Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преку социјален дијалог до поголем интерес за упис во средно стручно училиште

0
By Biljana on February 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 14, 2022 11:50

Социјален дијалог за усогласување на уписните политики за средното стручно образование со цел зголемување на бројот на запишани ученици во средните стручни училишта, поттикнување на компаниите за пракса, но и промоција на дуалните паралелки.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека станува збор за исклучително важен процес кој ќе се реализира во следните 20 дена, заедно со локалната самоуправа и бизнис заедницата. Тој смета дека средните стручни училишта можат повторно да бидат прв избор на средношколците само доколку во овој процес на социјален дијалог директно се вклучат самите општини, локалните компании и средните стручни училишта бидејќи градоначалниците, менаџерите на компаниите и директорите на училиштата најдобро знаат каде треба да се интервенира, за да обезбедат струки барани на пазарот на труд.

„Колку е поуспешна оваа соработка и навреме се утврдуваат реалните потреби, толку побрзо ќе ја постигнеме посакуваната заедничка цел да обезбедиме стручен кадар што недостига, но и да ја зголемиме можноста за побрзо вработување на младите и веднаш по завршувањето на школувањето и нивното останување на местата каде што живеат и да придонесат за економски раст и развој на општните и на државата“, рече Шаќири.

Тој додаде дека пред овој дијалог МОН спреведе прашалник меѓу компаниите за заинтерсираноста да учествуваат во креирање на дуалните паралелки за учебната 2022/23 година.

„На наше задоволство, околу 400 компании ни одговорија на прашалникот, а дури 90 проценти од нив се подготвени да примат ученици на пракса кај нив, со што директно ќе се вклучат во создавање на поквалитетно стручно образование, од кое ќе излезат добро обучени кадри кои се подготвени веднаш да започнат со работниот прцес“, додаде Шаќири.

Тој потсети дека ова е втора година МОН да иницира дијалог на локално ниво во соработка со Швајцарската амбасада и како што рече, покажа успешен резултат во 2020/21 година. Како што рече, бројот на дуални паралелки од 11 се зголемил на 97, со вклучени над 200 компании.

Според министерот, радува и падатокот што од вкупно 10.683 ученици запишани во средното стручно образование во учебната 2021/22 година, 1.400 ученици го избрале дуалното образование. Како што рече, меѓу најбараните струки се машинска, електротехничка, хемиско-технолошката, економско-правната..

Додаде и дека МОН воведе стипендии како дополнителен стимул при избор на средното образование. Учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки се стипеднирани со 3.500 денари месечна стипендија.

Извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев изјави дека уште од 2007 година е јасно оти она што се случува со средното образование и генерално со образовниот систем во државата не одговара на потребите на компаниите. Според него, денес е јасно дека детето е успешно ако веднаш по завршувањето на училиштето најде работа и биде платено за тоа коректно.

„Ве уверувам дека салата следната година ќе биде преполна зошто ќе сакаме да има што е можно повеќе средни училишта, локални самоуправи и компании присутни на овие настани бидејќи така обезбедуваме реална суштински употреблива млада полуцација која ќе има причини да остане во државата“, додаде Пешев.

На новинарско прашање за анализата објавена на Државниот завод за статистика за слабите резултати на учениците од второ и трето одделение, која покажува дека помалку од 50 отсто знаат да читаат и да ги разликуваат боревите, министерот за образование рече дека анализата е од периодот од 2018/19 година, истата е завршена, а сега се фокусирани на подобрување на анализата за 2022 година.

„Тоа е завршена анализа, ние само можеме да дадеме придонес за подобрување преку новиот концепт, со новите процеси на учење. Во периодот на анализата не сме имале онлајн настава, за мене е важно каква ќе биде анализата во 2022 година“, додаде Шаќири.

дуално образование МОН Стопанска комора стручно образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.