Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Работите на пругата кон Бугарија ќе започнат напролет

0
By Biljana on February 9, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 9, 2022 14:40

На првата средба на директорите на железничките претпријатија за железничка инфраструктура од регионот се разговара за поврзувањето и за идните планови во делот на железничката инфраструктура.

Сите влади од регионот остануваат посветени на изградба и обнова на железничките коридори, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пред првиот состанок на мрежата на компании за железничка инфраструктура од Западен Балкан, што во организација на Секретаријатот на транспортната заедница, се одржува денеска во Скопје.

„Сметам дека ова е многу значајна година посебно и за Република Северна Македонија, но и за целиот регион заради тоа што даваме максимални напори и при крај сме со избор на компании коишто ќе започнат со градба на источниот крак на Коридор 8, инвестиција со вредност од некаде 200 милиони евра и е многу значајно за поврзувањето, за ефикасноста во делот на транспортот, за отворање нови можности помеѓу Македонија и Бугарија, но и за целиот регион, а секако и продолжувањето на сите останати прашања во делот на изградбата на третата делница од оваа железничка пруга и секако западниот крак од наша страна и сите прашања коишто се отворени за Албанија и Бугарија во делот на железниците“, изјави Бочварски.

Ова, порача, е многу значајно заради ефикасноста во овој транспорт, заради зелената агенда која што ја имаме и ние како Влада, но и сите влади од регионот. Мора да дадеме до знаење дека ова се големи проекти коишто бараат многу време за проектирање и градба. Но, драго ми е што сите влади од регионот остануваат посветени на изградба и реконструкција и рехабилитација на железничките коридори, нагласи Бочварски.

Според него, и покрај тековните кризи, здравствена и енергетска, има подготвеност и тимови кои ќе работат на изградбата на коридорите.

„Се наоѓаме во моментов во големи кризи и здравствена и енергетска, но активно работиме сите постапки да земат замав. Токму поради тоа и оваа конференција денеска го дава одговорот на ова прашање дека имаме подготвеност, тимови, луѓе коишто работат на изградбата на овие коридори коишто се согласувам дека досега требало да бидат изградени. Подготвени сме кон Бугарија да изградиме 36 тунели и преку 80 мостови за оваа пруга да стане функционална и тоа ќе го направиме без задршка заради тоа што е иднината на регионот – да се поврземе со сите наши соседи. Само како вкупна сума на чинење источниот и западниот крак се во вредност од преку 1,1 милијарда евра инвестиција во делот на Коридорот 8 и тоа сме подготвени да го направиме паралелно со рехабилитациите коишто следуваат на постоечките железнички пруги. Но, работа имаат и останатите земји и Бугарија и Албанија за да се поврзат со нашата земја да биде овој комплетен Коридор за поврзување Исток – Запад“, рече Бочварски.

Работите на првите две делници од пругата кон Бугарија се очекува да започнат напролет, а да бидат завршени во рок од 36 месеци, додека рокот за третата делница е 48 месеци.

„Очекуваме да почне да се гради 2023 година и секако целиот комплекс на Исток и Запад поврзување на железничката пруга и во Албанија и во Бугарија и во РСМ треба да заврши до 2030 година согласно Меморандумот којшто го потпишавме во Софија министрите за транспорт кон крајот на минатата година“, наведе Бочварски.

Благоја Бочварски Коридор 8
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.