Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Линијата 112 на која граѓаните што ќе имаат потреба од итна помош при незгоди од денеска е пуштена во употреба. Првите десетина дена, додека се тестира, ќе биде достапна само на територијата на главниот град Скопје. „Северна Македонија се усогласува со ЕУ каде 112 е единствен повикувачки број. Наместо досегашните 192, 193, 194 и 195, односно полиција, брза помош, противпожарна единица или ЦУК, граѓаните со единствено бирање на 112 може да ја добијат било која услуга односно да добијат помош за било каков итен случај“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и додаде дека за почеток линијата ќе функционира само…
Северна Македонија и Грција ќе ја унапредуваат економската соработка. Република Северна Македонија и Грција со заеднички чекори ќе работат на унапредување на економската соработка и трговската размена, како и заштита на инвестициите. Ова е заклучокот од средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-министерот за економска дипломатија на Република Грција Костас Фрагогијанис, кој е во посета на земјава. На средбата, како што информираат од Министерството за финансии, биле истакнати приоритетните проеки на кои се работи меѓу двете земји, во областа на инфрастуктурата и енергетиката, напредокот во активностите за потпишување билатерален договор за поттикнување и реципрочна заштита на инвестициите и…
Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Славица Грковска задолжена за политики за добро владеење, денеска, во својот кабинет ја прими амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон. Амбасадорката Форсгрен Бенгтсон искажaла уверување дека Северна Македонија останува на агендата за развојна соработка на Шведска, со акцент на билатералната соработка меѓу двете земји во рамки на Договорот за развојна соработка помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска. Шведската амбасадорка ја подвлекла важноста на новата шведска Стратегија за развојна помош 2021- 2027 која ја вклучува и Северна Македонија. Како главни полиња на идната билатерална соработка, амбасадорката ги издвоила зајакнување…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на седницата во Парламентот за избор на заменици-министри. „Ја барам довербата за избор на нови заменици-министри. Останувам доследен на мојот принцип за предлагање компетентни и работливи личности, со интегритет. Уверен сум дека сите ја имаат потребната мотивација посветено да се вложат во имплементацијата на владината Програма којашто Вие ја поддржавте“, рече премиерот Ковачевски. Тој порача на новите заменици-министри дека нивните назначувања на заменик-министерската позиција не значи права, туку обврска и одговорности. „Барам и очекувам ефикасно, навремено и чесно да ја вршите вашата работа. Тоа е обврска на секој владин…
Со 101 глас „За“ пратениците на денешната 62 редовна Седница дадоа зелено светло за предлог измените на Законот за минимлна плата, кој вчера од Владата беше доставен во Парламентот. Предлог- измените пред пратениците ги образложи министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која посочи дека со овие измени на Законот, Северна Македонија станува лидер во Европа по утврдената висина на уделот на минималната плата во просечната кој се предлог законкото решение ќе изнесува 62 проценти. „Со предлог измените на Зконот за минимална плата кој ги предложи Владата, донесени во преговори со социјалните партнери, се предвидува висината на минималната плата…
На Меѓународниот аеродром Скопје утре во 09.40 ќе слета авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што ќе се реализира првиот лет на таа релација. Со авионот во Скопје ќе пристигнат македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега, Николај Шабев, како и туроператори од двете држави. Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратениците на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети коишто ќе…
Зголемувањето на минималната плата како мерка која е дел од владината програма, не значи само еднократен пораст на минималната плата, туку се предлага едно системско и одржливо решение понудено преку новата методологија. „Зголемувањето на минималната плата од 15.200 денари на 18.000 денари е еднократно зголемување на минималната плата со цел да се зголеми учеството на минималната во просечната плата. Но, она што е клучно е дека станува збор за системско решение преку новата методологија за усогласување на минимална плата со 50 % од порастот на просечната плата и 50 % од процентот на индексот на живеење“, рече министерот за финансии…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во телефонски разговор со Дерек Шоле, советник на Стејт департментот на САД изразил благодарност за континуираната поддршка од САД за реализација на стратешките цели на Република Северна Македонија. Разговорот, како што информираат од МНР, доаѓа веднаш по посетата на советникот Шоле на Бугарија, што, нагласуваат, е особено значаен моментум, имајќи го предвид и нововоспоставениот дијалог меѓу Скопје и Софија и преземените чекори во насока на градење на довербата и надминување на предизвиците меѓу двете земји. „Министерот Османи ја истакна значајната улога на нашите американски пријатели за просперитетот и демократските постигнувања на Северна Македонија. Во…
На првата средба на директорите на железничките претпријатија за железничка инфраструктура од регионот се разговара за поврзувањето и за идните планови во делот на железничката инфраструктура. Сите влади од регионот остануваат посветени на изградба и обнова на железничките коридори, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пред првиот состанок на мрежата на компании за железничка инфраструктура од Западен Балкан, што во организација на Секретаријатот на транспортната заедница, се одржува денеска во Скопје. „Сметам дека ова е многу значајна година посебно и за Република Северна Македонија, но и за целиот регион заради тоа што даваме максимални напори и при…
Градот Скопје и општините мора да ја ревидираат својата улога во енергетската криза. Владата ќе ги разгледа барањата, но во економска и енергетска криза, секоја институција мора да понесе дел од одговорноста. Така се демонстрира сериозен пристап и грижа за граѓаните, рече владиниот портпарол Душко Арсовски одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе им помогне на општините и на Град Скопје за сметките за струја и греење. „На Град Скопје и на општините им беше понудено разликата од актуелната до реалната цена за парно греење да се покрие од буџетот во висина од 80 проценти, а со 20 проценти да…
Болно, изнемоштено лице утрово со хеликоптер било евакуирано од селото Галичник и пренесено во ГОБ „8 Септември“. Акцијата била изведена од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со Хеликоптерската единица на МВР, а по повик примен во Центарот за управување со кризи. „Припадниците на специјализираниот алпинистички тим на САЕ Тигар заедно со колегите од Хеликоптерската единица во периодот од 07.00 до 10.00 часот извлекоа жител на село Галичник, а поради снежните навеви на патиштата кон селото, тимот на САЕ„Тигар“ беше принуден да се спушти на локацијата во Галичник, користејќи специјална опрема за спуштање и кревање од хеликоптер. Од страна на…
Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ имаше средба со амбасадорката на Кралството Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон. На средбата се разговарало за приоритетите во работењето на Секретаријатот за европски прашања во наредниот период, резултатите од тековните реформи, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка. Вицепремиерот Маричиќ ги претставил приоритетните активности и изразил уверување дека со лична посветеност и силна заложба ќе работи на унапредување и зајакнување на улогата на Секретаријатот за европски прашања како координативно тело на евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Фокусот бил ставен на билатералната развојна соработка помеѓу двете земји, која традиционално…