Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Ковачевски: Северна Македонија е потврден партнер во транс-атлантското и европското сојузништво

0
By Biljana on February 20, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 20, 2022 16:07

Видео обраќање на премиерот Димитар Ковачевски по учеството на Минхенска безбедносна конференција.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со видео порака го сублимираше и оцени учеството на владината делегација на годинешната Минхенска безбедносна конференција која оваа година по 58 пат собра над 30-тина шефови на држави и влади и највисоки членови на влади и претставници на најугледните меѓународни организации.

Ковачевски вели оти на Минхенската безбедносна конференција годинава, Северна Македонија учествувала како рамноправна членка на НАТО и тоа во исклучително турбулентни времиња, а средбите кои ги имал македонскиот државен врв со стратешките партнери биле фокусирани на предизвиците кои претстојат на полето на европската и светската безбедност.

„Минхенската конференција пред сѐ, јасно ја демонстрираше целосната и силна обединетост на сите НАТО и ЕУ сојузници и партнери, и го прецизираше фокусот кон заедничко надминување на сите предизвиците поставени пред Европа, САД и светот. На средбите со највисоките претставници на НАТО, ЕУ, Соединетите Американски Држави и со сите останати, ја потврдивме нашата определба за зачувување на безбедноста и стабилноста, како на регионот, така и во светски рамки. Уште еднаш добивме едногласна и моќна поддршка од сите сојузници и затоа остануваме и понатаму силно посветени на евроинтеграциите, нашиот европски пат е трасиран и јасен“, рече премиерот Ковачевски.

Новиот пристап и енергија во разговорите со Софија, според Ковачевски, бил препознаен како правилен и по него треба да продолжиме за конечно да ги надминеме разликите.

„Интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија значи започнување на нова ера на економски напредок, стабилност и развој за нашите граѓани. Од овој пат не смееме да се откажеме. На средбите уште еднаш ја потврдив нашата позиција дека Берлинскиот процес останува приоритет, а на иницијативите како што е „Отворен Балкан“ гледаме како на нов инспиративен поттик за регионалната соработка. Горди сме на остварувањето нашата стратешка цел, целосна интеграција во НАТО и остануваме посветени на реформите и дијалогот кој ќе ни обезбеди европска иднина“, вели Ковачевски во видео обраќање.

Димитар Ковачевски Минхенската безбедносна конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.