Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со директорот на Светска Банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи. На средбата се разговарало за имплементацијата на „Проектот за итен одговор на состојбата со КОВИД-19“ во Северна Македонија со цел да се помогне во намалување на локалната трансмисија на КОВИД – 19 и да ја зајакне подготвеноста на земјата во време на пандемија. Како и обезбедување на поголема заштита на граѓаните од пандемија, да се одговори на итните здравствени приоритети и обезбеди социјална помош за најранливите категории на граѓани во земјата. Министерката Тренчевска истакнала неколку важни точки кои се…
Голем интерес за серолошкото, скрининг тестирање за Ковид-19 кое почна денеска во Скопје. На фотографиите кои ги објави Медиумската информативна агенција може да се забележи како граѓани во редица чекаат пред пунктот каде се врши скрининг-тестирањето кое треба да покаже каков имунитет на Ковид-19 има населението во Северна Македонија. Скринингот се врши по случаен избор. Граѓаните пред да им биде земен примерок од крвта, пополнуваат листа со податоци. Резултатите добиени од скринингот треба да и помогнат на Комисијата за заразни болести во планирањето на идните мерки во борбата против пандемијата. Министерот за здравство Беким Сали, неодамна најави серолошка анализа на…
ЈП Комунална хигиена-Скопје алармира на организирано, намерно расфрлање на отпад во центарот на градот, во доцните ноќни часови. По добиена видео снимка од анонимен пријавител, на која се гледа, како две лица, намерно расфрлаат отпад, реагираа од ЈП Комунална хигиена-Скопје. Директорот Зухди Енуз вели оти на видео снимката може да се забележат поединци како намерно ги уништуваат садовите за одлагање на отпадот и со црни кеси истураат отпад по должина на шеталиштето во центарот на градот. „Мораме да истакнеме дека ваквото недолично однесување и уништување на јавниот имот го имаме забележано на неколку локации низ градот, увидено е дека јавни…
Трошоците на живот во јануари биле зголемени за 1,5 проценти, а цените на мало за 1,2 проценти во однос на декември, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на трошоците на живот е забележан кај кафето, чајот и какаото за 4,3 проценти, рибата и морските плодови за 3,5 проценти, кај свежото овошје за 3,4 проценти, пивото за 2,6 проценти, како и кај виното, минералната вода, газираните пијалоци, соковите, шеќерот, медот, чоколадото и кондиторските производи. Зголемување има и кај централното греење за 14 проценти и електричната енергија за домаќинствата за 9,4 проценти. Намалување на трошоците на животот има кај воздухопловниот патнички…
Социјален дијалог за усогласување на уписните политики за средното стручно образование со цел зголемување на бројот на запишани ученици во средните стручни училишта, поттикнување на компаниите за пракса, но и промоција на дуалните паралелки. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека станува збор за исклучително важен процес кој ќе се реализира во следните 20 дена, заедно со локалната самоуправа и бизнис заедницата. Тој смета дека средните стручни училишта можат повторно да бидат прв избор на средношколците само доколку во овој процес на социјален дијалог директно се вклучат самите општини, локалните компании и средните стручни училишта бидејќи градоначалниците, менаџерите…
Веќе се работи на методологија која ќе овозможи долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски. „Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите е паушален и е даден само поради тоа ВМРО да покажат дека учестуваваат во овој процес, меѓутоа ако овој предлог не се базира на никаква методологија и на никакви анализи, а спротивно на тоа ние веќе работиме на утврдување на методологија која што ќе овозможи одржливо и долгорочно покачување на пензиите бидејќи пензионерите заслужуваат да бидат наградени, односно да имаат достоинствени пензионерски денови, после толку години минат труд и придонес во градењето на…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 725, Куманово – 73, Битола – 67, Кавадарци – 57, Прилеп – 54, Тетово – 45, Велес – 43, Струмица – 32, Кичево – 30, Неготино – 27, Свети Николе – 26, Охрид – 23, Гостивар – 21, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Струга и Крива Паланка – по 11, Ресен – 10, Кочани – 7, Валандово и Крушево – по 5, Богданци – 4, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 3, Берово,…
Од 27 март ќе почне да сообраќа редовната авиолинија Софија – Скопје. Цената на билетот треба да ја одреди сопственикот на компанијата „Гуливер“ со чии авиони ќе се реализираат летовите. Претставниците на скопскиот и софискиот аеродром денеска во Скопје имаа средба со сопствeникот на „Гуливер“ на која присуствуваа и министрите за транспорт и врски на Северна Македонија и Бугарија, Благој Бочварски и Николај Сабев. Како што изјавија Бочварски и Сабев по средбата, двата аеродрома ќе поддржат програма за стимулирање нови летови за авиолинијата Софија – Скопје да не трае само шест месеци како што било во периодот меѓу 2007 и…
Патот до граничниот премин Kлепало е долг само 13 километри. Ако ги добиеме поскоро еколошките дозволи, ќе биде завршен до крајот на годинава, рече денеска бугарскиот министер за транспорт и врски Николај Сабев. Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со својот македонски колега Благој Бочварски, Сабев нагласи и дека на овој премин ќе има само една, заедничка гранична контрола што ќе го олесни, забрза и поедностави движењето на граѓаните. Како што информира Сабев, Бугарија ќе направи напори и за железничко поврзување преку тунелот Деве Баир, односно за што поскоро да се пробие тунелот под преминот и да се овозможи железничкото…
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска имаше средба со заменик-амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Ерик Мејер. Заменик-амбасадорот Mejeр на вицепремиерката Грковска ѝ го честитал стапувањето на новата должност, истакнувајќи ги долгогодишните динамични и пријателски односи меѓу САД и Северна Македонија, како и отвореноста на САД за соработка во спроведување на реформите од значење за унапредување на евроинтегративниот процес на државата, борбата со корупцијата и одбраната. Како што соопшти прес-службата на Владата, вицепремиерката Грковска ја изрази својата благодарност за силната поддршка на националните интереси на Република Северна Македонија од страна на САД, како…
Политичката дебата за ликот и делото на револуционерот Гоце Делчев се префрли и на социјалните мрежи. Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во последната објава на Фејсбук тврди дека професорката од Институтот за национална историја и член на партијата Глас за Македонија, Наташа Котлар-Трајкова стои зад едиција на книги во кои се промовира антимакедонска пропаганда, посочувајќи го родното место на Гоце Делчев, селото Кукуш како “град со чисто патриотско бугарско население“. „Во врска со обвинувањата дека сум направил некаква фотомонтажа, најдецидно тврдам дека во едицијата „Про Македонија“, името на професорката Котлар стои во стручната редакција на најмалку 70 книги кои пишуваат за…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Брнз. Северна Македонија и Соединетите Американски Држави имаат одбранбена соработка што може да послужи за пример како соработуваат две сојузнички земји, но и земји кои се стратешки партнери. Соработката која се реализира повеќе од 25 години ни помогна да ги исполниме стандардите на Алијансата, истакнала министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Брнз. Таа изразила благодарност за американската поддршка за развој на нашиот најголем капацитет за обука и извежбување, армискиот полигон „Криволак“ каде македонски и американски…