по однос на преговорите помеѓу двете земји, Ковачевски вели дека во Собранието на Северна Македонија веќе е усвоена Резолуција во која се поставени македонските позиции.

„Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, веќе реферираше околу текот на разговорите со Бугарија на целодневна расправа во Парлементот. Дополнително, јас и премиерот на Бугарија, Кирил Петков, после сите наши средби, ги споделуваме со јавноста сите детали од тоа што се разговара. Во целиот овој процес е вклучена и ЕУ, бидејќи на крајот преговарачката рамка треба да биде одобрена пд сите земји членки на Унијата“, рече премиерот Ковачевски.

Околу можна лидерска средба со опозицијата, Ковачевски вели оти нема да прифати средба на која единствено ќе се разговара за предвремени парламентарни избори.

„Доколку зборувате за барања за средби со единствена тема на разговор – предвремени парламентарни избори, таква средба нема да има, бидејќи јас не сум човек кој потпаѓа на уцени“, рече Ковачевски и додаде дека сите политички чинители во овој период на криза треба да се насочат со заеднички сили  да се најде решение за енергетската и здравствената криза и како да се излезе од ценовната инфлација која го погоди целиот свет.

Ковачевски е дециден дека Владата во моментов е насочена кон справување со предизвиците наметнати од енергетската и економската криза, а избори вели ќе има во 2024 година.

(Б.Б.)

Димитар Ковачевски лидерска средба македонско-бугарски односи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.